Веста за мое апсење е лага и конструкција зад која стојат Струмичкиот Владика Наум и Игуменот Гаврил против кого се води црковно-канонска судска постапка за расчинување, изјави во телефонскиот разговор за Канал пет Преспанско-Пелагонискиот митрополит  и Австралиско -Новозеландски администратор Владиката Петар, информирајќи не, според него, за вистинската причина поради која се пријавил во полицијата по претходна покана да даде исказ за дело во кое бил вмешан игуменот Гаврил.  

Владиката Петар најавува судска постапка за креаторите на овие невистини, како и за оние невистини пласирани во јавноста дека наводно имал Италијански пасош и милионски суми евра во Италијански банки. Убеден е дека сето ова се прави со една цел.

Владиката Петар останува во Австралија каде во сабота ќе присуствува на осветување камен темелник на нова црква во Сиднејската општина Ливерпул, а и за чинот на осветување на нови антимиси по дваесет години служба во црквите под негова јуриздикција во Австралија. 

Датум на објава: среда, 17 август 2016 во 14:00
Мирјана Трпческа
Обновено во: 14:42

коментари

остави коментар