Утре стартува кампањата за парламентарните избори

Даштевски информираше дека училиштата во кои ќе се гласа и на 24 април и на 8 мај,  ќе работат во вторниците, а заклучени ќе бидат само оние простории каде ќе биде сместен избирачкиот материјал. 

На еден ден пред официјалното отпочнување на кампањата за парламентарните избори, најголемиот дел од политичките партиите и коалиции се обврзаа на демократски изборeн процес во кој ќе се почитуваат основните човекови права и слободи, со цел постигнување транспарентни, инклузивни и отчетни избори на 8-ми мај. Со потпишувањето на Кодексот за фер и демократски избори, како што рече претседателот на ДИК, Даштевски партиите се обврзуваат дека ќе го почитуваат етичкиот кодекс и во кампањата нема да користат говор на омраза и секаков вид на дискриминација.

Кодексот го потпишаа 10 партии и Коалиции, меѓу кои сите поголеми, а 7 од помалите парламентарни и вонпарламнетарни политички субјекти или не дојдоа или одлучија да не стават потпис со образложение дека изборниот систем не нуди услови за фер изборна трка.

Во пресрет на стартот на камапњата, ИПИС објави симулација направена врз основа на нивните анкети.. Според неа, најголем број пратеници во новиот парламент се очекува да има коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ меѓу 51 и 54 пратеници, СДСМ од 28 до 30 пратеници, ДУИ од 13 до 17 мандати, коалицијата ВРЕДИ од 11 до 13 мандати, Левица со 4 до 7 и движењето ЗНАМ од 4 до 6 мандати.

Инаку, претсдателот на ДИК Даштевски информираше дека училиштата во кои ќе се гласа и на 24 април и на 8 мај, ќе работат во вторниците, а заклучени ќе бидат само оние простории каде ќе биде сместен избирачкиот материјал.

Битиќи: Не смееме да дадеме шанса ВМРО-ДПМНЕ да ја загрози европската иднина

„Потребно е СДСМ да биде водечкиот глас во Владата и во Собранието, потребно е поради иднината на државата и за зачувување на европските перспективи на идните генерации. “

„Наследниците на Груевски не смеат да добијат преголема моќ, тоа е опасност за европската иднина“, порача на денешните средби со жителите на скопската општина Гази Баба, Фатмир Битиќи, потпретседател на СДСМ и ко-носител на листата на кандидати за пратеници на Коалицијата за европска иднина во Изборна единица 2.

Тој порача дека не е време за откажување, за кревање на рацете од битката за Македонија и затоа на 8-ми мај треба да се спротивставиме на желбите за изолација.

„Мораме да се сплотиме за да ги одбраниме нашите европски вредности и да ја одбраниме нашата држава од разорните политики и желбата за изолација на наследниците на десничарскиот режим на Груевски“, рече Битиќи.

Потпретседателот на СДСМ, Битиќи предупреди дека доколку се дозволи на парламентарните избори да се врати нереформираното ВМРО-ДПМНЕ, ќе треба многу време за земјата повторно да се врати на вистинскиот пат.

„Секој од нас има важна улога во обликувањето на судбината на државата, никој не е изоставен од одговорноста. На 8-ми мај секој глас еднакво се брои. Секој глас нема да биде само заокружување на број, туку влог во наследството кое ќе го оставите зад себе“, порача на жителите на оваа скопска општина, во населбата Железара, Битиќи, воедно нагласувајќи дека грешките во владеењето може да се поправат, но поделбите предизвикани од национализмот не се надминуваат лесно.

Битиќи посочи дека СДСМ има јасна програма и план со кои ќе ѝ донесе добро на Македонија.

„Гласот за ВМРО-ДМНЕ не ѝ носи добро на Македонија, а само со заокружување на бројот еден може да одиме напред и да изградиме подобра држава за нашите деца, држава во која тие ќе сакаат да живеат. Може да нè казните, но истовремено ќе ги казните и сопствените деца. Краткорочната казна за прогресивните политички сили ќе има долгорочни последици. Затоа, потребно е силно СДСМ во Собранието“, порача Битиќи, се наведува во партиското соопштение.

Турчин избодел граничен полицаец во Ерусалим, по кавгата бил застрелан на самото место

Турски државјанин денеска во Ерусалим избодел израелски граничен полицаец, по што полицајците го убиле на лице место, соопшти израелската полиција.

Граничниот полицаец е полесно ранет, јави Ројтерс.

Полицијата го идентификуваше напаѓачот како 34-годишен државјанин на Турција.

„Терорист вооружен со нож пристигна во Стариот град на Ерусалим, нападна граничен полицаец и го избоде“, се вели во соопштението на полицијата.

Ранетиот полицаец и уште еден полицаец на местото на настанот се степале и го застрелале напаѓачот, кој подоцна бил прогласен за мртов, се додава во соопштението.

Тејлор Свифт нема да се појави на престижната Мет Гала, позната е причината

Тејлор Свифт не доаѓа на Мет Гала, која се одржува на 6 мај, потврдија за магазинот People.

И покрај информациите дека ќе биде на Мет Гала, поп-ѕвездата сака да се фокусира на својата претстојна европска турнеја. Нејзиниот фокус се пробите и подготовките за турнејата, која започнува на 9 мај во Париз, а потоа се шири во остатокот од Европа во текот на пролетта и летото.

Свифт веќе шест пати присуствувала на престижниот моден настан.

Овој месец Тејлор го издаде албумот Tortured Poets Department, кој веднаш стана апсолутен хит. Нејзиниот албум доби милијарда слушања на Spotify за само една недела.

За потсетување, зад Мет Гала стои Ана Винтур, долгогодишната уредничка на американскиот магазин Вог. Секоја година бројни познати личности се собираат и шетаат на црвениот тепих на музејот Метрополитен во Њујорк, а фокусот секогаш е на нивните креации.

притисни ентер