Убавата Ирина Шајк во потрага по ново момче!?

Руската убавица Ирина Шајк во последно време дефинитовно нема среќа во љубовта.

По разводот со актерот Бредли Купер, со кој има ќерка, убавата манекенка стапи во врска со познатиот НФЛ играч Том Брејди, но и таа врска не траеше долго и „пукна“, па сега Ирина е во потрага по ново момче.

Сексапилната манекенки наводно бара некој кој е познат, убав и има пари, изјави извор за „PageSix“.

Сепак, не е лесно Ирина Шајк да го пронајде вистинското момче кое ќе ги задоволи сите нејзини критериуми.

"Таа бара дечко, но има малку луѓе со кои излегува. Потребни ѝ се познати, згодни и богати.

Колку се такви, пет, десет", рекол извор кој сугерира дека новиот дечко на Ирина би можел да биде големиот холивудски заводник, актерот Том Круз, која неодамна раскина со атрактивната Русинка Елсина Каиров.

Општина Крива Паланка додели по 3000 денари за секој матурант од градот

Денеска сите 134 матуранти од средното училиште во нашиот град ги добија финансиските средства.

Во пресрет на матурската прослава на средношколците од завршните години од средното општинско училиште "Ѓорче Петров", Крива Паланка, денеска им беа доделени по 3.000 денари еднократна сума средства од општинскиот буџет преку мерката за поддршка на млади, воведена минатата година.

-Како убава честитка по повод матурирањето, денеска сите 134 матуранти од средното училиште во нашиот град ги добија финансиските средства од една од мерките за поддршка на младите. Ова е втора генерација матуранти кои од буџетот на Општината добиваат по 3.000 денари, еднократна парична помош во пресрет на матурската прослава. Младите се во фокусот на работата на општината, младите се иднината, а нивните успеси се наша заедничка радост, истакна градоначалникот на Општина Крива Паланка, Сашко Митовски.

Матурското дефиле низ главната улица, централниот настан во организација на општината наменет за генерацијата матуранти 2020-2024 на градскиот плоштад и забавата за нив ќе се одржат во четврток, 16 мај 2024.

Од Општина Крива Паланка посочуваат дека со новововедените програмски мерки за млади, втор година по ред се овозможува и финансиска поддршка на сите првачиња, 3.000 денари, младите имаат можност да аплицираат за субвенции од општинскиот буџет за набавка на лаптоп или компјутер, субвенции за купување велосипед, по 5.000 денари се доделуваат еднократно за секое новороденче од Крива Паланка, младите брачни парови можат да аплицираат за субвенции за набавка на количка за бебиња, субвенции се достапни и за превоз на студенти, а исто така општината воведе и бесплатно користење термини на спортските терени во градот за младите.

Сите мерки што се воведени и усвоени од страна на Советот на Општина Крива Паланка се објавени и јавно на општинската веб-страница www.krivapalanka.gov.mk, а за информации е достапно и лицето задолжено за спроведување и реализација на истите, службеникот за млади во локалната самоуправа на општината.

АЕТМ: Лани граѓаните за онлајн купување потрошиле 573,4 милиони евра

Најмногу е-трансакции кон Холандија

Македонците минатата година со своите платежни картички во странство потрошиле 573,4 милиони евра од кои 34 отсто или 195,6 милиони евра потрошиле онлајн, купувајќи производи и услуги посебно поврзани со патувања и трансакции за авио-билети и резервации на хотели онлајн. Ова го покажуваат податоците од Народната банка што ги анализираше Асоцијацијата за е-трговија на Македонија (АЕТМ).

Во однос на 2022 година Македонците за купување производи и услуги со платежни картички кон странски е-трговци во 2023 година потрошиле 25,3 отсто повеќе. Бројот на е-трансакциите кон странските земји изнесува 4.6 милиони, а просечната трансакција 43 евра. Вкупно 72 отсто од вредноста и 80 проценти од бројот на направените трансакции се во Холандија, Обединето Кралство, Унгарија, Ирска, САД, Луксембург. Грција и Германија.

Mакедонците во 2023 година потрошиле најмногу пари во Холандија (27,5 милиони евра), додека во Луксембург направиле најголем број на трансакции (890 илјади). Највисока просечна вредност на е-трансакција Македонците оставриле во Унгарија односно 144.3 евра, додека во Луксембург Македонците направиле најниска просечна трансакција, 11,7 евра.

Најмногу трансакции се направени кон Холандија, Обединето Кралство и Унгарија и оствариле вредност од 77 милиони евра, што преставува 39% од вкупно остварената вредност онлајн во странство. Истото е очекувано ако се има предвид дека од овие земји потекнуваат Booking.com (Холандија), Amazon UK, ASOS (Велика Британија) и WizzAir (Унгарија), додека највисокиот оставерн број на трансакции од Македонци во Луксембург се должи на тоа што во Луксембург се регистрирани европските филијали на Amazon и АliExpress преку кои се одвиваат трансакциите за најголемиот дел од европските земји, без Велика Британија.

-Растот остварен во 2023 година во однос на минатата година изнесува 25% наспроти 46% во 2022 година спрема претходната. Притоа минатата година спрема земјите од каде што се букираат патувања и хотели имаше висок пораст, на пр. кон Холандија (114%) и Унгарија (82.4%), а во 2023 година истиот е забавен и изнесува 41.5% и 21.6% соодветно во однос на 2022 година. Најголем пораст во 2023 година од земјите кои сочинуваат 72% од вкупната вредност остварена со македонски картички кон странски е-трговци е остварен кон Грција (81.6%). Онлајн купувањето кон странски платформи, без разлика дали е тоа за производи или за резеравции во хотели може да влијае позитивно и за домашните е-трговци со оглед дека се работи за менување на навики и зголемено користење на онлјан купување воопшто. Од друга страна зголемената побарувачка ќе ги стимулира домашните трговци да ја зголемуваат и унапредуваат понудата и целокупното онлајн искуството за купувачите, вели претседателката на АЕТМ, Нина Ангеловска.

Согласно објавените податоци од Народната банка, странски иматели на платежни картички за купување производи и услуги од македонски е-трговци во 2023 година потрошиле 26.8 милиони евра, што во однос на минатата година претставува пораст од скоро 23%. Остварената вредност странските онлајн купувачи ја направиле во 852.3 илјади трансакции или просечно потрошиле 31.4 евра по трансакција. Од вредноста на вкупно направените трансакции од странци кон македонски е-трговци во 2023 година 50% припаѓаат на иматели на платежни картички од 8 земји. Скоро 4 милиони евра или 18.5% од вредноста на трансакциите се направени од иматели на платежни картички издадени во САД, потоа 2.6 милиони евра или 9.7% од Швајцарија и 1.7 милиони евра или 6.2% од Обединетото кралство. Потоа следат германските иматели на картички кои направиле 5.6% од онлајн трансакциите, Турција со 4%, и Ирска и Бугарија 3% од вредноста на онлајн трансакциите.

Најголем пораст на бројот како и на вредноста на направените онлајн трансакции од странски иматели на платежни картички во 2023 година во однос на претходната година е остварен од Ирска, додека највисока просечна трансакција е направена од Бугарија во износ од 43 евра. /МИА

„Опен-АИ“ со новости околу „Чет-ГПТ“

Компанијата „Опен-АИ“ ја претстави најновата надградба на својата технологија на којашто се заснова чет-ботот со вештачка интелигенција, „Чет-ГПТ“.

Новата технологија се нарекува „ГПТ-4о“ и ќе биде достапна за сите корисници на „Чет-ГПТ“, вклучувајќи ги и оние лица кои не се претплатници. Овој модел е побрз од претходните и е програмиран да нуди и одговори коишто звучат „зборлесто“, па дури и „флертувачки“. Новата верзија ќе може и да чита и „да зборува“ за фотографии, да преведува текст од различни јазици, да идентификува емоции од визуелни изрази, а како и претходните верзии, и оваа ќе може да ги „помни“ претходните показатели.

Дополнително, сега нема да има чекање меѓу поставувањето прашање кон ВИ и добивањето одговор.

За време на демонстрацијата во живо, користејќи ја гласовната верзија на „ГПТ-4о“, ВИ понуди предлози како човекот да реши едноставна равенка напишана на лист хартија наместо самата таа да ја реши. Чет-ботот може, анализирајќи компјутерски текст, да преведува од италијански и англиски јазик и да ги толкува емоциите на фотографија од насмеан човек.

На комплимент со топлиот американски женски глас на хостесата, чет-ботот одговори: „Престани, ќе ме засрамиш“.

Сепак, ВИ-технологијата сѐ уште не е совршена: Хостесата во еден миг ја замени сликата со насмеаниот човек со дрвена површина и почна да решава равенка којашто не му била покажана на чет-ботот. Ова ненамерно покажа дека забуни сѐ уште има и потребно е време за тие да се отстранат и чет-ботите да бидат поточни и побезбедни.

Сепак, и покрај недостатоците, кога сѐ ќе се земе предвид, се чини, „Опен-АИ“ сѐ уште е пред конкуренцијата, велат познавачи.

притисни ентер