Тренчевска: Ветувањето на ВМРО-ДПМНЕ за пензиите ќе го дестабилизира пензискиот систем

Таа рече дека не треба да се користат вакви, како што нагласи, популистички мерки, што би довеле до дестабилизација, па дури и уништување на системот на пензиско.

ВМРО-ДПМНЕ да не користи популизам кога е во прашање зголемувањето на пензиите, бидејќи нивното ветување ќе го дестабилизира пензискиот систем, порача денеска дополнителната заменичка министерка за труд и социјална политика во техничката Влада, Јованка Тренчевска прашана за коментир на најавата на ВМРО-ДПМНЕ, за линеарно зголемување на пензиите за пет илјади денари.

- Кога се формираше Владата предводена од СДСМ во 2017 година, наследивме дефицит во системот на пензиско, тоа што државата преку централниот буџет го дава во Фондот за пензиско, беше 48 проценти. Во 2024 година, со домаќинско работење, тој дефицит е намален на 32,5 проценти. Ова говори за стабилност на Фондот, со тенденција тој дефицит да оди многу подолу. Со линеарното зголемување од по пет илјади денари што го најавуваат од ВМРО-ДПМНЕ, според проценките што ги направивме со Фондот претходно, дефицитот за една година ќе се качи на 52 процента. Тоа би значело нестабилност на Фондот и со тек на време, да биде доведена во прашање навремената исплата на пензиите, подвлече дополнителната заменичка во МТСП.

Таа рече дека не треба да се користат вакви, како што нагласи, популистички мерки, што би довеле до дестабилизација, па дури и уништување на системот на пензиско.

- Затоа што не може Фондот за пензиско да генерира толку многу приход, дури и преку намалување на сивата економија, како што најавуваат. Состојбата на пазарот на труд ја знаеме, нема доволно работници за да се вклучат во пазарот на труд, за да може да се зголеми приходот во Фондот. Но, колку и да се зголеми, дефицитот сепак ќе оди многу нагоре, предупреди таа.

Таа ги отфрла тврдењата на техничкиот министер за труд и социјална политика Ѓоко Велковски дека на над 2 200 лица незаконски им се исплатени средства за социјална помош и пензија и истакнува дека не се стекнале со право што не го заслужиле.

- Најодговорно информирам дека не постои ниту криминал ниту злоупотреба, ниту пак неодговорно работење на вработените во центрите за социјални работи, истакна Тренчевска.

Софтверот што се користел, како што рече, бил од 2011 година и била оправдана неопходноста од нов, за подобро работење и подобра услуга и намалување на сите можни злоупотреби.

Заседание на Советот за земјоделство и рибарство на ЕУ во Луксембург

Со Советот за земјоделство и рибарство ќе претседаваат белгискиот вицепремиер и министер за земјоделство Давид Кларинвал, чија земја е актуелен претседавач со ЕУ, и еврокомесарот за земјоделство Јануш Војчеховски. 

Состојбата во европскиот земјоделскиот сектор, влијанието на надворешната трговија врз земјоделството во ЕУ и имплементацијата на Заедничката земјоделска политика ќе бидат главни теми на средбата на министрите задолжени за земјоделство и рибарство на земјите членки на блокот што денеска ќе се одржи во Луксембург.

Со Советот за земјоделство и рибарство ќе претседаваат белгискиот вицепремиер и министер за земјоделство Давид Кларинвал, чија земја е актуелен претседавач со ЕУ, и еврокомесарот за земјоделство Јануш Војчеховски.

За време на работниот ручек предвидено е европските министри да имаат неформална дискусија посветена на стратешкиот дијалог во земјоделскиот сектор на ЕУ.

Дополнително, на Советот за земјоделство и рибарство ќе стане збор за значењето на биоекономијата, како и за Регулативата посветена на контролата на рибарството.

Состојба на патиштата

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. 

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

ЦУК: Осум пожари на отворено во изминатото деноноќие

Во последното деноноќие се евидентирани осум пожар на отворен простор, а активни утрово нема. Горела ниска вегетација, депонии и ѓубришта, соопшти ЦУК.

По еден пожар на отворено имало во село Трубарево (ниска вегетација), зад терминалот на влезот во Струмица (ѓубриште) и кај пробиштипското село Неокази (трска). Во Општина Ѓорче Петров имало два, кај „Стопански двор“ (ниска вегетација) и кај „Обиколница Волково“ (ниска вегетација). Три пожари на творено имало во Општина Кочани - горела градската депонија, кај месноста „Монополски Бавчи“ (ѓубриште) и кај местото „Игралиште“ во Кочани (ѓубриште).

притисни ентер