Тимот од Милано му нуди на аргентинскиот напаѓач поголема плата за два милиони евра, односно би заработувал шест и пол милиони и тоа без бонуси, кои би можеле да го зголемат износот на осум милиони евра.

Со новиот договор би се зголемила и клаузулата за отштета од сегашните 90 на 150 милиони евра.

Имено, раководството на Интер стравува дека Икарди ова лето би можел да ја активира клаузулата и да се пресели во некој од големите клубови кои го бараат, меѓу кои се споменуваат и Реал Мадрид и Манчестер јунајтед.

Неговата сопруга, која воедно му е и менаџер, Ванда Нара, бара од Интер плата од „сигурни“ седум милиони плус милион евра бонус. Доколку биде потпишан ваков договор Икарди ќе стане најплатениот играч во италијанското првенство и ќе ја надмине сумата од по седум милиони евра што ја добиваат неговите сонародници Гонсало Игуаин и Пауло Дибала од Јувентус.

Икарди оваа сезона на 24 натпревари постигна 18 голови.MИА.

Датум на објава: среда, 14 февруари 2018 во 20:44
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар