Австриецот пред својата над педесет илјадна публика во австрискиот ски-центар Шладминг, одржана вечерва, триумфираше во слаломската трка.

Хиршер по двете возења оствари вкупно време од една минута 43,56 секунди, што беше за 39.стотинки побрзо од големиот конкурент, Норвежанецот, Хендрик Кристоферсон кој пред три дена ја прекина победничката низа од седум триумфи на Хиршер.

Третото место вечерва му припадна на Пвајцарецот, Даниел Јул кој имаше две секунда и 13 стотинки послабо време од победникот. 

За Хиршер ова беше девета победа сезонава, а вкупно 54-та победа во кариерата со што се израмни со неговиот сонародник Херман Мајер на вечната листа, на скијачи со најмногу победи во Светскиот куп. На првото место на оваа листа засега е неприкосновениот Швеѓанец, Ингемар Стенмарк кој во кариерата има остварено 86 победи./MИА

Датум на објава: вторник, 23 јануари 2018 во 22:35
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар