- Доколку некој пред една година изјавеше дека Рафаел Надал и Роже Федерер ќе се вратат во тенискиот врв, никој немаше да му поверува. Но, сметам дека нивниот квалитет и желбата за игра го направи тоа. Мислам дека тие се гладни за освојување на титули. Федерер е фаворит за освојување на годишнашниов Австралија Опен, додека кај жените не можам ништо да кажам, изјави Бекер.

Тој очекува успешно враќање на неговиот поранешен играч Новак Ѓоковиќ, откако српскиот тенисер повеќе од шест месеци паузираше поради повреда.

Првиот Грен слем турнир годинава Австралија Опен се игра во Мелбурн од 15 до 28.јануари./MИА

Датум на објава: среда, 10 јануари 2018 во 21:11
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар