Ристевски: Пендаровски ќе „падне“ на историски ниско ниво

„СДСМ е мометнално партија која се распаѓа“

Пратеникот ваков таков влече легитимитет од народот. Министер е човек кој што е поставен на функција благодарение на неговиот лидер и на политичкиот субјект. Кога сте предолго на една позиција и професионалното не ви е во преден план, станувате заблуден, дека си поважен од што сите и си придаваш на значење на својот аспект „јас одлучив-јас направив“. Ако го немаш тимот и сто професионалци од кои зависиш, и тие кои се во машинеријата не си ги завршат своите дневни обврски, не можеш да мрднеш. СДСМ почна да тоне кога одлучи да прави Влада уште во 2017 година. Во 2020 година во оние корона избори, ДУИ од 10 пратеници претходно се крена на 15,а СДСМ од 49 пратеници по „шарената“ револуција, паѓаат на 46 и тоа 4 пратеници се на БЕСА. СДСМ е мометнално партија која се распаѓа. Таравари и Османи ќе варираат со околу стоилјади гласови, а Пендаровски ќе „падне“ на историски ниско ниво, рече Александар Ристевски во Само Вистина.

Милан се откажа од Лопетеги по протестите на навивачите

 Хулен Лопетеги нема да го води Милан. Шпанскиот стручњак беше фаворит за функцијата главен тренер на „Росонерите“. Неговата кандидатура ја одобри сопственикот на клубот Џери Кардинале. Страните разговараа за договор на 3 години.

Сепак, според „La Gazzetta dello Sport“, миланезите одбиле да го поканат Лопетеги по протестите на навивачите. Петицијата со хаштаг #Nopetegui (Нопетеги) ја потпишаа повеќе од 10 илјади луѓе за 48 часа.

Милан наскоро ќе ја продолжи потрагата по нов тренер. Условите се: да развива млади играчи, да има меѓународно искуство и да соработува со раководството на клубот при донесување одредени одлуки.

Сегашниот тренер на Милан, Стефано Пиоли по завршување на сезоната ќе го напушти клубот поради незадоволителни резултати.

Стапката на невработеност во Германија изнесува 5,9 отсто

Невработеноста во Германија сè уште е на највисоко ниво од мај 2021 година.

Сезонски прилагодената стапка на невработеност во Германија во април изнесуваше 5,9 отсто, што е исто како и во претходните четири месеци, а бројот на невработени се зголеми месечно за 13.000 на 2,732 милиони, соопшти денеска германската Сојузна агенција за труд.

Невработеноста во Германија сè уште е на највисоко ниво од мај 2021 година.

Највисока невработеност традиционално е забележана во германските сојузни покраини Бремен и Берлин, а најниска во Баварија и Баден-Виртемберг.

За априлската статистика, Агенцијата користела податоци кои биле достапни до 15-ти во месецот, пренесува порталот Wirschaftsvohe.

„На пазарот на трудот сè уште му недостига силна поддршка на економијата, така што пролетното закрепнување останува слабо“, изјави членот на управниот одбор на Агенцијата, Даниел Терзенбах.

Побарувачката за работници исто така благо опаѓа, но и натаму е на многу високо ниво.

Агенцијата за труд во април регистрирала 701.000 слободни работни места во Германија, што е за 72.000 помалку од пред една година.

Ново бебе алпака во скопската Зоолошка градина

Ново бебе алпака може да се погледне во скопската Зоолошка градина, информираат денеска оттаму, преку социјалната мрежа „Фејсбук“.

- Нашата алпака Фелиција стана мама по вторпат. Дина, која се роди во 2021 година, деновиве доби сестричка. За малото бебе се грижи целата фамилија на алпаки, пишува во објавата на социјалната мрежа.

Во Зоолошката градина во Скопје, овој месец се роди и двогрба камила од фамилијата Бактријан.

притисни ентер