Путин се фокусира на миграцијата за да ја дестабилизира Финска, нагласи Фон дер Лајен

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен денеска нагласи дека Русија сега ги фокусира своите хибридни напади врз соседна Финска, користејќи мигранти за да се обиде да ја дестабилизира таа држава.

Нордиската земја ја затвори својата источна граница во средината на декември, откако речиси 1.000 мигранти пристигнаа без виза преку нејзините гранични премини со Русија од август.

Двата соседа делат 1.340 километри граница, а Хелсинки рече дека порастот на баратели на азил е организиран од Русија, обвинение што Москва го негира.

„Од хибридниот напад што Белорусија го започна во ноември 2021 година против Летонија, Полска и Литванија, сите знаеме како Путин и неговите сојузници ги инструментализираа мигрантите да ја тестираат нашата одбрана и да се обидат да не дестабилизираат. Сега Путин се фокусира на Финска“, изкави Фон дер Лајен.

Таа говореше по средбата со финскиот премиер Петри Орпо во финскиот град Лапеенранта, околу 30 километри од руската граница, каде разговараа за тоа „што можат Финска и ЕУ да направат за да спречат инструментализирана миграција кон источната граница на Финска“, се вели во соопштението./МИА

Барселона подготвува трансфер удар

Барселона планира да го ангажира 22-годишниот Пау Виктор од Жирона на лето по успешната сезона на десно крило како позајмен во вториот тим на клубот.

Каталонскиот гигант има опција да го купи шпанскиот фудбалер за 3 милиони евра, кои имаат намера да ги искористат, пишува шпанскиот весник „Мундо Депортиво“, но додаваат дека клубот се уште не е запознаен со какви средства ќе има за трансфери на лето.

Пау Виктор е водечки стрелец за Барселона Атлетик и беше повикан на пет од натпреварите на првиот состав предводен од главниот тренер Чави Ернандез. Тој не забележа минутажа во првиот тим, останувајќи на клупата./МИА

Битиќи: ВМРО-ДПМНЕ не е спремна за јасни интеграции

„Доблест е да се прими пораката,а со тоа и да се промените откако сте ја примиле“

Ако има еден политичар кој што покажал прифаќање на различностите, тоа сум јас. За разлика од ВМРО-ДПМНЕ и кандидатката за претседател Сиљановска, која што дури и името во Собрание името ми го чита како Сречко, ксенофибијата и е до ниво што и пречи и да види документ на Албански јазик. Мојата досегашна работа покажува дека доблест ми е поддршка на различностите. Не видовме програмска определба, освен дека на слоганот стои „Македонија повторно твоја“, тоа значи дека ВМРО-ДПМНЕ не може да се одтргне од албанофобијата и кзенофобијата. Треба да пазите кога зборувате за „твоја“, туку наша. Го осудивме и однесување на ВМРО-ДПМНЕ и на ДУИ за меѓусебните препукувања, по кои се билдаат меѓусебните рејтинзи, а не се нудат решенија, рече Фатмир Битиќи во Само Вистина.

Мурињо посочи тројца фаворити на ЕП 2024

Жозе Мурињо именуваше три селекции за кои верува дека можат да го освојат претстојното Европско првенство во Германија. 61-годишниот тренер е без работа од јануари кога доби отказ од Рома.

-Според мене, трофејот ќе го освои некој помеѓу Португалија, Франција или Англија. Ова се трите најсилни селекции. Можни се изненадувања, да. Гледајќи ги квалитетите на играчите, мислам дека Португалија може да оди во финалето со идеја да замине со златото, изјави португалскиот стручњак.

Тој неодамна откри дека двапати ја одбил понудата да ја преземе репрезентацијата на својата земја.

-Вратата на Португалија ми беше отворена двапати. Првиот пат беше кога бев во Реал Мадрид. Тогаш претседателот Флорентино Перез ми рече дека е невозможно да заминам, па јас го прифатив тоа. Вториот пат беше неодамна кога сè уште бев во Рома. Дали се каам за вториот случај? Не, не ми е жал. Не ми е жал поради причината што не прифаќам. Сега ќе играме на ЕП со селектор (Роберто Мартинез) кој заврши одлична работа и има одлична генерација играчи, додаде Мурињо. /МИА

притисни ентер