Проф д-р Катерина Тодоровска: Документите за историјата на македонската држава да се заштитат

Кандидатката за пратеник во ИЕ 1 во Собранието на Македонија на претстојните парламентарни избори,  од редовите на Движењето ЗНАМ – За наша Македонија, проф. Д-р Катерина Тодоровска, денеска одржа прес конференција.

Кандидатката за пратеник во ИЕ 1 во Собранието на Македонија на претстојните парламентарни избори, од редовите на Движењето ЗНАМ – За наша Македонија, проф. Д-р Катерина Тодоровска, денеска одржа прес конференција, на која се задржа на тоа зошто Движењето се определило во своите основни документи да ги стави Илинден и АСНОМ.

Таа рече дека современата македонска држава е формирана благодарение на вековната борба на македонскиот народ и останатите жители, за самостојна држава, каде би биле свои на своето. Тодоровска објасни дека во историјата постојат формално, пишано, и неформално, непишано, право, како што го толкуваат историчарите.

„Создавањето на државите, без исклучок, во историјата се одвивало врз основа на стекнато право коешто ние го третираме како непишаното право.

Тоа значи дека еден народ може да се повика на историско право за создавање на нова и опстојување на новата држава само врз основа на два принципа. Првиот е принципот на континуитет, т.е. доколку некој народ во минатото имал сопствена држава со сите законски и правно регулирани перформанси. Вториот е принципот на крвта, т.е. колку крв е пролеана за таа територија, за тој народ“. Тодоровска рече дека ние како Македонци не можеме да се повикуваме по првиот принцип, бидејќи сме немале некоја царска лоза помогната од странски династии како што е тоа случајот во создавањето на државите на нашите соседи, а што се однесува до вториот, принципот на крвта, Илинденското востание и АСНОМ се најголемите и најкрвави показатели за потребата на македонското население да биде самостојно и е подготвено да се жртвува за својот сон - своја држава. За тоа, како што рече таа, сведочи и фактот што ниту една од странските држави не се потрудила ниту да помогне, ниту да ја смири состојбата кога цели села во крушевско по Илинден, заедно со жителите биле пеплосувани. Тодоровска додае дека Крушевската република и нејзниот Манифест се одраз и израз на најдемократска политичка творба во почетокот на 20. век. Следната жртва на македонскиот народ се годините од народно-ослободителната војна 1941-1944 година, која била крунисана со АСНОМ и неговите одлуки.

Благодарение на АСНОМ биле донесени шесте најважни документи за формирање на македонската државна единица, меѓу кои и Решението за прогласување на АСНОМ за Врховно Законодавно и Извршно Народно претставничко тело, како и Прогласот на Првото заседание на АСНОМ до македонскиот народ и до целото население кое живеело во македонската држава.

„Документите за историјата на македонската држава од 12 век наваму, а со тоа и најзначајните документи од Илинден и АСНОМ се чуваат во Државниот архив. За жал таа бесценета документација денес е сместена во несоодветни услови, нешто што ќе бара итна реакција на новата власт за нејзино враќање во наменската зграда. Сите ние што знаеме дека историјата е учителка на животот, но и патоказ за иднината, знаеме и колкава е важноста на бесценетата документација која говори за македонското минато во креирањето на иднината на македонската драва.

Затоа како совесни чувари на македонското минато, ние имаме обврска да ги зачуваме, покрај другите, и документите од овие два грамадни историски столбови на македонската историја, Илинден и АСНОМ“, рече Тодоровска и додаде дека Програмата “Проглас за достоинствена Македонија” на Движењето ЗНАМ – За наша Македонија се залага за обезбедување на патот од минатото кон иднината, вложувајќи се максимум за Македонија, преку максимум заштита на историските корени и националните интереси на македонската драва.

Запрашана зошто сега се покренува ова прашање кога со уставните измени при промената на името делумно се редефинираше прогласот од АСНОМ, кои се позициите и што се бара, Тодоровска одговори:

„Едно е да се редефинира, друго е историја. Иторијата не трпи редефинирање, не трпи туширање. Најмалку пак трпи произволност. Она што е многу битно сега е да си ја заштитиме нашата документација. Да ги заштитиме сите темелни документи коишто ги имаме. Доколку се отвора Уставот треба да се говори многу искрено и многу отворено за сите прашања и сите грешки коишто се направени. Она што досега нам, како на историчари, најмногу ни пречи е ставот на партиите коишто имаат едно чувство дека се непогрешливи. Непогрешливоста не постои секој од нас може да згреши, но секој од нас треба да си ја признае грешката, да си ја исправи грешката и на крајот ние сме сите менливи и минливи, но Македонија мора да постои“, потенцира Тодоровска.

Австралиската полиција уби тинејџер поради напад кој укажува на тероризам

 Австралиската полиција соопшти денеска дека 16-годишен тинејџер бил убиен во интервенција на полициските службеници, откако доцна синоќа избодел со нож маж во Перт, главниот град на Западна Австралија.

Има сомневање дека 16-годишникот, вооружен со кујнски нож, бил радикализиран преку Интернет, а нападот укажува на тероризам, соопштија локалните власти.

„Нападот во предградието Вилетон имаше знаци на тероризам, но сè уште не е прогласен за терористички чин. Во оваа фаза се чини дека напаѓачот дејствувал сам“, изјави премиерот на Западна Австралија, Роџер Кук на прес-конференција во Перт.

Италија ја исклучи можноста за воена интервенција во Украина

 Италија останува на ставот дека нејзините сили нема да се мешаат во вооружениот конфликт во Украина, бидејќи во случај на натамошна ескалација, Рим би изгубил многу, изјави синоќа италијанскиот министер за одбрана Гвидо Кросето.

Во интервју за „Кориере дела сера“ тој истакна дека смета оти на Украина требало да и се помогне да избегне конфликт преку дипломатија и дијалог.

„Нашиот став не се менува, секогаш сме велеле дека треба да и се помогне на Украина и тоа го правиме, но ја исклучуваме можноста за директна интервенција на нашата армија во конфликтот“, рече Кросето.

Верстапен со прва пол-позиција во Мајами

Светскиот шампион во Формула 1, Макс Верстапен за првпат победи на квалификациите во Мајами и ја забележа својата 38-ма пол позиција во кариерата.

Макс успеа да го доближи рекордот на Ален Прост од почетокот на сезоната 1993 година, кога „професорот“ победи во првите 7 квалификации, а Макс сега има шест последователни пол-позиции од почетокот на кампањата.

Макс го обезбеди првото место на стартот со својот прв брз круг во третиот дел од квалификациите, при што ниту еден од водечките возачи не можеше да ги подобри неговите перформанси во вториот обид.

Втор на стартот ќе биде Шарл Леклер со Ферари, а трет неговиот тимски колега Карлос Саинц, кој го дели вториот ред со другиот возач на Ред Бул, Серхио Перез.

Колегите од Мекларен, Ландо Норис и Оскар Пјастри го зазедоа третиот ред, а Џорџ Расел и Луис Хамилтон четвртиот, при што седумкратниот светски шампион го подобри својот пласман во својот последен најбрз круг за да отиде од 10-то на 8-то место.

Топ 10 ги комплетираа Нико Хулкенберг со Хаас и Јуки Цунода со РБ.

притисни ентер