Приватните специјализанти продолжуваат со штрајкот, не се задоволни од одлуката на Владата

Приватните специјализанти продолжуваат со штрајкот незадоволни од одлуката на владата за решавање на проблемот со нивните плати по изборите.

Тие утринава оддржаа прес конференција на која најавија дека во понеделник ќе протестираат пред министертвото за здравство.

Пред интерните клиники е Јорданчо Цветановски.

И денеска специјализантите нема да вршат прегледи што кои се нивните понатамошни чекори?

Целиот извештај погледнете го во видеото.

Земјотрес од 4,3 степени според Рихтер во централна Хрватска

Земјотрес со јачина од 4,3 степени според Рихтеровата скала утрово во 5 часот и 38 минути го погоди подрачјето на градот Слуњ во централна Хрватска, соопшти Сеизмолошката служба.

Епицентарот на земјотресот бил на околу 15 километри јужно од Слуњ и на длабочина од 10 километри.

Магнитудата на земјотресот изнесувала 4,3 степени според Рихтеровата скала, а интензитетот во епицентарот е проценет на V-VI нивоа од ЕМС скалата“, соопшти Сеизмолошката служба на Хрватска.

Граѓаните од подрачјето во близина на епицентарот велат дека се се тресело.

Земјотресот бил почувствуван низ цела Хрватска, најмногу во Лика и централна Хрватска. Земјотресот е почувствуван и во Загреб.

Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар соопшти дека земјотресот е почувствуван и во Босна и Херцеговина и во Италија. /МИА

Санкционирани 131 возач во Скопје

Секторот за внатрешни работи Скопје вчера на територијата на град Скопје изрече 131 меркa.

Како што соопшти МВР, за возење без возачка дозвола 17 санкции, 14 мерки за непочитување на брзината на движење, девет мерки за користење мобилен телефон при возење, осум санкции за минување на затворен сигнал - црвено светло...

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови.

Три лица загинаа, а три се повредени во рускиот ракетен напад врз Одеса

Командата на силите за специјални операции на Украина денеска соопшти дека во синоќешниот напад со руски балистички ракети врз Одеса загинале три лица, а три се повредени.

Од друга страна, вооружените сили на Украина уништија два руски противвоздушни ракетни системи „бук“ во секторот Суми, се вели во објава на Фејсбук, пренесува Укринформ.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека на Украина и треба „значително забрзување“ во испораката на оружје од партнерите за да и се овозможи на нејзината армија да се соочи со унапредувањето на руските сили на неколку фронтови.

„На Украина и треба значително забрзување во испораката на оружје за што поскоро да стигне до војниците на фронтот“, рече Зеленски.

Се огласи и рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу кој наложи „поголема и побрза испорака на оружје за специјалната воена операција во Украина“. /МИА

притисни ентер