Пендаровски:Не постои таков хибрид „почитувам Преспански договор,Северна нема да употребувам“

„Вие имате пратеници што заговараа промена на име, со две додавки, со две загради, го знаеме тоа од снимнките, па зошто не го решиле?“

Невозможно е да кажете дека како легалист ќе го почитувате Преспанскиот договор, а Северна нема да употребувате. Може да го направите тоа по дома, со друштво, но како претседател не смеете да не го употребувате уставното име на државата. Овде, на МАНУ, на факултет како претседател мора го употребувате уставното име. Не постои таков хибрид „почитувам Преспански договор, Северна никогаш нема да употребам“. Постоеше безбедносен апсект за влез во НАТО, а по руската агресија се виде дека сме биле во право. Вие имате пратеници што заговараа промена на име, со две додавки, со две загради, го знаеме тоа од снимнките, па зошто не го решиле? Мислам не би требало да ви вадам слики на лидери кои стојат позади вас на бина кои се сликани со тој нарко-барон и се сликани со неговите пријатели и не стојат, не се на поминување туку тераат гозби во кафеана. Вашето опкружување и човекот што ве предложи седи, тера ќеифови, со тој. Сликите не се измислени, туку се доказ. Фета Алими му го спаси животот на Зијадин Села, практично ја одби наредбата на својот претпоставен кој му наредил да остави што ќе сакаат насилниците тоа да прават. Не само што му помогнал и го однел во болница, но во текот на тој чин и се вмешал велејќи „немојте понатаму“, а никој друг од таа група не го стоил тоа. Најважно е да се каже дека судот го докажа случајот за 27 април дека е организиран чин од владејачката партија да не ја препушти власта на партијата која доби доверба од граѓаните, рече Стево Пендаровски во Само Вистина.

Маск пристигна на Бали поради планираната достапност на интернет услугата Старлинк

Маск беше пречекан од индонезискиот министер за инвестиции Лухут Бинсар Панџаитан.

Американскиот милијардер Илон Маск денеска пристигна на индонезискиот остров Бали поради планираната достапност на интернет услугата Старлинк на Спејс Икс за индонезиската Влада, која се надева дека со тоа ќе го зголеми продорот на интернет и здравствените услуги во оддалечените делови на огромниот архипелаг.

Маск беше пречекан од индонезискиот министер за инвестиции Лухут Бинсар Панџаитан и најави дека ќе разговараат за соработка, вклучително и достапност на Старлинк.

Панџаитан истакна дека еднаквиот пристап до Интернет низ Индонезија, островска држава во Југоисточна Азија со повеќе од 270 милиони луѓе кои живеат во три временски зони, ќе им овозможи на луѓето во оддалечените области да уживаат во истата удобност на Интернет со голема брзина, како и оние во урбаните области.

„Старлинк доби лиценца за работа во Индонезија како давател на интернет сервис провајдер“, потврди Панџаитан.

Маск попладне ќе присуствува на промоцијата на Старлинк со индонезискиот претседател Џоко Видодо. Индонезија е третата земја во Југоисточна Азија каде што ќе функционира Старлинк, по Филипините и Малезија./МИА

Путин одржа состанок за поплавите и пожарите во Русија

 Рускиот претседател Владимир Путин одржа состанок со министерот за вонредни состојби Александар Куренков и министерот за природни ресурси и животна средина Александар Козлов за да разговараат за поплавите и пожарите.

„Имаме неколку теми. Да почнеме со главната, актуелната, најжешката во буквална смисла на зборот“, рече Путин.

Тој рече дека додека поплавите се уште траат во еден дел од земјата, во некои региони има и пожари или опасни состојби од пожари.

„Властите мора веднаш да ги проценат штетите од поплавите за да почнат со обнова на станбениот фонд до крајот на летната сезона. Мораме веднаш да ја процениме штетата на домаќинствата. Сето тоа треба да се исуши - и тоа на време. Летото брзо ќе помине, а во текот на летото треба да направиме што повеќе за да го вратиме станбениот фонд“, нагласи Путин. /МИА

Украинското воздухопловство ги соборило сите 37 дронови лансирани од Русија

Украина ги уништи сите 37 беспилотни летала лансирани синоќа од Русија против цели на многу места во земјата, соопшти украинското воздухопловство.

Во соопштението се наведува дека уништените беспилотни летала „Шахед“ биле насочени кон главниот град Киев и украинските градови Одеса, Миколаив, Суми и Виница, како и цели во регионите Житомир, Черкаси и Херсон./МИА

притисни ентер