Одбиена од работа поради лицето (видео)

Еве што ѝ порачале во интервју за работа! 

Ова е класична дискриминација.

Мелиса Вивер, 30-годишна жена од Њујорк, неодамна одлучила да го сподели своето искуство поради одбивање на позицијата потпретседател за човечки ресурси во една технолошка компанија. Причината за нејзиното одбивање, како што ѝ кажале, била таа дека „не вложила доволно труд“ во нејзиниот изглед за време на интервјуто. Објавата предизвика бес кај нејзините придружници, при што многумина укажаа на постоењето на „привилегии на атрактивните луѓе“.

@_melissaweaver Does wearing make up to work make a difference? #work #corporate #career #interview #job #jobsearch #makeup #jobinterview #opinion #advice #women ♬ original sound - Melissa

Иако е нелегално работодавците да дискриминираат врз основа на возраста, расата, полот, религијата или сексуалната ориентација, Мелиса во следното видео на Тикток објасни дека таква одлука сепак може да се донесе врз основа на изгледот. Ова ги осветлува нијансите во законот за вработување и предизвиците со кои се соочуваат поединци при докажување на дискриминацијата според изгледот.

Фрустрацијата на Мелиса беше очигледна додека ја опишуваше нејзината подготовка за интервјуто, тврдејќи дека внимателно ги подготвила одговорите на прашањата и се претставила професионално, иако немала многу шминка. Нејзиното искуство покренува прашања за очекувањата од жените во однос на нивниот изглед во професионалното опкружување.

Многумина беа запрепастени од исходот на интервјуто на Мелиса. Некои поделиле слични искуства за тоа како на интервју за работа биле проценети врз основа на нивниот изглед. Поддршката и споделувањето на оваа приказна ја нагласува потребата од поширока распава за дискриминацијата врз основа на изгледот на работното место.

Извор: srecna.republika.rs

Чави по победата над Валенсија: Задоволен сум од нашиот став

Тренерот на Барселона, Чави изрази задоволство од триумфот (3:2) на неговиот тим синоќа против Валенсија во 33. коло на Шпанското фудбалско првенство.

- Не попречија скоковите на Валенсија. Овој тим практикува ваква игра, тоа е нивен клучен елемент. Ја имаа потребната подготовка и на тој начин создадоа четири-пет шанси. Среќен сум и задоволен од нашиот однос. Имавме индивидуални грешки, но демонстриравме добра организација во офанзива. На следните средби треба да играме посмирено, изјави Чави за „DAZN“.

Барселона со 73 бода се искачи на второто место во Ла Лига. Валенсија е осма во поредокот со 47 бодови. Лидер е Реал Мадрид со 84 бода.

До крајот на првенството остануваат уште пет кола.

Девет жртви во уривање на воен хеликоптер во Колумбија

Воен хеликоптер се урна во северна Колумбија при што загинаа сите девет патници во него, соопшти армијата на јужноамериканската земја.

Хеликоптерот Ми-17 се урнал во близина на градот Аренал дел Сур во департманот Боливар во северна Колумбија, соопшти војската.

- Жалам за смртта на деветмината војници во воениот хеликоптер што требаше да ги снабди војниците во борбата против кланот дел Голфо на југот на Боливар, напиша колумбискиот претседател Густаво Петро на Х.

Кланот дел Голфо (Заливски клан) е најмоќната криминална организација во Колумбија. Криминалниот синдикат ги регрутира своите членови главно од поранешните десничарски паравојски и се претпоставува дека има околу 6.000 вооружени мажи.

Покрај трговијата со дрога, организацијата се занимава со илегални ископувања и рекет за заштита и е одговорна за бројни убиства и одземање на имот. Минатата година, поранешниот шеф на картелот, Даиро Антонио Усуга, попознат како Отониел, беше осуден на 45 години затвор во САД.

Санкционирани 125 возачи во Скопје

На територија на град Скопје вчера се изречени вкупно 125 мерки, меѓу кои за возење без возачка дозвола 16 санкции, 15 мерки за непочитување на брзината на движење..

На територија на град Скопје вчера се изречени вкупно 125 мерки, меѓу кои за возење без возачка дозвола 16 санкции, 15 мерки за непочитување на брзината на движење, осум мерки за користење мобилен телефон при возење, три санкции за некористење сигурносен појас.

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови, соопшти МВР.

притисни ентер