Николоски: Како носител на ИЕ4 за мене најдрага е победата на ВМРО-ДПМНЕ во Струмица

Почитувани претставници на медиумите денес продолжуваме со кампањата за парламентарните и претседателските избори, денеска се спојуваат повторно двете кампањи. 

Продолжуваме тука од Струмица каде што планираме големи проекти по формирање на влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ. Повикувам сите граѓани да ја прочитаат нашата програма Платформа 1198 каде што нудиме решенија за најкрупните проблеми на граѓаните, пред се во делот на владеење на правото и воспоставување на функционален систем на владеење на правото и правна држава. Понатаму економскиот развој, решенија за состојбите во образованието и во здравството, поддршка за пензионерите, но и за најмладите преку проектот „Купи куќа“ и бројни други проекти кои што ги имаме во Платформата 1198.

За нас е огромна привилегија поддршката која што ја добивме вчера, сметаме дека резултатот кој што вчера го постигна Гордана Силјановска Давкова и ВМРО-ДПМНЕ е обврска во следните две недели уште поинтензивно да се среќаваме со сите кои што сакаат да се сретнат со нас, да го објасниме нашиот концепт и визија и да ја побараме поддршката.

Очекувам на 8 мај да има убедлива победа за Гордана Силјановска Давкова и најмногу пратеници за ВМРО-ДПМНЕ кој што ќе овозможат стабилна влада која што нема да биде уценува од никого и кој што ќе овозможат во опозиција да одат и СДСМ, но и политичката партија ДУИ.

Особено сум среќен како носител во ИЕ 4 што имаме победа во Струмица, тоа мислам дека е голем сигнал не само за Струмица, не само за струмичката околија туку за цела Македонија. Победата за Струмица за мене е најдрага од сите победи вчера, сакам да се заблагодарам на тимот позади мене, во следните две недели ќе работиме уште поинтензивно за да имаме уште поубедлива победа и Струмица конечно да го добие она што го заслужува, а тоа е економски развој и воведување на функционална правна држава каде што ќе има јасно владеење на правото, а не она што се случуваше во годините наназад, рече Александар Николоски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ и носител на изборна единица 4.

Кавга меѓу Шпанија и Аргентина- сѐ почнало со обвинение дека претседателот се дрогира

Аргентинскиот претседател Хавиер Милеи ја обвини шпанската социјалистичка влада дека ја загрозува средната класа со политики „кои носат само сиромаштија и смрт“.

Неговата изјава доаѓа откако шпански министер навестил дека Милеи бил под дејство на дрога за време на кампањата.

„Владата на шпанскиот премиер Педро Санчез треба да се занимава со поважни прашања, како што се обвинувањата за корупција изнесени против неговата сопруга, прашање што дури го натера да размисли за оставка“, напиша Милеи во официјалното соопштение од Канцеларијата на Претседател на Република Аргентина.

Расправијата меѓу Буенос Аирес и Мадрид започнала откако шпанскиот министер за транспорт Оскар Пуенте вчера сугерирал дека Милеи бил под дејство на дрога за време на телевизиските настапи.

Милеи, самонаречен десничарски слободар, исто така ги критикуваше договорите на Санчез со баскиските и каталонските сепаратисти, велејќи дека шпанскиот премиер „го загрози единството на Кралството, склучувајќи договори со сепаратистите и доведе до распаѓање на Шпанија“.

Тој додаде дека илегалната имиграција во Шпанија ја загрозува безбедноста на жените. Шпанската влада денеска категорично ги отфрли тврдењата на аргентинскиот лидер, велејќи дека таквите тврдења „не одговараат на односите на две братски земји и народи“.

Односите меѓу Шпанија и Аргентина се заладија откако Милеи дојде на власт минатиот декември, пишува Politico. Аргентинскиот лидер јавно ја поддржа шпанската десничарска опозициска партија Вокс.

Мелиса од Јужна Африка е најсекси спортската новинарка на светот (ФОТО)

Веќе навикнавме телевизиите да решаваат на своите канали да ангажираат убави дами кои го сакаат спортот, за да можат гледачите уште повеќе да уживаат во него, а изгледа дека SkySport ја најде можеби најубавата меѓу нив.

Мелиса Реди има 37 години и доаѓа од Јужна Африка, но моментално работи во SkySport, каде што блеска со својата убавина на секој пренос пред широката публика.

Таа е многу активна и на социјалните мрежи каде често разговара со своите „фанови“, додека неодамна одговори на прашање - кои три работи ја одржуваат исполнета.

Таа одговори дека тоа е здравје, мир и среќа, а еден корисник би рекол дека Бог ја наградил со убавина на денот кога се родила.

Тоа со право го кажа со оглед на тоа што Мелиса е една од најубавите водителки на светот.

Мадона на Копакабана ќе настапи пред 1,5 милиони луѓе за финале на големата турнеја

Планетарна ѕвезда, град од соништата, легендарна плажа. Вечерва Мадона ќе се појави пред обожавателите во Рио де Жанеиро на монументален и бесплатен концерт на плажата Копакабана.

На најголемиот концерт во кариерата на поп-кралицата се очекуваат околу 1,5 милиони луѓе. На 65-годишна возраст, американската поп-ѕвезда на тој начин со голем стил ќе ја затвори турнејата The Celebration Tour, одбележувајќи 40-годишна кариера.

На крајот на убавиот есенски ден обележан со летни температури, во самракот ќе светне најголемиот подиум за танцување на светот со настап на неколку диџеи. Нешто пред 22:00 часот (3 часа по средноевропско време) Мадона ќе пешачи директно до плажата и сцената преку мост, поставен специјално за оваа прилика.

По 80 концерти во Европа, Северна Америка и Мексико, настапот во Рио ќе биде големото финале. Атмосферата покрај плажата е празнична и потсетува на опуштената атмосфера на карневалот во Рио. Две јавни проби, во четвртокот и петокот навечер, привлекоа голем број фанови.

Мадона пристигна со три авиони и 270 тони опрема, а нејзиниот концерт ќе донесе околу 53 милиони евра за локалната економија, пресметале градските власти.

притисни ентер