Муцунски: Силјановска со двојна предност пред Пендаровски, победи во 60 општини наспрема две

Народот сака промени и сака оваа корумпирана власт на ДУИ и СДС да ја испрати во опозиција. 

Резултатите од вчерашниот прв круг на претседателските избори испратија јасна порака - Македонија ќе биде повторно горда, Македонија ќе биде повторно своја. Граѓаните ќе жиеват достоинствено и со гордо крената глава. Доаѓа време кога граѓаните на Македонија ќе бидат во прв план пред и над се.

Вчера се случи почетокот на крајот на власта на СДС и ДУИ. Граѓаните дадоа жолт картон на корумпираната власт, и црвен картон на политичките партии кои донесоа понижувања, национален срам и порази.

Вчера се случи политичко цунами, кое ќе финализира на осми мај со уште поголема победа за ВМРО-ДПМНЕ и испраќање на СДС и ДУИ во опозиција.

Професорката Гордана Силјановска Давкова според последните резултати освои 362.682 гласови, а има повеќе од двојна предност пред Стево Пендаровски кој освои нешто на 180.000 гласови. Преку 182.000 гласови разлика. Во исто време кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Силјановска Давкова победи во 60 општини со убедлива предност, а Пендаровски само во две општини и таа предност и таму е минимална.

Повеќе од 350.000 граѓани ја избраа чесноста и достојноста, и одговорниот пристап на професорката Гордана Силјановска Давкова наспроти лагите и политиканството на Пендаровски и СДС.

Волјата на народот е јасна. Волјата на граѓаните јасно покажува дека по осми мај Македонија ќе има нов претседател, професорката Гордана Силјановска Давкова, и нова Влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ и професорот Христијан Мицкоски.

Дозволете ми да издвојам дел од резултатите по општини каде јасно се гледа таа волја и таа тенденција на изразување на глас од страна на граѓаните.

Во општина Аеродром, во победнички Аеродром, Силјановска Давкова во првиот круг освои 21.145 гласови, Пендаровски 8.950 гласови или разлика од 12.195 гласови.

Во Битола Силјановска Давкова освои 21.582 гласа, а Пендаровски 11.543 или разлика од 10.000 гласови.

Во Бутел 7.370 наспроти 2.197 или 5.173 гласови разлика.

Во Велес 12.482 гласа за Силјановска, а 5.083 гласови за Пендаровски или 7.399 разлика.

Во Гази Баба 18.125 гласа спрема 4.782, односно 13.343 разлика.

Во Ѓорче Петров, Силјановска во прв круг има 11.694 гласови, а Пендаровски 4.650, или 7.044 гласа разлика.

Во Гевгелија Силјановска има 6.354 гласа, а Пендаровски 3.303.

Во Кавадарци Силјановска има 9.792 гласа, а Пендаровски 4.766.

Во скопски Карпош 14.482 гласа наспроти 9.130 гласа или 5.352 гласови разлика.

Во Кисела Вода 18.183 наспроти 6.205 односно 11.978 гласови.

Во Кичево 7.068 спрема 2.093 или разлика од нешто под 5.000 гласови. Во Охрид за Силјановска 14.702 гласа, а за Пендаровски 5.534 гласа или 9.168 разлика.

Во Прилеп 18.085 спрема 9.668, односно разлика од 8.417 гласа.

Во Струмица, 11.808 за Силјановска, а 9.008 за Пендаровски или 2.800 гласа разлика.

Во Штип, 12.058 спрема 5.610 или разлиика од 6.448 гласови. Во Кочани 8.079 спрема 3.905 или 4.174 гласа разлика.

Помеѓу Силјановска Давкова и Пендаровски тројна е разликата во Тетово, двојна е разликата во Струга, Радовиш и Ресен, и убедливо водство има речиси во сите останати општини во Македонија.

Почитувани,

Народот бара промени, граѓаните сакаат власт која ќе се грижи за државата и која ќе има капацитет да испорача резултати, реформи, подобар живот, европски стандарди во здравството, образованието, правосудството, и земјоделството. Влада која ќе ги направи потребните економски реформи и кои ќе донесат повеќе работни места, повисок стандард, поголеми плати и пензии, помала сиромаштија и инфлација.

Не чека многу работа. Најпрво сега со вас граѓаните да ја донесеме победата на кандидатката Гордана Силјановска Давкова и на пратеничките листи на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „Твоја Македонија“, а потоа уште повеќе заедничка работа и посветеност за да ја направиме Македонија повторно горда и повторно твоја.

Доаѓа време кога треба да се посветиме на вас граѓаните и на нашата Македонија. Доаѓа време за работа и дело, одговорност и правда, реформи и европски стандарди, рече Тимчо Муцунски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ.

Ужас во Аризона: Татко си ги пронашол двете тригодишни близначки удавени во базен

Полицијата ги објави имињата на близначките кои трагично загинаа откако нивниот татко ги извлекол нивните безживотни тела од базенот во дворот.

Тригодишните девојчиња, Валентина и Пеналапи Руиз, починале во четвртокот во болница во Феникс, Аризона, соопштија официјални лица, пишува Daily Mail..

„Прелиминарните информации сугерираат дека дошло до случајно давење“, соопшти вчера полицијата.

„Во овој момент, нема ништо што откриле иследниците што изгледа сомнително“, рече пожарникарот на Феникс, Роб Мекдејд, за таткото на близнаците кој се јавил на 911.

Мекдејд додаде дека децата биле под вода „неодредено време“ пред да пристигне помошта околу 15:30 часот во четвртокот.

Девојчињата биле итно пренесени во блиската болница каде што биле прогласени за мртви, соопштија официјални лица.

Воздушните снимки од домот покажале базен во облик на бубрег што немал ограда околу него.

Расте бројот на жртвите во поплавите во Бразил- најмалку 57 загинати, 67 исчезнати (ВИДЕО)

Бројот на загинати од поројниот дожд во јужната бразилска држава Рио Гранде до Сул се искачи на 57, соопштија локалните власти, додека десетици се уште не се пронајдени, пренесува Ројтерс.

Цивилната заштита на Рио Гранде до Сул соопшти дека 67 лица се уште се водат како исчезнати, додека повеќе од 32.000 луѓе се раселени поради невремето, кое зафати речиси две третини од 497-те градови во државата, која граничи со Уругвај и Аргентина.

Поплавите уништија патишта и мостови во повеќе региони во земјата. Невремето предизвика и лизгање на земјиштето и делумно уривање на брана во мала хидроцентрала. Друга брана во градот Бенто Гонкалвес исто така е во опасност од уривање, соопштија властите.

Во Порто Алегре, главниот град на Рио Гранде до Сул, езерото Гуаиба се излеа, поплавувајќи ги улиците. Меѓународниот аеродром во Порто Алегре ги укина сите летови на неодредено време.

Во следните 36 часа се очекуваат врнежи од дожд во северните и североисточните предели на државата, но количината на врнежи се намалува и би требало да биде далеку под врвот забележан претходно оваа недела, соопшти државната метеоролошка служба.

Сепак, „нивото на водата во реките треба да остане високо неколку дена“, изјави денеска гувернерот Едуардо Леите во видеото на неговите социјални мрежи, додавајќи дека е тешко да се каже колку долго.

Рио Гранде до Сул се наоѓа на географската точка меѓу тропската и поларната атмосфера, што создава метеоролошка шема со периоди на интензивен дожд и други со суша.

Локалните научници веруваат дека оваа шема се интензивира поради климатските промени.

Обилните дождови веќе го погодија Рио Гранде до Сул во септември минатата година, кога екстратропски циклон предизвика поплави во кои загинаа повеќе од 50 луѓе. Ова се случи по повеќе од две години постојана суша поради феноменот Ла Ниња, со само слаби дождови.

Најбогатата актерка на светот има 3 милијарди долари, но ретко кој ја знае (ВИДЕО)

Кога ќе помислите на најбогатите актерки во светот, веројатно ви паѓаат на ум познати имиња како Џулија Робертс, Сандра Булок, Анџелина Џоли или Џенифер Анистон, но големи се шансите никогаш да не сте го чуле името на најбогатата актерка на светот.

Имено, оваа титула ѝ припаѓа на американската актерка Џејми Герц, чие богатство се проценува на 3,2 милијарди долари. Ако се прашувате која е, не сте единствените затоа што изгледа дека луѓето не можат да се сетат на неа.

58-годишната ѕвезда ја започнала својата кариера во 1981 година со улога во „Бескрајна љубов“ и оттогаш се појавила во голем број филмови, вклучувајќи ги „Изгубените момчиња“, „Твистер“, „Крстопат“, „Помалку од нула“, „Квиксилвер“ и „Шеснаесет свеќи“.

Покрај тоа, таа се појави во хит сериите Seinfeld, The Neighbors, Modern Family и This is Us, а неодамна глумеше во филмот „I Want You Back“ од 2022 година, но таа ретко се појавува на екранот.

Сепак, нејзиното богатство не се должи само на нејзината актерска кариера. Актерката е во брак со милијардерот и инвеститор Тони Реслер, со кого е косопственик на НБА тимот Атланта Хокс. Имаат четири деца, а интересно, кога се венчале во 80-тите, Џејми била хранителка бидејќи компанијата на нејзиниот сопруг пропаднала, но тој подоцна се опоравил и заработил милијарди.

Инаку, официјално најбогатата актерка на светот е холивудската ѕвезда Дина Мерил, чие богатство се проценува на 5 милијарди долари. Мерил починала во 2017 година, со што Џејми сега стана најбогатата жива актерка на светот.

притисни ентер