Милановиќ: Хрватска е дното на ЕУ, Бугарија е единствено полоша

Претседателот на Република Хрватска Зоран Милановиќ денеска нагласи дека Хрватска е дното на ЕУ кога се гледаат поранешните социјалистички земји, и дека „единствено Бугарија е полоша од нас“.

„Бугарија е единствено полоша од нас и секое утро му се молиме на Бога ништо не им се случи да има кој да биде последен....Тоа не е она со што треба да се задоволиме. Сега немам ништо со ниту една партија, ниту со ниту еден изборен список. За почеток, Хрватска мора да биде некаде на средина, а потоа да размислува да биде најдобра во конкуренција со Унгарија, Чешка, а не со Данска и Шведска, да биде како Словенија, која имаше менаџерски способности и среќа да се развие малку поинаку отколку Хрватска во изминатите 30 години и можете да го видите тоа“, рече Милановиќ.

„Ни треба децентрализација, вели тој. „

Секогаш е големо прашање до кој степен можете да ја дезинтегрирате државата и да ја оставите власта да оди кај народот, најдиректно кај народните избраници, без да ја разнишате државата и да и го одземете она што и треба, што е еден вид вертикала“.

Нивото на децентрализација во Хрватска, вели тој, е „за жал мизерно и никакво.

Осуммина повредени во украински напад на Белгород, оштетени речиси 20 станбени згради

Во украинскиот воздушен напад врз руската област Белгород во текот на ноќта осум лица се повредени, а оштетени се многу станбени згради и автомобили, соопшти денеска гувернерот на тој регион Вјачеслав Гладков.

Тој на Телеграм наведе дека меѓу повредените има и 11-годишно девојче, кое е хоспитализирано и додаде дека се оштетени повеќе од 30 станови во 19 станбени згради.

Како што јавуваат странските агенции, руските сили за воздушна одбрана собориле 15 ракети „Вампир“ и едно беспилотно летало во регионот на Белгород, две беспилотни летала во областа Брјанск, како и три беспилотни летала во областа Курск.

Пленковиќ им ја честита победата на Мицкоски и Сиљановска-Давкова

Хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ му ја честита победата на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на вчерашните парламентарни избори, како и на „новоизбраната претседателка на земјата“.

- Честитки до Христијан Мицковски на убедливата изборна победа на ВМРО-ДПМНЕ. Со нетрпение очекувам да продолжи одличната соработка меѓу Хрватска и Македонија, чиј европски пат силно го поддржуваме. И честитам и на новоизбраната претседателка Гордана Сиљановска-Давкова, напиша Пленковиќ на Х.

Русија и Кина планираат да постават нуклеарен реактор на Месечината

Русија започна со развој на нуклеарна централа за планираната заедничка лунарна станица со Кина, изјави Јуриј Борисов, шеф на руската вселенска агенција Роскосмос.

Борисов, поранешен заменик-министер за одбрана, во март изјави дека Москва ја разгледува идејата за напојување на електраната со нуклеарна енергија.

„Русија и Кина ја разгледуваат можноста за поставување нуклеарен реактор на Месечината во периодот од 2033 до 2035 година, што еден ден ќе овозможи изградба на лунарна населба“, изјави тогаш Борисов.

„Сериозно го разгледуваме проектот за испорака и инсталирање енергетски реактор на површината на Месечината заедно со кинеските колеги“, изјави Борисов.

Во Русија моментално се активни 11 нуклеарни централи, додека во Кина се активни 55 нуклеарни реактори.

Борисов во март рече дека соларните панели нема да можат да произведат доволно електрична енергија за напојување на идните населби на Месечината, додека нуклеарната енергија би можела.

Тој додаде дека тоа е голем предизвик и треба да се направи без човечко присуство. Борисов потврди и дека Русија планира да изгради товарен вселенски брод на нуклеарен погон.

притисни ентер