Мицкоски со порака до народот: Ветуваме работа, макотрпна и посветена

Ветуваме работа, макотрпна и посветена, ќе се бориме за вас и се обврзуваме и даваме збор дека нема да ве изневериме

„Ние ветуваме работа и тоа макотрпна и посветена работа. Ќе работиме деноноќно за вас и ќе се бориме за вас. Ние се обврзуваме и даваме збор дека нема да ве изневериме. Патот ќе биде тежок, но нема пречка што заедно нема да можеме да ја надминеме. Имаме знаење, визија, концепт како да одиме напред. Нашите политички противници ги знаете, видовте што може од нив да очекувате и не сакам ова обраќање до вас да го обременувам зборувајќи за нив. Се знаете, се е кажано, за жал сите живеевме во реалноста на нивната неспособност и алчност“, истакна претседателот на ВМРО-ДПМНЕ и носител на Изборна единица 1 од ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.

Претседателот Мицкоски посочи дека треба да се искористи овој момент со храброст, одлучност и гордо крената глава.

„Но, сега, додека стоиме на прагот на новото поглавје во приказната на нашата нација, да го искористиме овој момент со храброст и одлучност, и со гордо крената глава да ги победиме заедно“, рече Мицкоски.

Претседателот Мицкоски истакна дека победата е на дофат.

„Нашата победа е на дофат. Тоа ќе биде и ваша победа. Заедничка победа. Но не е доволно само да веруваме во подобро утре. Мора да дејствуваме. Мора да се мобилизираме и да гласаме. За да немаат можност да не уценуваат никогаш повеќе! За Македонија да биде повторно наша, Македонија повторно да биде горда, Гордана Силјановска Давкова за претседател, ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „Твоја Македонија“ идна влада“, дециден е Мицкоски.

Мицкоски: Ова е последната шанса да ја спасиме Македонија, која е одземена од СДС и ДУИ да им служи ним, а не на народот

„И ќе потсетам дека оваа наша Македонија е создадена од надежите, страдањата и сонот на плејада генерации кои се вградија во темелите кои не држат и во најсилните потреси. Тие темели се полевани од борбата на илинденците, од перата и зборот на преродбениците, од солзите и лелекот на македонските мајки, од надежта на младите. Затоа ви велам ова е можеби последната шанса да ја спасиме Македонија и да ја вратиме на народот“, истакна претседателот на ВМРО-ДПМНЕ и носител на Изборна единица 1 од ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.

Претседателот Мицкоски продолжи и додаде:

„Тие од власта ја одземаа. Направија системот да им служи на ним, а не на народот. Државните тендери станаа приватни. Најповторуваното чувство кај народот е дека нема систем, нема држава. Затоа што се создаде еден апарат воден од ДУИ, а опсулужуван од СДСМ кој ја потопи Македонија во криминал и корупција“, посочи Мицкоски.

Претседателот Мицкоски укажа на тоа дека власта се прогласила себе си за европејци, само за да не се збори за криминалот, а еден метар не мрдна за придвижување кон Европа.

„Се потплаќа за здравствен преглед, се фаќаат врски за образование, за добивање на субвенции. Не доведоа буквално до работ. Создадоа еден димен облак, спротстрија една завеса која им се вика Европската Унија. Се прогласија себе си за европејци, само и само да не се збори за криминалот, а еден метар не мрднаа и не не' придвижија кон Европа. И од Европска Унија се срамат кога гледаат дека Артан и Бујар ги бранат. Додека за тоа зборат го посрамотија со штетни одлуки и договори секое национално чувство на Македонецот. Се однесуваат кон Македонија, нацијата и идентитетот како да сме некаков хибрид. Дека немаме спомени, дека немаме паметници и херои. Дрво без корен. А тоа е само затоа што не сакаат да погледнат околу себе“, дециден е Мицкоски.

Со почит,

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

ИДФ ги повика Палестинците да ги евакуираат крајбрежните населби во северниот дел на Газа

Израелската армија ги повика Палестинците во крајбрежните населби во северниот дел на Газа да ја евакуираат областа додека ја продолжува операцијата во Џабалија.

Портпаролот на Израелските безбедносни сили (ИДФ) на арапски јазик, Авичај Адри, објави список на нови зони што треба да се евакуираат, а на палестинските цивили им беше кажано да се преселат во засолништа западно од градот Газа, пишува „Tајмс оф Израел“.

Минатиот викенд, ИДФ издаде предупредување за евакуација на градот Џабалија, пред да биде извршен нападот.

Оттогаш, армијата двапати ја прошири зоната за евакуација, а најновата најава ги вклучува областите Ал-Ататра и Ал-Карам во Појасот Газа. /МИА

Протест на британските плажи поради загадување на водата

Илјадници луѓе ширум Велика Британија се собраа вчера на плажите, реките и езерата за да побараат промени на нивоата на загаденост на водата во земјата.

Демонстрантите се собраа во областите за капење од Западниот Пјер во Брајтон до плажата Гилингвасе во Фалмут по извештаите дека милиони литри вода од канализација биле испумпани во Виндермер во областа Лејк за повеќе од 10 часа во февруари.

Ситуацијата од опозициските политичари беше окарактеризирана како „скандалозна“, додека Лондон рече дека ситуацијата е „целосно неприфатлива“ и дека Агенцијата за животна средина има овластување да покрене кривично гонење.

Испумпувањето се случило во пумпната станица на компанијата во Бонс-он-Виндермер, Камбрија, ноќта на 28 февруари, пишува „Индипендент“.

Пумпите за итни случаи испуштија повеќе од 10 милиони литри вода од канализација во местото на светското наследство на УНЕСКО, откако главните пумпи беа нагло прекинати поради дефект на телекомуникациите. /МИА

Брајтон објави за заминување на тренерот Де Зерби

 Прес-службата на премиерлигашот Брајтон објави дека Роберто Де Зерби ќе ја напушти функцијата главен тренер на клубот на крајот од сезоната 2023/24.

Раководството на Брајтон се договорило со 44-годишниот фудбалски стручњак за предвремен раскин на договорот кој е со важност до летото 2026 година.

Претходно беше објавено дека Баерн Минхен е заинтересиран да го покани италијанскиот тренер.

Де Зерби дојде во Брајтон во септември 2022 година. Под негово водство тимот освои 38 победи, 20 пати ремизираше и претрпе 30 порази.

Оваа сезона Брајтон е на 10. место во поредокот во Премиер лигата, со 48 бодови од 37 натпревари. /МИА

притисни ентер