Мицкоски: По осми мај започнува трансформација на Македонија со новата Влада

„По осми мај започнува трансформација на Македонија со новата Влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ“

„Според оваа емоција што ја чувствувам овде и онаа емоција и енергија што ја чувствувам насекаде низ Македонија значи дека на 8-ми мај ќе ни донесе историски резултат, подобар од оној кој што се случи на првиот круг на претседателски избори. Сепак 2:1 резултат во однос на освоени гласови помеѓу идниот претседател професорката Гордана Силјановска Давкова и досегашниот сега и веќе поранешен претседател, Стево Пендаровски е нешто кое што за првпат се случува во македонската демократска историја , истакна претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски од митингот во Маврово Ростуше.

„Многу работи се изнаслушав овие шест години откако сум претседател на партијата, и многу работи како што тие ги замислиле не излегоа како што тие ги кажуваа. Можам да кажам слободно дека ништо не излезе така како што тие кажуваа“, рече Мицкоски говорејќи дека на СДСМ прогнозите не им излегоа како што тие замислуваа.

Мицкоски додаде на СДСМ ништо нема да им се оствари бидејќи граѓаните гледаат кој мисли добро на Македонија. По осми мај ќе победи Гордана Силјановска Давкова и ВМРО-ДПМНЕ.

„Сепак 183.000 гласови е нешто што испишува историја. Последниве години ВМРО-ДПМНЕ заедно со народот испишува историја. Така беше и пред две и половина години на локалните избори кога за првпат една коалиција, политичка партија во независна Македонија од позиција на опозиција заедно со народот успеа да победи во мнозинството општини во Македонија и да освои мнозинство градоначалници“, потсети тој.

Тој посочи дека таа историја од локалните избори продолжи да се испишува и во првиот круг на претседателски избори и така ќе продолжи и на осми мај.

„По осми мај ќе отвориме нова страница за Македонија и ќе ја направиме Македонија онаква каква што нашите генерации сонуваа да биде. Ќе започне процесот на трансформација на Македонија. Доста беа порази, понижувања и грабеж. Ќе отпочне Македонија со својот развој, да бидеме лидери во регионот, да се вратиме во првите пет во Европа“, порача Мицкоски.

Тој истакна дека подобри времиња за Македонија доаѓаат со новата Влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ.

Делови од Нова Каледонија се надвор од државна контрола

Области на пацифичката територија на Нова Каледонија „се надвор“ од државната контрола, изјави денеска претставник на француската влада, најавувајќи нови безбедносни распоредувања по неколкудневното смртоносно насилство.

„Ќе пристигне засилување... за да ги контролираме областите што не се под наша контрола во изминатите денови “, изјави на брифинг високиот комесар на Републиката во Нова Каледонија, Луј Ле Фран.

Вонредна состојба беше воведена на францускиот архипелаг откако противењето на планот на Париз за промена на правилата за гласање таму прераснаа во подметнување пожар, грабежи и насилство, при што загинаа пет, а стотици беа повредени.

Како дел од вонредната состојба, приведени се околу 200 од околу 5.000 „бунтовници“, соопштија француските власти.

Едно лице осомничено за убиство им се предаде на властите, рече Ле Фран на денешниот брифинг.

Немирите започнаа кога француските пратеници ги одобрија плановите да им се дозволи на оние кои се преселиле на територијата пред најмалку 10 години да гласаат на локалните избори.

Работна средба на Стопанската комора со раководството на „Македонија 2025“

Стопанската комора на Македонија денеска ќе реализира работна средба со раководството на „Македонија 2025“ на тема „Големи економски проекти - темели за просперитетна иднина на Македонија“. 

По средбата, која ќе се одржи во просториите на Комората, предвидени се изјави за медиумите од претседателот на Стопанската комора на Македонија Бранко Азески и Мајк Зафировски, еден од основачите на „Македонија 2025“.

Истрели во близина на Амбасадата на Израел во Стокхолм

Шведската полиција приведе неколку лица и блокира голема област во Стокхолм откако патролата слушнала сомнителни истрели.

Полицијата ја блокира областа помеѓу мостот Диргарден во главниот град, Нобеловиот парк и црквата Оскар. Во оваа област е лоцирана Амбасадата на Израел.

Започната е истрага под сомнение за сериозни прекршоци со оружје.

притисни ентер