Мицкоски до Ковачевски: Немаш право да збориш за режим, зашто ако било тоа, ти му аплаудираше

Од народниот митинг во Струмица претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во своето обраќање пред присутните граѓани, меѓу другото, кажа неколку збора и за претседателот на Социјалдемократскиот сојуз, Димитар Ковачевски .

Од народниот митинг во Струмица претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во своето обраќање пред присутните граѓани, меѓу другото, кажа неколку збора и за претседателот на Социјалдемократскиот сојуз, Димитар Ковачевски кој, како што рече, вината за големиот пораз и дебакл на изборите на 24 април ја бара секаде, само не во себе и во своите луѓе.

„Тој секаде и во сите ја бара вината за својот пораз и дебакл само не во себе си и своите луѓе. Многу погрешно потсетува на некои минати времиња, вика и се надвикува на полупразни митинзи дека ќе се врател режимот и не знам уште што. Па сакам да му одговорам. Тој може да се навраќа и за тоа што било пред 10 или 15 години, за тоа што било и пред 50 и сто години, но народот е незадоволен и револтиран затоа што сега лошо живее и затоа што нема пари да си плати сметки за струја, затоа што животниот стандард е уништен“, рече Мицкоски.

Во однос на тоа што Ковачевски го нарекува режим, Мицкоски го потсети на снимките од пред за време на отворањето на новата зграда на МНТ, каде што тој аплаудираше и се восхитуваше на тоа.

„А што се однесува до тоа што тој го нарекува режим, мислам дека нема право да збори, затоа што ако тоа било режим, тогаш тој му аплаудираше на тоа и се восхитуваше на тоа, што и впрочем го видовме на снимките при отворање на МНТ во Скопје пред петнаесетина години. Па токму тој е измеќар на ДУИ партијата која беше соучесник во сите влади овие 20 години. Како ДУИ не е режим и како таа соработка не му пречеше? Но, Димитар доаѓа време кога треба да се стави крај на таквата лицемерна политика, а тој крај е 8 мај кога народот масовно и во голем број ќе излезе на избори и ќе каже доста е“, порача Мицкоски, се наведува во партиското соопштение.

Неверојатна сцена: Девојки по сообраќајка, облеани во крв си прават селфи (ВИДЕО)

Бизарна сцена е снимена во мексиканскиот град Куернавака, каде две девојки доживеале тешка сообраќајна несреќа.

Без разлика на повредите и тоа што се облеани во крв, тие решиле да го овековечат моментот и - да позираат за селфи.

Неверојатната сцена е снимена неколку моменти по несреќата, односно откако излегле од превртениот автомобил, пренесува The Sun.

Гледаме девојки како седат на тротоар и позираат за социјалните мрежи. Во заднина е удрено возило со скршени стакла.

Се испоставило дека едно од девојките е тешко повредено и не може да оди. Откако направиле селфи, им пришол полицаец.

На една од снимките, која заврши на мрежите, гледаме друга девојка како прави селфи покрај возило на брза помош, опкружена со лекари и полицајци.

Настраданите се пренесени во болница, додека властите ги истражуваат деталите за несреќата.

Вечерва во Кавадарци победничка еуфорија пред утрешниот натпревар на „Тиквеш“

Победничка еуфорија пред утрешниот историски натпревар!

Не постои кавадарчанец, кој е рамнодушен за овој натпревар. Сите од срце посакуваме победа!

ЛОЗАРИ само не потсетуваат и ни покажуваат што треба да се случи утревечер!

Сите сме за Тиквеш!, ечеше низ Кавадарци вечерва.

На Клоп му аплаудираа сите, освен најскапиот фудбалер на Ливерпул (ВИДЕО)

Јирген Клоп, сега поранешниот менаџер на Ливерпул, беше испратен во последното коло од Премиер лигата на прекрасен начин од навивачите, клупскиот персонал и играчите.

Една од почестите за Клоп беше шпалир, а сите играчи на Ливерпул му аплаудираа освен еден - уругвајскиот напаѓач Дарвин Нуњез.

Нуњез е играчот за кого Ливерпул плати највисока сума за дојдовен трансфер - 85 милиони евра. Но, незадоволството на Уругваецот растеше во текот на сезоната. Во еден момент од Инстаграм ги избриша сите фотографии на кои е во дресот на Ливерпул, пишуваше дека се скарал со Клоп и дека на лето ќе го напушти клубот.

притисни ентер