Меѓународниот ден на трудот ќе се одбележи со првомајски протест

Меѓународниот ден на трудот ќе се одбележи со првомајски протест и барања упатени до новата влада.

Пораст на платите во приватниот и во јавниот сектор, минимална плата во износ од најмалку 450 евра во првите 100 дена од новата влада, исплата на трошоците за храна во висина од 20 проценти од просечната плата и исплата на трошоците за превоз, се дел од барањата што денеска Сојузот на синдикати ќе ги испорача на протестот организиран по повод Меѓународниот ден на трудот.

Синдикатот бара и ограничување на работата на определено време во исклучителни околности и на максимум една година, право на неработна сабота и зголемена контрола на прекувремената работа, намалување на полното работно време на 35-часовна работна недела и укинување на 72-часовната работна недела на стратешките проекти.

Протестот ќе почне пред Работничкиот дом, ќе продолжи пред Собранието и Стопанската комора и ќе заврши пред Владата.

- Неколку години наназад протестите станаа заштитен знак на ССМ како начин на изразување на работничкото незадоволство од продолжувањето на практиката карактеристична за изминатиот период, а тоа е дека нашите социјални партнери, работодавачите и претставниците на законодавната и извршната власт немаат слух за проблемите на работниците и народот, туку единствено и исклучиво работат за своите интереси. Сведоци сме дека додека платите на работниците се зголемуваат минорно, со забавено темпо и несоодветно на инфлацијата и зголемените трошоци на живот или воопшто не се зголемуваат, функционерите си обезбедија пораст на платите од енормни и незаслужени 78 проценти, се наведува во Првомајскиот проглас на ССМ.

Оценка на ССМ е дека има зголемено кршење на работничките права, а новиот закон за работни односи не се носи веќе шест години, додека последнава година, како што посочуваат, воопшто не се работело на него, односно не биле одржани расправи за надминување на разликите во креирањето на законот меѓу социјалните партнери.

Оттаму нагласуваат дека кај нив има над 10.000 обраќања за прекршени работнички права, а според ССМ, преседан е и тоа што измената на Законот за работни односи со која е воведена можноста за 72 часовна работна недела е направена без социјален дијалог и учество на ССМ како репрезентативен синдикат.

Атак на синдикализмот во државата, според ССМ, е и пресудата на Врховниот суд со која после 18 години судски спор и повеќе од 8 пресуди во корист на ССМ, се одзема Работничкиот дом.

- На идната Влада, ние работниците и порачуваме дека партнерски треба да ги градиме меѓусебните односи со активно учество на синдикатите во креирањето на националните стратегии и политики и доследно почитување на работничките и граѓанските права, во спротивно ќе продолжи трендот на штрајкови и протести како единствен облик на синдикална борба за работничките права и интереси, се наведува во Промајскиот проглас на ССМ.

Меѓународниот ден на трудот се празнува секој 1 мај и е посветен на борбата за зачувување и унапредување на правата на работниците. Овој празник се одбележува во знак на почит кон жртвите на штрајкот што се одржал од 1 до 4 мај 1886 година во Чикаго, организиран со цел воведување на осумчасовен работен ден. Во знак на почит кон жртвите од штрајкот, Втората интернационала на Основачкиот конгрес во 1889 донесе декларација со која се повикуваат работниците од целиот свет на демонстрации на 1 мај со цел подобрување на својата положба.

Меѓународниот ден на трудот е државен празник во повеќе земји во светот. Во државава има статус на државен празник и до 2006 година се празнуваше два дена, а од 2007 година се празнува само на 1 мај.

Како сопругата на Џорџ Клуни доби клучна улога во барањето на МКС за апсење на Нетанјаху?

Амал Клуни (46), сопруга на холивудската ѕвезда Џорџ Клуни (63), одигра клучна улога во барањето на Меѓународниот кривичен суд (МКС) за апсење на лидерите на Израел и Хамас за наводни воени злосторства за време на конфликтот во Појасот Газа.

Главниот обвинител на МКС, Карим Кан, вчера најави дека ќе побара издавање налог за апсење на Бенјамин Нетанјаху, премиерот на Израел, како и за министерот за одбрана Јоав Галант и за тројца лидери на Хамас, меѓу кои и Јахја Синвар. .

Како што објави „Дејлимејл“, Амал Клуни, која има британско државјанство и по потекло е од Либан, е позната адвокатка и нејзината специјалност е заштита на човековите права. Таа е една од шесте правни експерти ангажирани од обвинителот Карим Кан да ги проценат доказите за воени злосторства.

„Како адвокат за човекови права, никогаш нема да прифатам дека животот на едно дете е повреден од животот на друго дете. Не можам да прифатам дека некој конфликт може да биде над законот. И ниту еден сторител на кривично дело не треба да биде над законот“, наведе Амал во соопштението.

Веста за нејзината вмешаност во истрагата на МКС дојде по неколкумесечни критики кон неа затоа што не се изјаснила јавно за време на конфликтот во Појасот Газа и покрај извештаите за смртта на бројни цивили. Според палестинските изјави, од 7 октомври, кога Израел започна војна против Хамас, загинале повеќе од 35.000 луѓе, меѓу кои најмалку половина се жени и деца.

Израел започна воени операции по нападот на Хамас во кој беа убиени околу 1.200 цивили и војници, додека над 200 заложници беа киднапирани и одведени во Појасот Газа. Многумина од оние кои ја критикуваа Амал Клуни сега ја користат приликата јавно да ѝ се извинат.

Меѓународниот кривичен суд е основан во 1998 година според Римскиот статут. Тоа е независна институција која ги гони лицата обвинети за најтешките злосторства што ја загрижуваат меѓународната заедница. Овој суд истражува воени злосторства, геноцид, злосторства против човештвото и злосторства при агресија. Државите можат да ги гонат осомничените пред нивните судови.

Меѓународниот кривичен суд воспоставува јурисдикција само кога државите не се во можност или не сакаат да го сторат тоа - тој е „суд од последна инстанца“ Овој суд нема своја полициска служба и се потпира на државната соработка при апсењето на осомничените.

Казните што ги изрекува Меѓународниот кривичен суд се затвор и парични казни. Израел не е меѓу земјите-членки, а судот е надлежен доколку воените злосторства биле извршени во некоја од земјите што го потпишале нејзиниот основачки договор или биле извршени од некој нивни државјанин.

Ниту Русија, ниту Украина не се меѓу 124-те земји-членки, но Украина ја прифати неговата јурисдикција, што значи дека Меѓународниот кривичен суд може да истражува одредени наводи за злосторства. Од големите сили, САД, Кина и Индија не се членови на судот.

Полицијата ја истражува смртта на Метју Пери- се обидуваат да откријат кој му дал кетамин

Актерот Метју Пери почина во октомври минатата година, а неговата смрт сега е под истрага.

Портпаролот на судскиот совет од Лос Анџелес изјави дека Пери починал од консумирање кетамин и давење.

Полициската управа во Лос Анџелес и Управата за борба против дрога ја истражуваат смртта бидејќи сè уште е отворено прашањето - кој го снабдувал Метју со кетамин.

Истрагата трае со месеци, а клучните личности од Холивуд се испрашувани, изјавил извор за TMZ. Тие рекоа дека на оние на кои им пристапиле инспекторите биле „познати по тоа што имале историја на употреба или злоупотреба на дрога“.

Изворот рече дека интервјуираните „не се нужно вистински добавувачи на кетамин“, но се верува дека имаат информации што би можеле да доведат до изворот, лицето кое му дало на актерот кетамин. Засега никој не е уапсен.

Неговата поранешна девојка Кајти Едвардс пред два месеци побарала полицијата повторно да ја отвори истрагата бидејќи верува дека медицинскиот персонал му давал дрога. Таа вели дека во екот на својата зависност, актерот имал медицинска сестра на брзо бирање која му носела лекови.

Кајти тогаш рече дека треба да се преиспитаат околностите за смртта на Пери и ѝ кажа на полицијата да го испраша медицинскиот персонал „да види дали има договор со некој од нив да му даде малку кетамин на страна“. Тој вели дека не верува дека Метју „купувал кетамин од улица“.

За потсетување, портпаролот на судскиот вештак во округот Лос Анџелес рече: „Одделот за медицински преглед на округот Лос Анџелес (DME) утврди дека причината за смртта на 54-годишниот актер Метју Лангфорд Пери е акутното дејство на кетаминот. Фактори кои придонесуваат за смртта на г-дин Пери вклучува давење, коронарна артериска болест и ефекти на бупренорфин (кој се користи за лекување на нарушување на употребата на опиоиди).

Смртта се смета за несреќа. Точниот начин на земање на лекот не е познат, но странските медиуми пишуваат дека Пери пред смртта подлегнал на инфузиона терапија со кетамин, наводно поради депресија и анксиозност. Обдукцијата, исто така, забележува дека „немало знаци на траума или сомнеж за валкана игра“.

Неверојатна сцена: Девојки по сообраќајка, облеани во крв си прават селфи (ВИДЕО)

Бизарна сцена е снимена во мексиканскиот град Куернавака, каде две девојки доживеале тешка сообраќајна несреќа.

Без разлика на повредите и тоа што се облеани во крв, тие решиле да го овековечат моментот и - да позираат за селфи.

Неверојатната сцена е снимена неколку моменти по несреќата, односно откако излегле од превртениот автомобил, пренесува The Sun.

Гледаме девојки како седат на тротоар и позираат за социјалните мрежи. Во заднина е удрено возило со скршени стакла.

Се испоставило дека едно од девојките е тешко повредено и не може да оди. Откако направиле селфи, им пришол полицаец.

На една од снимките, која заврши на мрежите, гледаме друга девојка како прави селфи покрај возило на брза помош, опкружена со лекари и полицајци.

Настраданите се пренесени во болница, додека властите ги истражуваат деталите за несреќата.

притисни ентер