Меѓународна конференција „Научен и публицистички интегритет во биомедицината“ во МАНУ

Пријавени се 146 учесници, а ќе бидат презентирани 15 трудови.

Во Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ) денеска се одржува конференција со меѓународно учество „Научен и публицистички интегритет во биомедицината“, со која Македонското здружение на медицински уредници (МЗМУ) одбележува 10 години од основањето.

Пријавени се 146 учесници, а ќе бидат презентирани 15 трудови од кои девет од македонски автори, а шест на предавачи од Хрватска, Босна и Херцеговина, Србија и Украина и девет трудови од македонски автори.

Организатори на конференцијата се МЗМУ, МАНУ и Медицинскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, а покровител е ректорката на УКИМ проф. д-р Биљана Ангелова.

-Очекуваме дека оваа конференција ќе има одглас и значајно влијание во доменот на академското публицирање во земјава, во регионот и пошироко. Тоа е период кој не е ниту многу долг, но ниту многу кус. Сакаме да укажеме дека ова е прво вакво национално здружение во Југоисточна Европа. Годините наназад беа исполнети со многу премрежија на општествено политичката сцена во Македонија, војните во Украина и Газа, пандемијата со Ковид-19 и тоа се рефлектираше врз работењето на Здружението. Активностите беа исполнети со многу подеми и падови. Речиси со минимални финансиски средства, успеавме да реализираме многу од нашите цели и задачи, вели во пишана изјава проф. д-р Владимир Трајковски, генерален секретар на МЗМУ.

Тој посочува дека основна цел на здружението е да се подобри квалитетот и нивото на медицинските списанија преку размена на информации и искуства за уредување и издавање на медицинските списанија и воспоставување на правила согласно меѓународните стандарди за научна и публицистичка етика и интегритет. Воедно и континуирана размена на информации и едукација на уредниците и членовите на Уредувачкиот одбор на научните списанија, научниот подмладок и научната заедница во државава, во соработка со Македонската академија на науките и уметностите, соодветните министерства, универзитети и факултети, професионални здруженија и комори, како и со релевантните меѓународни агенции и асоцијации.

- Во сите овие години покажавме дека можеме да се носиме рамноправно со други вакви здруженија од ЕУ и светот, да бидеме лидери во Македонија за едукација и размена на информации за интегритетот и научната и публицистичка етика и превенција на измама во областа на биомедицината. Во сите овие 10 години, преку разни видови активности на Здружението, се трудевме да ја зголемиме свесноста за интегритетот во академското пишување и објавување. Организиравме четири едукативни работилници од кои три за млади научници од биомедицинските и сродни науки. Во периодот зад нас, исто така, два пати ја одбележавме „Меѓународната недела на рецензирањето“ што се одржува во месец септември и имавме четири настани по повод „Меѓународната недела за отворен пристап“ што се одбележува секоја година во месец октомври на светско ниво, информира Трајковски.

Најавува дека членовите на МЗМУ ќе продолжат да споделуваат релевантни информации и да едуцираат млади кадри, да креираат нови проекти и да објавуваат научни трудови, во насока на подобрување на академскиот интегритет и дигнитет.

Мелиса од Јужна Африка е најсекси спортската новинарка на светот (ФОТО)

Веќе навикнавме телевизиите да решаваат на своите канали да ангажираат убави дами кои го сакаат спортот, за да можат гледачите уште повеќе да уживаат во него, а изгледа дека SkySport ја најде можеби најубавата меѓу нив.

Мелиса Реди има 37 години и доаѓа од Јужна Африка, но моментално работи во SkySport, каде што блеска со својата убавина на секој пренос пред широката публика.

Таа е многу активна и на социјалните мрежи каде често разговара со своите „фанови“, додека неодамна одговори на прашање - кои три работи ја одржуваат исполнета.

Таа одговори дека тоа е здравје, мир и среќа, а еден корисник би рекол дека Бог ја наградил со убавина на денот кога се родила.

Тоа со право го кажа со оглед на тоа што Мелиса е една од најубавите водителки на светот.

Мадона на Копакабана ќе настапи пред 1,5 милиони луѓе за финале на големата турнеја

Планетарна ѕвезда, град од соништата, легендарна плажа. Вечерва Мадона ќе се појави пред обожавателите во Рио де Жанеиро на монументален и бесплатен концерт на плажата Копакабана.

На најголемиот концерт во кариерата на поп-кралицата се очекуваат околу 1,5 милиони луѓе. На 65-годишна возраст, американската поп-ѕвезда на тој начин со голем стил ќе ја затвори турнејата The Celebration Tour, одбележувајќи 40-годишна кариера.

На крајот на убавиот есенски ден обележан со летни температури, во самракот ќе светне најголемиот подиум за танцување на светот со настап на неколку диџеи. Нешто пред 22:00 часот (3 часа по средноевропско време) Мадона ќе пешачи директно до плажата и сцената преку мост, поставен специјално за оваа прилика.

По 80 концерти во Европа, Северна Америка и Мексико, настапот во Рио ќе биде големото финале. Атмосферата покрај плажата е празнична и потсетува на опуштената атмосфера на карневалот во Рио. Две јавни проби, во четвртокот и петокот навечер, привлекоа голем број фанови.

Мадона пристигна со три авиони и 270 тони опрема, а нејзиниот концерт ќе донесе околу 53 милиони евра за локалната економија, пресметале градските власти.

Руски хакери ги нападнале Германија и Чешка, реагира и Полска

Полска денеска ги осуди наводните сајбер напади на руската група наречена АПТ28 врз Германија и Чешка, велејќи дека и самата била погодена.

Полска изразува солидарност со Германија и Чешка поради сајбер нападите врз нивните демократски институции и политички партии, се вели во соопштението на полското Министерство за надворешни работи.

Германија вчера ја обвини Русија дека извршува сајбер напади врз нејзината владејачка партија, воздухопловните и одбранбените компании и цели во други земји и предупреди на неодредени последици. „Полска, која беше една од целите на (групниот) напад АПТ28, силно ги осудува повторените, неприфатливи и штетни активности извршени од руски актери во сајбер просторот“, се вели во соопштението.

Во соопштението не се наведени никакви детали за нападот. „Соочена со сè поголемите закани во сајбер просторот, Полска активно работи на заштита на критичната инфраструктура, градење отпорност и зајакнување на сајбер-одбраната.

притисни ентер