По повеќечасовна потрага по урнатиот хеликоптер, Техеран потврди – иранскиот претседател Ебрахим Раиси е мртов. Во трупот од леталото паднат во планински предел во близина на границата со Азербејџан, пронајдени се уште седум жртви, вклучително и иранскиот министер за надворешни работи Хосеин Амир-Абдолахиан. Во моментот на падот, областа била обвиена во густа магла. Веста беше објавена на националната текевизија.
-Хеликоптерот во кој се превезуваше претседател Раиси, нашиот народен претседател кој вчера патуваше кон провинцијата Источен Азербејџан од отворањето на браната Кода Афарин и неколку други проекти се урна на враќање на пат кон рафинеријата Табриз поради лоши временски услови. , вели презентрот на Иранската национална телевизија.
63-годишниот Раиси бил во конвој од три хеликоптери. Се работи за американско летало од моделот „Бел“, според медиумите, произведено во 60-тите години од минатиот век. Дел од експертите сметаат дека поради американските санкции, причина за падот може да е недостаток на резервни делови за леталата со кои се соочува Иран. Жителите на Техеран со неверување ја примија веста.
-Веста навистина не погоди, не само мене, туку и за целиот народ. Сигурно ќе има пречки врз проектите од секојдневниот живот, но ако Бог даде, работите ќе се нормализираат. , вели жител на Техеран.
-Кога ја слушнав веста, почувствував дека губиме важна поддршка. Не верувам дека во моментов имаме закана од надворешни сили. , вели жителка на Техеран.
Врховниот лидер, Ајатолахот Али Хамнеи, за привремен претседател го назначи досегашниот потпретседател Мохамед Мокбер, кој сега ќе има 50 дена да организира нови избори. Раиси важеше за десна рака на 85-годишниот Хамнеи и за негов најзивесена наследник со оглед на возраста и кревкото здравје на ајатолахот.
-Ќе има многу внатрешни теории на заговор, поради тоа што некои мислам дека Раиси може да е кандидат да биде врховен лидер во иднина. Ќе има големи внатрешни расправии за оваа позиција што всушност е многу поважна од претседателската. Тој имаше многи непријатели и ќе има многу шпекулации и теории, особено во земја каде од разбирливи причини луѓето не веруваат во официјалните извори. , вели Џејн Кининмонт, европска мрежа за меѓународна политика.
Раиси се сметаше за ултраконзервативец и немиолосреден лидер, кому и во минатото кога беше државен обвинител му припишуваа стотици егезекуции на противници на режимот. Критичарите ми го дадоа и прекарот Касапот од Техеран, поради неговата наводна улога во ликвидација на политички затвореници во деведесетите години. Беше жесток противник на Израел и кој токму тој го нареди масовниот напад со дронови врз Еврејската држава. Израел негигираше каква било вмешаност за смртта на Раиси.