Јанчев: ГФК Тиквеш 1930 Кавадарци оди во финале во Купот на Македонија!

Спортско Кавадарци денеска има причина за големо славје откако фудбалерите на Тиквеш во драматична завршница во пенал-рулетот го елиминираа Шкупи и се пласираа во финалето од Купот на Македонија.

Ова е прво финале во клупската историја на Тиквеш, па разбирлива е еуфоријата кај кавадарчани, воедно и оптимизмот пред мечот за трофејот што овој тим ќе го води следниот месец против Воска.

Пишуваме историја!

ГФК Тиквеш 1930 Кавадарци/FC Tikves 1930 Kavadarci оди во финале во Купот на Македонија!

Спортско Кавадарци!

Убаво Кавадарци!

Честитки момци, честитки кавадарчани!, објави градоначалникот Митко Јанчев со заедничка фотографија од соблекувалната.

Мицкоски: Дел од економските проекти во Платформа 1198 се предлози од бизнис заедницата

Дел од економските проекти во Платформа 1198 на ВМРО-ДПМНЕ се предлози од бизнис заедницата, ќе ја направиме Македонија просперитетна држава за сите.

Денеска со Стопанската комора Северо - Западна Македонија имавме навистина еден квалитетен состанок.

Состанок на кој што можевме да разговараме за економската програма која што е составен дел на Платформата 1198. Дел од проектите и предлозите кои што ги имаше Стопанската комора се содржани во самата програма Платформа 1198 бидејќи како што кажа претседателот на Комората, ова не е прва состанок, имавме неколку состаноци претходно, и тимови од ВМРО-ДПМНЕ има состаноци со претставници на Комората.

Мислам дека сето она кое што е реално, кое што можеме да го оствариме ние го опфативме во самата предизборна програма и цениме дека тоа во најголема мера ќе биде одговор на реалните потреби на бизнис заедницата.

Секако секој совет од реалниот сектор, секој совет кој што доаѓа од бизнис заедницата кој што се темели на реални искуства за нас е добре дојден. Човек учи додека е жив, не смееме да бидеме луѓе кои што нема да прифаќаат совети и ќе престанат да учат.

Јас сум барем човек кој што сака континуирано да разговара и низ еден дијалог сите заеднички да дојдеме до она што е за нас заедничка цел, а тоа е да имаме држава просперитетна, држава која што вистински ќе биде европска по сите параметри. Држава која што граѓаните ќе остануваат, а не да се селат. И Македонија која што ќе биде држава за сите, подеднакво буквално за сите. И држава во која што ќе можеме сите да бидеме среќни.

Благодарност до Комората, благодарност до претседателот кој што навистина секогаш кога сме имале состанок, состанокот бил во еден конструктивен амбиент, пријателски, амбиент во кој што можеме да извлечеме максимум, а потоа и сето тоа да го примениме.

Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕЦентар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

„Шаоми“ ја претстави новата серија паметни телефони

Со новата серија паметни телефони „Шаоми 14“, кинескиот технолошки гигант ги помести границите на фотографијата, велат познавачите. 

Се покажа дека професионалната камера може да се воведе и во секојдневна употреба, така што за добра фотографија е потребен само современ паметен телефон.

„Шаоми“ ја претстави 14-та серија паметни телефони на саемот во Барселона. Уредот работи на „Хајпер-ОС“ (HyperOS) со основите на „Aндроид 14“, а со помош на моќниот „Квалком снепдрагон 8 ген 3“ чип.

На задната страна има четири камери со квалитетот на 50 мегапиксели. Ултра-широката камера покрива 122 степени и благодарение на тоа и другите професионално-фотографски одлики, сликите ќе имаат одличен квалитет.

Распишани конкурсите за државните награди „11 Oктомври“ и „22 Ноември“

Министерството за култура соопшти дека денеска се распишани конкурсите за државните награди „11 Oктомври“ и „22 Ноември“ за 2024 година.

Со државната награда „11 Октомври“ се оддава највисоко признание за животно дело во областа на науката, уметноста, стопанството и во другите дејности од јавен интерес на државата. Наградата се доделува на поединци, група творци, екипи, установи, трговски друштва и здруженија на граѓани од земјава.

Со државната награда „22 Ноември“, пак, се оддава признание на личностите од политичкиот, културниот и општествениот живот во нашата држава кои дале свој придонес во унапредување на меѓучовечкиот соживот и меѓусебно разбирање меѓу припадниците на различните заедници, култури и вери.

Во соопштението се посочува дека конкурсите за државните награди „11 Oктомври“ и „22 Ноември“ за 2024 година траат од 1 до 31 мај 2024 година.

Конкурсите се објавени и на веб–страницата на Министерството за култура на следните линкови:

Државна награда „11 Октомври“ – https://kultura.gov.mk/wp-content/uploads/2023/10/odluka-3.pdf

Државна награда „22 Ноември“ – https://kultura.gov.mk/22-%d0%bd%d0%be%d0%b5%d0%bc%d0%b2%d1%80%d0%b8/

притисни ентер