Инфлација во Аргентина достигна околу 290 отсто

Централната банка во вчерашното соопштение вети дека ќе им го олесни товарот на многу Аргентинци, буквално, кои мораат да носат огромни торби, понекогаш дури и куфери, со голема сума готовина за мали трансакции.

Цените во Аргентина пораснаа толку драматично во последните месеци што владата на претседателот Хавиер Милеи беше принудена петкратно да го зголеми износот на најголемата аргентинска банкнота, и таа сега изнесува 10.000 пезоси, што е приближно десет американски долари.

Централната банка во вчерашното соопштение вети дека ќе им го олесни товарот на многу Аргентинци, буквално, кои мораат да носат огромни торби, понекогаш дури и куфери, со голема сума готовина за мали трансакции.

Годишната стапка на инфлација во Аргентина во март достигна 287 отсто и е меѓу највисоките во светот.

Новата банкнота треба да излезе следниот месец „за да се олеснат трансакциите меѓу корисниците“, соопшти централната банка.

Во моментов 10.000 пезоси, на колку што ќе гласи банкнотата, официјално вредат 11 американски долари, а на црниот пазар 9 долари.

Во цела Аргентина, готовината, особено банкнотата од 1.000 пезоси, останува најпопуларниот начин на плаќање.

Кога се појави во оптек во 2017 година, банкнотата од 1.000 пезоси имаше вредност од 58 американски долари на црниот пазар. Сега вреди еден долар.

Со оглед на најтешката финансиска криза во Аргентина во последните две децении и нестабилноста што ја предизвика, продавачите ја фаворизираат „готовината“ пред безготовинското плаќање и нудат големи попусти за оние кои плаќаат во готово.

Милеи дојде на власт како политички аутсајдер минатиот декември, ветувајќи дека ќе ја намали инфлацијата и ќе го стабилизира пезосот со промена на политиките на претходните левичарски влади, кои печатеа пари за да ја финансираат јавната потрошувачка.

Но, острите мерки за штедење на владата на Милеи ги ставија цените на американско и европско ниво, што тешко ги погоди обичните Аргентинци, а закажан е и голем национален штрајк.

Милеи, и покрај високата инфлација, вели дека неговиот план функционира.

Аргентина исто така најавува банкнота од 20.000 пезоси, но подоцна годинава.

Зошто не треба да ја перете облеката во машина на 30 или 40 степени

– Обратете внимание на следниве работи!

Ниските температури се погодни за развој на бактерии.

Неодамнешните истражувања открија дека ниските температури на водата во која се перат алиштата не само што не ги елиминираат бактериите, туку им овозможуваат да преживеат и дополнително да се развијат. Микробиолозите предупредуваат дека бактериите може да преживеат дури и ако телото има само 30 степени.

За да се намали ризикот од ширење бактерии преку облеката, експертите препорачуваат перење на алиштата на температура од најмалку 60 степени, особено кога се работи за детска облека, која е подложна на поголем ризик од инфекции.

Исто така, истражувањата покажале дека патиките, кои често се перат на пониски температури, може да содржат и до 10.000 микроорганизми кои преживуваат за време на перењето и остануваат во машината за перење.

Ова може да биде потенцијален извор на зараза за другите алишта што се перат во истата машина.

За да бидете сигурни дека бактериите се отстранети од машината за перење, експертите препорачуваат повремено да ја пуштите машината празна на најмалку 90 степени. Овој едноставен чекор може да ви помогне во одржувањето на хигиената и спречувањето инфекции преку облеката. Здравјето е важно, а правилната хигиена на облеката игра клучна улога во тоа.

Оваа жена ја „гази“ шестата деценија, а има густа и долга коса

Eве ја нејзината тајна која не ја откриваат ни фризерите!

Ако сте одлучиле да ја пуштите косата, советите од оваа жена со коса до струкот ќе ви бидат добредојдени.

Долгата и здрава коса е симбол на младоста и често ја носат младите девојки. Многу ретко може да се види жена во посериозни години со квалитетна и здрава коса. Многумина веруваат дека оние кои можат да се пофалат со тоа, имаат добра генетика. Но, дека тоа не е секогаш така докажува и инфлуенсерката Рене Фламанд која во своите 50-ти може да се пофали со бујна и здрава коса.

Со оглед на тоа што таа редовно споделува слики од нејзината коса, расположена е и да одговара на прашањата од љубопитните придружници, или дами кои бараат совет.

Таа открива дека ја одржува својата коса здрава и долга, објаснувајќи дека косата и расте околу еден и пол сантиметар месечно, а должината на новата коса достигнува и до 15 сантиметри годишно. Оваа инфлуенсерка истакнува дека ретко ја крати косата, иако фризерите препорачуваат редовно потстрижување за косата да има здрави врвови.

- Имав долга коса неколку пати во животот и кога велам долга, мислам до задникот. И единствено може да расте ако не ја сечете.

Сепак, според неа, за да ја одржите косата здрава, треба да избегнувате да ја третирате со топлина. Од јануари, како што изјавила инфлуенсерката, отсекла само еден сантиметар и тоа кадрица што ѝ останала од пред четири години. Поминале месеци, а таа не ја кратела косата.

Испуканите врвови ги крати сама

Оваа инфлуенсерка навела дека, ако види испукани краеви, не чека косата да ѝ расте, туку сама ги отстранува. Што се однесува до обликување на косата, таа открива дека никогаш не користи фен и пегла, а не се ни сеќава кога последен пат го направила тоа, косата ја суши исклучиво природно.

-Не можам да се сетам кога последен пат сум користела алатка за стилизирање на косата. Можеби пред 30 години? Мислам дека користев во средината на 90-тите - открива Рене.

Косата ја мие само еднаш неделно, а кога ќе го тргне пешкирот од глава, задолжително ја протресува и таа се суши за два часа на природна температура.

Покрај тоа, Рене ги советува жените да ја прифатат својата природна коса, бидејќи таа сакала промена и направила минивал, затоа имала кадрици. Како што вели, нејзе ѝ се допаѓа и црвена и црна коса, но решила да ја пушти својата природна коса иако многумина ѝ сугерирале дека изгледа старо, пренесува британски „Сан“.

Нејзината коса изгледа сјајно само затоа што таа не ја третира со фен или пегла и не ја бојадисува.

Многумина ги коментирале нејзините фотографии, фалејќи го квалитетот на косата на оваа средовечна жена и благодарејќи ѝ за споделените совети.

- Јас сум фризер и ова се факти.

- Секогаш кога некој ќе ме праша како да му порасне косата, јас буквално му одговарам „не шишај се“.

- Доколку постојано ја третирате и стилизирате, неопходно е да ги кратите врвовите за да избегнете кршење на косата и расцепени врвови.

- Како фризерка која има долга коса, сето ова е 1000 проценти точно! Верувајте ѝ на оваа жена, не лаже – беа дел од коментарите.

Многумина потврдија дека ако косата е правилно негувана и ако избегнувате топлина, таа може да расте и не бара шишање во тој случај. Една корисничка признала дека имала слична ситуација и дека косата многу ѝ пораснала кога не ја кратела. Освен тоа, не ја ни бојадисувала, и како што признава, заштедила многу пари.

притисни ентер