Грешници

Од понеделник до петок во 19:00 часот.

Гневот е зандана за нашите души, станавме луѓе со очи од пепел, со очи од мрак. Се’ покус ни е поривот за плач и се’ потесен кројот на нашата кожа. Гревот – ерес ни е! Чија е казната што ја плаќаме ние?

Една поинаква приказна за љубовта, одмаздата и гревот!

Орхун Демирханли е успешен деловен човек кој израснал во богато семејство, но без љубов, заедно со неговата сестра близначка Нихан, помладата сестра Нуршах и нивната ладна, бесчуствителна мајка, Афифе.

Нихан оди во Еритреја како лекар - волонтер и покрај неодобрувањето на нејзиното семејство. Но, по некое време семејството губи секаков контакт со неа. Како глава на семејството, Орхун решава да замине во Еритреја за да ја врати својата сестра во Истанбул. Сосема случајно, среде пустина, наидува на Хира, убава, млада девојка која е затвореник на локална банда, трговци со луѓе. Тој ја спасува Хира од овие луѓе но, не успева да ја спаси и својата сестра.

Кога дознава за смртта на својата сестра, Орхун се распаѓа. Изгубен во виорот на омразата тој решава да ги казни сите што имаат врска со смртта на Нихан.

Ја зема Хира во Истанбул и и’ го загорчува животот. Тој решава дека ќе ја убива секој ден по малку, секој здив и го претвора во отров, правејќи и’ да го плаќа својот грев одново и одново... Но, со текот на времето многу тајни излегуваат на виделина, многу вистини се откриваат...

Дали, Хира е осудена на заробеништво цел живот или пак судбината има поинаков план за неа?

Дали, кога грешниците ќе си ги исплатат своите долгови следува искупување?

Дали, од ваква омраза може да се роди вистинска љубов?

Осуммина повредени во украински напад на Белгород, оштетени речиси 20 станбени згради

Во украинскиот воздушен напад врз руската област Белгород во текот на ноќта осум лица се повредени, а оштетени се многу станбени згради и автомобили, соопшти денеска гувернерот на тој регион Вјачеслав Гладков.

Тој на Телеграм наведе дека меѓу повредените има и 11-годишно девојче, кое е хоспитализирано и додаде дека се оштетени повеќе од 30 станови во 19 станбени згради.

Како што јавуваат странските агенции, руските сили за воздушна одбрана собориле 15 ракети „Вампир“ и едно беспилотно летало во регионот на Белгород, две беспилотни летала во областа Брјанск, како и три беспилотни летала во областа Курск.

Пленковиќ им ја честита победата на Мицкоски и Сиљановска-Давкова

Хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ му ја честита победата на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на вчерашните парламентарни избори, како и на „новоизбраната претседателка на земјата“.

- Честитки до Христијан Мицковски на убедливата изборна победа на ВМРО-ДПМНЕ. Со нетрпение очекувам да продолжи одличната соработка меѓу Хрватска и Македонија, чиј европски пат силно го поддржуваме. И честитам и на новоизбраната претседателка Гордана Сиљановска-Давкова, напиша Пленковиќ на Х.

Русија и Кина планираат да постават нуклеарен реактор на Месечината

Русија започна со развој на нуклеарна централа за планираната заедничка лунарна станица со Кина, изјави Јуриј Борисов, шеф на руската вселенска агенција Роскосмос.

Борисов, поранешен заменик-министер за одбрана, во март изјави дека Москва ја разгледува идејата за напојување на електраната со нуклеарна енергија.

„Русија и Кина ја разгледуваат можноста за поставување нуклеарен реактор на Месечината во периодот од 2033 до 2035 година, што еден ден ќе овозможи изградба на лунарна населба“, изјави тогаш Борисов.

„Сериозно го разгледуваме проектот за испорака и инсталирање енергетски реактор на површината на Месечината заедно со кинеските колеги“, изјави Борисов.

Во Русија моментално се активни 11 нуклеарни централи, додека во Кина се активни 55 нуклеарни реактори.

Борисов во март рече дека соларните панели нема да можат да произведат доволно електрична енергија за напојување на идните населби на Месечината, додека нуклеарната енергија би можела.

Тој додаде дека тоа е голем предизвик и треба да се направи без човечко присуство. Борисов потврди и дека Русија планира да изгради товарен вселенски брод на нуклеарен погон.

притисни ентер