Голем пожар во Русија- горат 20 згради (ВИДЕО)

Руските пожарникари го локализираа пожарот кој зафати 20 станбени и комунални згради во југоисточната руска република Бурјатија, но нема извештаи за повредени или жртви.

„Министерството за вонредни состојби ги зголемува силите и ресурсите на лице место“, соопштуваат од Министерството, пренесе Тас.

Соопштено е дека од пожарот биле зафатени околу десет илјади квадратни километри.

@malyavky24hihi #бурятия#пожар ♬ оригинальный звук - haha

Федералната шумска служба објави дека можна причина за вонредната состојба е шумски пожар или мал пожар предизвикан од луѓе.

До брзо ширење на пожарот довело и силен ветер со налети од околу 28 метри во секунда.

Маринакис: Во никој случај нема да ги ратификуваме меморандумите

Портпаролот на грчката влада Павлос Маринакис и во најновото интервју за Тв Скај, упатил критики до Сириза за одлуката да ги донесе меморандумите од Преспанскиот договор во Парламентот.

Тој го повторил ставот дека владата е против носењето на овие меморандуми.

Палевски се очекува да биде донесен пред судија на претходна постапка

Во секој момент се очекува пред судија на претходна постапка во Кривичнииот суд да биде донесен од затворот во Шутка, првоосомничениот за убиството на Вања и Панче, Љупчо Палевски Палчо.

Таму е Елизабета Дамјановска Спасеновска.

Бети се очекува Палевски да се изјасни за притворот кој му беше одреден во отсуство?

Во видеото погледнете го целиот извештај.

ЕУ обвинета за финансирање операции за отфрлање мигранти во Сахара

Европската унија денеска соопшти дека е „тешка ситуацијата“ откако новинарски конзорциум објави дека Тунис, Мароко и Мавританија се вклучени во операции за отфрлање мигранти во пустината - со директна помош од фондовите на ЕУ.

„Ова е тешка ситуација. Тоа е ситуација која брзо се движи и ние ќе продолжиме да работиме на тоа“, рече портпаролот на Европската комисија, Ерик Мамер.

Тој одговараше на истрагата објавена од Lighthouse Reports во соработка со изданија како „Монд“ и „Вашингтон пост“.

Во извештајот се вели: „Европа поддржува, финансира и е директно вклучена во тајните операции во северноафриканските земји за носење на десетици илјади црнци во пустината или оддалечените области секоја година за да ги спречи да дојдат во ЕУ“.

Во него се опишува „систем на масовно раселување“ што се „водеше благодарение на парите, возилата, опремата, разузнавачките и безбедносните сили обезбедени од ЕУ и европските земји“.

Во извештајот се вели дека бегалците и мигрантите во Мароко, Мавританија и Тунис „се апсат врз основа на бојата на нивната кожа, се товарат во автобуси и се возат често до сушните пустински области“, без вода и храна.

Други, наводно, биле однесени во пограничните области каде што, наводно, биле „продадени од властите на трговци со луѓе и банди кои ги мачат за откуп“. /МИА

притисни ентер