Фото: Никол Кидман во златен фустан

Актерката Никол Кидман  доби историско признание, и докажа дека е вистинска ѕвезда на филмската индустрија.

Мегапопуларната актерка неодамна ја доби наградата AFI (American Film Institute Lifetime Achievement) за животно дело и вклученост во филмската индустрија. Со тоа таа стана првата Австралијка која ја добила оваа престижна награда во Лос Анџелес.

На доделувањето на наградата на кое присуствувале многу колешки на Никол, сексапилната актерка блесна во златен долг и елегантен фустан кој ја истакна нејзината соврѓена става.

Уапсен шефот на кадровската администрација во руското Министерство за одбрана

Јуриј Кузњецов, шеф на главната кадровска управа на Министерството за одбрана на Русија, е уапсен под сомнение дека примил мито, изјави официјалниот претставник на Истражниот комитет на Русија, Светлана Петренко.

-Главната истражна управа на Истражниот комитет на Русија покрена кривична постапка против шефот на кадровската управа на Министерството за одбрана на Русија, Јуриј Кузњецов. Тој е осомничен за примање голем поткуп (6 дел од член 290 од Кривичниот законик на Русија), објави Петренко.

Според информациите на истрагата, Кузњецов е 2021-2023 година кога бил шеф на Осмата управа на Генералштабот примил поткуп од претприемач „за извршување одредени дејствија во нивна корист“.

При претресот кај генералот биле пронајдени пари во вкупна вредност од над 100 милиони рубљи во различни валути (околу еден милион долари), златници, колекционерски часовници и луксузни предмети.

Судот му определи мерка притвор на Кузњецов.

Анкета на ИРИ за Западен Балкан: Силна поддршка за членството во ЕУ

Анкета на ИРИ за Западен Балкан: Силна поддршка за членството во ЕУ, нападите на Русија врз Украина се неоправдан.

Последното мултинационално истражување за Западен Балкан од страна на Центарот за анкетни истражувања (CISR) на Меѓународниот републикански институт (ИРИ) покажува широка поддршка за приклучувањето кон Европската унија (ЕУ) и силно мнозинство кое ја смета руската војна против Украина за неоправдана. Анкетата е спроведена во Албанија, Босна и Херцеговина (БиХ), Косово, Македонија, Црна Гора и Србија во периодот меѓу 2 февруари и 5 март 2024 година, соопшти ИРИ Македонија.

На прашањето дали би го поддржале приклучувањето кон ЕУ доколку денес се одржи референдум, во пет од шесте земји силно мнозинство би гласало за приклучување кон Унијата и тоа од 68 отсто во Македонија и во Босна и Херцеговина до 92 отсто во Албанија. Во Србија, повеќето од 40 отсто го поддржуваат приклучувањето кон ЕУ.

Пол Мекарти, директор за Европа во ИРИ, коментирајќи ја анкетата оценува дека постои силна желба низ Балканот за зајакнување на врските со западните економии и за приклучување кон ЕУ.

- Оваа широка поддршка покажува дека луѓето од целиот регион веруваат дека понатамошната интеграција во Европската унија може да помогне за постигнување одржлив просперитет, вели Мекарти.

Всушност, кај приоритетите на граѓаните за владите на Западен Балкан доминираат економските прашања. Освен Албанија, каде што невработеноста е главен проблем, високите цени и трошоците на живот претставуваат најголема грижа за граѓаните во другите пет земји од Западен Балкан. Покрај тоа, во сите шест земји, корупцијата се појавува како еден од првите три приоритетни проблеми.

Анкетата, исто така, покажа дека мнозинството во пет од шесте анкетирани земји верува дека руската војна против Украина е целосно или донекаде неоправдана. Во Србија, пак, повеќето од 49 отсто целосно или донекаде ја оправдуваат Русија.

- Иако овие бројки се претежно позитивни, српските одговори се вознемирувачки. Доколку мирот и безбедноста се долгорочни цели на Балканот, подобра опција за Србија ќе биде да ги отфрли руските предлози и да изгради посилни врски со Западот, смета Пол Мекарти од ИРИ.

Анкетата за ИРИ ја спроведе Ипсос. Податоците се собрани преку интервју лице-в-лице кое беше администрирано со компјутерски асистирано лично интервју (CAPI) во домовите на испитаниците со користење на метод на повеќестепена веројатност кој е дизајниран да резултира со репрезентативни примероци на национално ниво во секоја од земјите. Стапките на одговор се движат од 21% до 40%. Големината на примерокот по земја варира меѓу n=1.036 и n=1.238, а маргината на грешка се движи од 2,8 до 3,0 поени.

Во Србија бројот на мигранти е намален за 73 отсто во однос на минатата година

Српската комесарка за бегалци и миграција Наташа Станисављевиќ изјави дека бројот на мигранти во Србија е намален за 73 отсто во однос на лани, а дека намалувањето на бројот на мигранти датира од минатата есен.

Таа за весникот „Политика“ изјави дека тоа во голема мерка е резултат на нововоспоставената соработка меѓу властите на Турција и Грција на полето на спречување на нерегуларна миграција на Егејското Море и на копнената рута.

„Состојбата со миграцијата во Србија е стабилна - сите институции се одговорни и континуирано си ја вршат својата работа и се подготвени доколку има зголемен број на мигранти“, рече Станисављевиќ.

Според податоците на Комесаријатот за бегалци и миграции, од почетокот на годинава се регистрирани вкупно 6.705 лица, а во однос на истиот период од претходната година кога биле регистрирани 24.640 мигранти, тоа претставува намалување за 17.935. лица.

притисни ентер