ФИФА се соочува со тужба поради згуснатиот календар

Сите три европски клупски натпреварувања ќе бидат проширени со по 36 екипи од следната сезона,а дополнително, од 15 јуни до 13 јули 2024 година во САД ќе се одржи и Светското клупско првенство на ФИФА со 32 екипи.

Светската фудбалска федерација (ФИФА) е повикана да ги преразгледа плановите за организација на Светското клупско првенство со 32 екипи на крајот на следната сезона или во спротивно ќе се соочи со правна постапка од страна на синдикатот на играчи ФИФПРО и Асоцијацијата на светските лиги.

Сите три европски клупски натпреварувања ќе бидат проширени со по 36 екипи од следната сезона,а дополнително, од 15 јуни до 13 јули 2024 година во САД ќе се одржи и Светското клупско првенство на ФИФА со 32 екипи.

Меѓународната федерација на професионални фудбалери (ФИФПРО) и Асоцијацијата на светските лиги изразија загриженост за проширените натпреварувања во писмо упатено до претседателот и до генералниот секретар на ФИФА, Џани Инфантино и Матијас Графстром, пренесува денеска Би-Би-Си.

Во писмото се вели дека таквиот распоред „ги загрозува националните лиги и влијае на здравјето и благосостојбата на играчите“.

Двете здруженија имаат намера да ги поднесат своите прашања до Советот на ФИФА на состанокот закажан за 17 мај во Бангкок.

Доколку ФИФА одбие да се заложи за решавање на проблемот, двете здруженија најавија дека ќе се советуваат со своите членови околу натамошните опции, не исклучувајќи притоа и преземање правни мерки против ФИФА.

Бекам се пофали со ново хоби, фановите воодушевени: И кокошките ти се убави (ВИДЕО)

Дејвид Бекам се пофали со своето ново хоби на Инстаграм и ги насмеа обожавателите.

Поранешниот фудбалер поставил кокошарник на својот имот вреден 7 милиони евра, каде живее со сопругата Викторија.

„Добро утро“, напиша тој заедно со видеото на кое се шета низ градината со кокошки и петел што го следат, што ги насмеа фановите.

Видеото собра дури 3,1 милион лајкови и бројни коментари.

„Дури и твоите кокошки изгледаат добро“, напишал еден фан, а многу фанови се согласија.

Инаку, Дејвид и Викторија почнаа да се занимаваат со органско земјоделство за време на пандемијата, а освен кокошки имаат и овци и произведуваат мед.

Богатството на кралот Чарлс III е зголемено за 10 милиони фунти, но премиерот Сунак е побогат

Личното богатство на британскиот крал Чарлс Трети се зголемило за десет милиони и сега изнесува вкупно 610 милиони фунти.

Како што објави „Дејлимејл“, кралот Чарлс Трети сега е побогат од неговата мајка кралицата Елизабета Втора, чиј личен имот бил проценет на 370 милиони евра.

Кралот, кој ја презеде функцијата пред неполни две години, моментално се наоѓа на 258. место на листата на најбогати луѓе во Велика Британија. Минатата година Чарлс III беше на 263-то место на оваа листа. Британскиот монарх го зголемил своето богатство благодарение на растот на вредноста на недвижниот имот што го поседува, а претходно ѝ припаѓаше на кралицата Елизабета Втора.

Списокот на имоти на кралот Чарлс III ги вклучува само неговите лични имоти, а не и оние што ги поседува кралското семејство. Потсетуваме дека британската кралица Елизабета Втора почина на 8 септември 2022 година.

Таа на тронот помина 70 години и 214 дена. Таа е вториот монарх во светот со најдолго владеење во историјата по францускиот владетел Луј XIV, кој на тронот поминал 72 години и 110 дена.

Интересно е што кралот Чарлс не е најбогат меѓу јавните личности, односно оние кои се занимаваат со државни работи. Британскиот премиер Риши Сунак и неговата сопруга Акшата Мути заработија нови 120 милиони фунти во последната година. Вредноста на нивното богатство се проценува на 651 милион фунти.

Шоу во тајванскиот парламент- пратеник го украде законот, сите го бркаат, снимката е хит(ВИДЕО)

Тајвански пратеник стана хит на социјалните мрежи откако се обиде да го спречи усвојувањето на закон на бизарен начин: го грабна законот и истрча од Претставничкиот дом.

Инцидентот се случил денеска, непосредно пред новоизбраниот претседател Лаи Чинг-те да ја преземе функцијата, пренесе Јутарњи лист.

Утринската седница веќе била напната, пратениците викаа и се туркаа, уште пред да се донесе законот. Ситуацијата ескалирала кога пратеникот, кој го добил прекарот „Бил бандит“ го грабнал законот и истрчал кон излезот, додека останатите го бркале.

Видеото споделено на социјалната мрежа Х, собра повеќе од девет милиони прегледи, а во коментарите има и шеги на сметка на пратеникот.

„Тој ги зеде работите во свои раце! Вакви ситуации гледаме само во филмовите“, напишал еден во коментар, додека други шпекулираат дека Тајван ги произведува повеќето компјутерски чипови во светот, но судејќи според видеото, можеби немаат фотокопири.

притисни ентер