Димитриевски: ЗНАМ нуди вистински решенија за состојбите во Македонија

Кандидатот за претседател на државата од Движењето ЗНАМ – За наша Македонија, Максим Димитриевски, денеска имаше средби со граѓаните на Ѓорче Петров.

Тој во изјавата за медиумите рече дека сака да одговори на прашањата што му биле упатени околу повикот за ненапаѓање и повикот за македонско национално единство дадени од претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Мицковски.

„Мене ми е мило, рече Димитриевски, што конечно сите тие големи политички субјекти, што се претставуваат како гоеми политички субјекти ја сфатија суштината и заложбата на ЗНАМ. Од првиот момент ЗНАМ како нов политики субјект во државата најави дека по завршување на парламентарните избори, пред да влезе во договор, разговор и преговор со идните коалициони партнери, ќе излезе со една декларација за дефинирање на македонските црвени линии и де факто потврдување на македонска национална платформа. Тоа би значело дополнително и повисоко ниво на соработка на мултикултурен и мултиетнички план“. Во однос на ненапаѓањето, Димитриевски појасни:

„Ние како партија не прогласуваме мораториуми, бидејќи немаме намера и не напаѓаме политички субјекти кои се во опозиција.Водиме позитивна кампања. Но, притоа сакам да истакнам дека денешнава состојба којашто е лоша и никогаш не била полоша во државата е резултат на владеење на два политички субјекта од македонскиот блок и еден политички субјект од албанскиот блок, тоа е ДУИ. Ваквите повици не можат никого, ниту колективно, ниту индивидуално, да изземат од каков било вид на одгворност во претходниот период на владеење“, рече Димитриевски и додаде:

„ЗНАМ е нова политичка сила која нуди решенија, и нашата цел е граѓаните да ги обединуваме, бидејќи и јас како кандидат, а и самиот политички субјект произлегува од граѓаните, ние сме со граѓаните и имаме намера да работиме за граѓаните“.

Запрашан дали прифаќа вакво национално обединување, Димитриевски одговори дека:

„Не да прифатам, ние како ЗНАМ први во државата излеговме со еден ваков повик и мило ми е што веќе има втор“. Тој објасни дека по втор пат се случува плагијат на идеја на ЗНАМ од страна на ВМРО ДПМНЕ. Првиот со неговото решение во делот како да се надмине проблемот со уставните измени и со Бугарија и сега околу идејата за обединувањето.

Ние, рече Димитриевски, - директно работиме на дефинирање на македонските црвени линии и национална платформа на Македонците во државата. Мора да се обедииме како народ, без разлика на нашата политичка различност“. Тој рече дека исклучил каков било вид соработка, постизборна соработка со ова актуелно раководство на СДСМ, за коешто смета дека поради тоа што од една државотворна партија ја направило таква каква што е денес, треба да понесе не само политичка одговорност, туку пред се и кривична одговорност, заедно со добар дел од нивните коалициони партнери од ДУИ, бидејќи, како што рече, направиле голема штета и корупцијата си го дава својот резултат. На констатацијата дали тоа значи дека е можна соработка со ВМРО ДПМНЕ, Димитриевски одговори:

„Според она што го гледам како досега функционираа нештата особено во делот на фамозното гласање на измените во Казнениот законик, суштински во јавноста имаме разногласија, а во парламентот се обезбеди мнозинство од страна на владеачката структура на СДСМ и ДУИ,но сепак кворумот го обезбеди опозицијата. Тоа потврдува еден вид и начин на соработка помеѓу нив и сметам дека е крајно лицемерно кон јавноста. Ние сме подготвевни во следниот период да делуваме, како што делуваме и сега, како независен субјект. Секако ќе разговараме за идна соработка, но може ќе не изненади и фактот на една општа коалиција. Во тој случај ЗНАМ ќе остане со граѓаните и ќе биде конструктивна опозиција“, потенцира Димитриевски.

Запрашан што им порачува на граѓаните на Ѓорче Петров и каква програма нуди, Димитриевски рече:

„Нашата програма е јасна, со пет начела и пет приоритети со рокови. Многу пати ја имаме елаборирано. Денеска би се задржал на темата за македонското национално единство, што е еден од нашите приоритети. Личните антагонизми треба да се стават во втор план, а на прво да бидат граѓаните. Јас, како Претседател, доколку ја добијам довербата, ќе имам можост со реализација на моите надлежности, да придонесам во државата да се врати правдата и казнивоста за сите, а особено со измени во казнениот закон со кои ќе има поголеми казни за носителите на јавни и државни функции“. Караванот на претседателскиот кандидат на Движењето ЗНАМ – За наша Македонија, Максим Динитриевски, попладне и вечер ќе биде во Велес и велешко.

Нетанјаху: Ќе направиме сè што е потребно за да победиме, вклучително и Рафа

Додека Хамас тврди дека ги проучува најновите израелски предлози за прекин на огнот во „позитивен дух“, израелскиот премиер го повтори своето ветување дека без оглед на тоа ќе почне копнена инвазија на Рафа во јужна Газа.

- Ќе направиме сè што е потребно за да ги победиме нашите непријатели, вклучително и Рафа, соопшти кабинетот на Нетанјаху.

- Имаше разлики во мислењата меѓу нас во врска со операциите на блиските и далечните боишта. Но, на крајот од дискусијата донесов одлука и таа беше прифатена, ја пренесува Ал Џезира изјавата на израелскиот претседател. /МИА

Полскиот претседател предложи зајакнување на националниот одбранбен систем

Полскиот претседател Анджеј Дуда поднесе до парламентот нацрт-закон за зајакнување на одбранбената готовност, поради новите форми на закани од Русија, соопшти денеска Националната служба за безбедност (ББН).

Според предлогот, генералната и оперативната воена команда ќе се спојат во едно тело.

Нацртот предвидува и нови постојани одбранбени планови кои обезбедуваат способност на војската веднаш да одговори на ненадејни закани и има за цел да го подобри протокот на информации и координацијата меѓу цивилните и воените власти на Полска.

- Предлогот предвидува воведување промени во воените и невоените области, зајакнување на способноста за спротивставување на хибридните закани и директна вооружена агресија, се наведува во соопштението на ББН.

Се додава дека предлозите се „одговор на промените во безбедносното опкружување, вклучително и новите форми на закани од Руската Федерација насочени против Полска и другите земји од Европската унија и НАТО“.

Руската амбасада во Полска соопшти дека не е во можност да го коментира соопштението на ББН бидејќи не е запознаена со тоа на какви „нови“ и „стари“ облици на наводни закани од Руската Федерација насочени против Полска и други земји од ЕУ и НАТО се мисли.

Полска ги зголеми своите воени трошоци на над четири отсто од бруто домашниот производ, што е повеќе од препораките на НАТО. /МИА

Херцог: Омразата и антисемитизмот ги контаминираа американските универзитети

Израелскиот претседател Исак Херцог денеска го осуди „застрашувачкото оживување на антисемитизмот“ во светот, особено во САД, каде „универзитетите се контаминирани со омраза и антисемитизам“.

„Угледните универзитети, центри за историја, култура и образование се контаминирани со омраза и антисемитизам“, рече Херцог.

Во американските универзитетски кампуси „со ужас гледаме како се слават и оправдуваат злосторствата врз Израел од 7 октомври“ минатата година, додаде израелскиот претседател.

Тој изрази поддршка за „браќата и сестрите, пријателите во кампусите и во еврејските заедници во САД и ширум светот“. /МИА

притисни ентер