Демократски сојуз: Мандат за состав на влада добива кандидатот на партијата која има мнозинство

Демократскиот сојуз ги потсетува партиите, посебно ДУИ, но и сите граѓани, дека соглано член 99 од  Уставот на Република Македонија, мандат за состав на Влада добива кандидатот на партијата/ партиите кои имаат мнозинство (најмалку 61 пратеник).

Влада ја избира Парламентот со мнозинство гласови од 120-те пратеници. Мнозинство се 61 пратеник.

За избор на Владата нема двојно гласање (Бадентер), тоа не е предвидено ниту со Уставот, ниту со било каков договор или закон, ниту пак има таква пракса.

Се работи за класична манипулација или непознавање на политичкиот систем и Уставните решенија за избор на Влада.

Сосема е извесно дека по 20 години на власт, недопирливите од ДУИ, ќе бидат испратени во долгогодишна опозиција и за грабежот што го направија и разнебитување на институциите и државата во целина ќе одговараат.

Наводната проевропска партија "ги отвори вратите на ЕУ", при што за време на нивното владеење над 800 илјади граѓани од Македонија се иселија во земјите на ЕУ, меѓу нив и над 200 илјади албанци.

Сите партии се изјаснија дека по изборите нема да коалицираат со ДУИ.

Тоа е јасно за сите граѓани, затоа ќе гласаат за промени, а на ДУИ во опозиција ќе им се приклучи и СДСМ.

Демократски сојуз

Холандските возачи масовно ги прекриваат табличките со леплива лента (ВИДЕО)

Многу европски градови воведоа „зони со ниски емисии“, т.е. зони со ограничен сообраќај во кои е забранет пристапот до возила со претерано загадување.

Сообраќајните ограничувања, поврзани со сообраќајните казни доколку не се почитуваат, ги отежнуваат секојдневните патувања за многу возила кои не ги исполнуваат условите за влез во овие зони.

На возачите во Британија не им се допаднале камерите кои ги покриваат ваквите зони, па едноставно решиле да ги уништат. Се жалат и возачите во други земји, но се снаоѓаат на многу посмирен начин, пишува Auto Klub.

На снимката од Холандија се гледаат возачи како ги кријат своите регистарски таблички пред камерите за проверка на штетните гасови. На црвеното светло директно пред камерата може да се види како речиси сите возачи ги оставаат возилата за да ја покријат регистарската табличка на овој или оној начин.

Многумина користат селотејп, додека други ставаат кеси за да ги сокријат своите таблички.

Полицајци спасија човек во Молдавија, кој четири дена бил жив затрупан под земја (ВИДЕО)

Маж (62) бил спасен откако бил закопан жив четири дена, благодарение на полицијата која го слушнала неговиот придушен лелек и повици за помош.

Како што пренесува „Дејлимејл“, овој настан се случил во Молдавија.

Полицијата го пронашла закопаниот маж додека ја истражувале смртта на 74-годишна жена чие тело било пронајдено во нејзиниот дом.

Полицијата набрзо го привела осомничениот за убиството на жената, а при претресот на неговата куќа во истото село слушнале плач и повици за помош. Кога почнале да копаат, наишле на гроб каде приведениот 18-годишник закопал постар маж.

Полицијата објави снимка на која се гледа како извлекува закопан маж. Бил при свест и имал рана на вратот. Алармиран бил и форензичкиот тим во Устија, северозападна Молдавија. Првичната истрага утврдила дека жената починала откако била претепана и имала бројни повреди по телото.

Полицијата брзо го идентификувала нејзиниот 18-годишен братучед како убиец. Тој бил пронајден во неговиот дом, под дејство на алкохол. За време на испрашувањето давал збунувачки и неубедливи одговори. Кога полицијата трагала по докази за убиството, слушнала пригушени повици за помош и извици од земјата недалеку од куќата.

Го следеле звукот и почнале да копаат. Откако бил спасен, старецот во полиција изјавил дека тој и младиот човек во саботата пиеле алкохол кога се скарале. Осомничениот потоа го нападнал со нож и го затворил во импровизиран подрум, кој потоа го покрил со земја.

Полицијата верува дека младиот маж ја убил жената во неделата. Осомничениот е приведен, а од обвинителството најавија дека ќе одговара за убиство и обид за убиство. Доколку биде прогласен за виновен, му се заканува доживотен затвор. Спасениот маж бил пренесен во болница каде му била укажана лекарска помош.

„Таа беше многу пристојна жена, никогаш немаше проблем со неа“, рекол еден сосед за жртвата.

Небинарниот Немо бара промени во Швајцарија: Мора да бидеме застапени во политиката

Песната The Code на немо Метлер ѝ донесе победа на Швајцарија на овогодинешниот избор за песна на Евровизија, станувајќи првата небинарна личност која триумфирала на ова престижно натпреварување.

Пејачот сега има нова цел - сака да ги убеди швајцарските власти дека мора да дозволат небинарни симболи на официјалните документи, пишува The Guardian.

„Не постои трет пол во Швајцарија и мислам дека тоа е целосно неприфатливо. Мораме да го промениме тоа“, рече Немо. Претходно, новинарите го прашаа кому прво ќе се обрати по победата, на што тој одговори дека прво ќе се обрати до Бит Јанс, швајцарскиот министер за правда.

„Треба да бидеме претставени и во политиката. Навистина е важно луѓето да се чувствуваат прифатени“, рече тој, додавајќи дека се надева дека ќе организира состанок со министерот за да разговараат за правата на небинарните луѓе.

Во средата, портпаролот на Јанс рече дека министерот му одговорил на Неми во СМС-порака и изразил подготвеност да се состане. Инаку, пред околу 18 месеци, швајцарската влада ги отфрли предлозите за воведување трет пол во официјалните записи или документи, тврдејќи дека родовото бинарно сè уште е „силно закотвено“ во швајцарското општество.

„Во моментов, нема социјални предуслови за воведување трет пол“, тврдеше тогаш владејачкиот Федерален совет. Темата се врати на репертоарот во Швајцарија оваа недела, благодарение на победничката песна на Немо, The Code, која се занимава со личното патување на уметникот и кршењето на „кодот“ меѓу половите.

притисни ентер