Блинкен се очекува во Саудиска Арабија на самит за глобална економија и за Газа

Највисокиот дипломат на Вашингтон е меѓу лидерите кои се очекуваат на економскиот самит организиран од Саудиска Арабија, што треба да почне в недела, со силен фокус на тешката војна во Газа, рекоа организаторите.

„Американскиот државен секретар Антони Блинкен „ќе дојде директно од неговите посети во Кина и на пат за Израел“, рече Борге Бренде, претседател на Светскиот економски форум на прес-конференција денеска во Ријад.

Други учесници на дводневниот специјален состанок се палестинскиот претседател Махмуд Абас и министрите за надворешни работи и премиерите од целиот Блиски Исток и од Европа.

Тие вклучуваат министри за надворешни работи од Франција, Германија, Обединетото Кралство и ЕУ и премиери од Катар, Јордан, Египет и Ирак, се вели во соопштението на СЕФ.

„Вкупно 12 шефови на држави и влади се појавуваат меѓу повеќе од 1.000 учесници“, рече Бренде.

САД подготвуваат пакет воена помош за Украина од 400 милиони долари

 САД подготвуваат нов пакет воена помош за Украина во висина од 400 милиони долари, изјави неименуван американски претставник.

Помошта ќе се состои од артилерија, противтенковска муниција, оклопни возила и друго оружје што може веднаш да се користи на бојното поле.

Овој потег сугерира дека САД се враќаат во редовен ритам на испорака на оружје за Украина, по усвојувањето на законот за помош од 60 милијарди долари./МИА

Претседателството на ДУИ почна состаноци за позиционирање по изборите

Демократската унија за интеграција (ДУИ) во седиштето во Мала Речица одржува состанок на претседателството, а најавија дека ќе следува и состанок со коалициските партии за нивно позиционирање по резултатите од изборите. 

Шефот на изборниот штаб Арбр Адеми го повтори партискиот став дека нивниот коалициски „Европски фронт“ добил легитимитет од граѓаните.

-Врз основа на констатациите на сите институции и врз основа на изјавите на ОБСЕ, изборите беа фер, слободни, демократски, истата констатација ја имаме и ние внатре во ДУИ. Овој легитимитет потврден од страна на граѓаните не може да се оспори, ни со инженеринг, ни со политички договор, не може да се оспори волјата на народот и на државните институции кои се одговорни за спроведување на изборите. Последно што разговаравме беше утрешен работен состанок со сите политички партии кои го сочинуваат „Европскиот фронт“ во Скопје, изјави Арбр Адеми.

Според Адеми, сите политички партии што се во „Европскиот фронт“ ќе продолжат да делуваат заедно.

- Најважно е што граѓаните силно ја поддржаа ова опција и таа поддршка на програмата да ја реализираме во државната политика. Ние имаме обврска, имаме задача да го спроведеме тоа. Граѓаните очекуваат да се продолжи патот кон интеграција во Европската Унија и оваа средба е за да се обезбеди европскиот пат на граѓаните и да продолжат преговори со ЕУ, кои ДУИ ги започна, рече Арбр Адеми.

Средбата на Европскиот фронт е закажана за утре во 13 часот.

Федералниот апелационен суд ја потврди пресудата на Стив Банон

Стив Банон е клучна фигура на американската десница. 

Федералниот апелационен суд во Соединетите Држави ја потврди пресудата на Стив Банон, поранешен главен советник на Доналд Трамп, за неисполнување на поканата на Конгресната комисија која го истражуваше упадот во Капитол на 6 јануари 2021 година, објавија денеска британските медиуми.

Банон беше осуден на четири месеци затвор во 2022 година по две точки од обвинението за непочитување на Конгресот затоа што одби да предаде документи или да сведочи пред комисијата на Претставничкиот дом што го истражуваше упадот во Капитол. Но, не му беше одреден притвор додека траеше жалбата.

Стив Банон е клучна фигура на американската десница. Тој во Апелација тврдеше дека во текот на судењето не му било дозволено да ги изнесе клучните аргументи во своја одбрана и дека неговиот адвокат му рекол дека не мора да го исполни барањето во поканата што му била испратена./МИА

притисни ентер