Битиќи: На 8-ми мај да ги замолчиме гласовите на насилството и поделбите

Пред 7 години бевме доведени пред граѓанска војна само поради лична и тесно-партиска кусогледост и алчност на ВМРО-ДПМНЕ.

„Пред 7 години бевме доведени пред граѓанска војна само поради лична и тесно-партиска кусогледост и алчност на ВМРО-ДПМНЕ. Насилно и крволочно влегоа во Собранието бидејќи не сакаа да ги ослободат заробените институции“, вели во видео обраќањето по повод упадот во Собранието на 27 април 2017 година, Фатмир Битиќи, потпретседател на СДСМ и ко-носител на листата на кандидати за пратеници на Коалицијата за европска иднина во Изборна единица 2.

„Ова ВМРО-ДПМНЕ денес е истото од тој 27-ми април пред 7 години. Тоа го гледаме во секоја нивна порака за раздор и поделба и денес кога повторно ја бараат вашата доверба.

Затоа на 8-ми мај да ги замолчиме гласовите на насилството и поделбите и да се обединиме. А тоа зло - НИКОГАШ да не се повтори“, вели Битиќи и порачува дека „ние не сме случајни минувачи низ нашата Македонија – ајде заедно да бидеме архитектите на една стабилна и европска иднина за нас и нашите деца“.

Битиќи: Премногу длабоки се лузните од ВМРО-ДПМНЕ за граѓаните да му простат

„Не може да го заборавиме 27 април, 2017 година, кога државата беше доведена на раб од граѓанска војна само за тоа што Груевски не сакаше да ја напушти власта. Режимот сакаше да не сврти едни против други, политичката битка да ја направи меѓуетничка. Ова не смее да се заборави, не смее да им се прости, бидејќи денешното ВМРО-ДПМНЕ го водат истите тие кои беа зад завесите на овој трагичен ден за нашата демократија“, порача на денешните средби со жителите на скопската општина Чаир, Фатмир Битиќи, потпретседател на СДСМ и ко-носител на листата на кандидати за пратеници на Коалицијата за европска иднина во Изборна единица 2.

Потпретседателот на СДСМ, Битиќи истакна дека кај ВМРО-ДПМНЕ и нивната кандидатка за претседател на државата, Гордана Силјановска нема место за различности, во нивниот тесен политички поглед, секој е еден кој не ги прифаќа ксенофобичните ставови е исклучен, маргинализиран и отфрлен.

„Кај нив нема место за граѓаните кои веруваат во Македонија дека може да биде европски дом, во кој ќе има место за секого. Но имаат една несреќа, а тоа е дека тие граѓани се многу повеќе отколку што се ВМРО-ДПМНЕ и за тоа на 8-ми мај да им го покажеме патот кон буништето на историјата“, порача Битиќи.

Тој апелира на парламентарните и претседателските избори, да се покаже европска зрелост и да не му се даде шанса на национализмот повторно да ја освои државата.

„Да се ослободиме од стравовите и да го прифатиме единството, единството во различностите, бидејќи таму лежи нашата сила. Верувам во вас, во граѓаните, верувам дека тоа ќе го препознаете, дека ќе ги отфрлите политиките кои ви се наметнуваат од елити кои немаат што да ви понудат освен да ве туркаат кон минатото и поделбите“, упати повик до жителите на Чаир, потпретседателот на СДСМ, Битиќи.

Скопје, 27 април 2024

СДСМ

ЕК: Србија и Косово ризикуваат да ги пропуштат средствата од Планот за раст

Србија и Косово ризикуваат да ги пропуштат средствата од Планот за раст поради недостиг од дијалог

Србија и Косово треба конструктивно да се вклучат во нормализирање на односите за да добијат право на финансирање од Планот за раст за Западен Балкан усвоен од Европската унија, соопшти прес-службата на Европската комисија, пренесе Бета.

„Нормализацијата на односите е суштински услов на европскиот пат за двете страни. И Србија и Косово ризикуваат да изгубат важна можност поради недостаток на напредок“, рече еден од портпаролите на Европската комисија за РСЕ.

Во писмената реакција од прес-службата на Европската комисија, се наведува дека конструктивниот ангажман во нормализацијата на односите подразбира целосно спроведување на сите обврски што произлегуваат од Договорот за патот кон нормализација и неговиот анекс за спроведување и од сите претходни договори од бриселскиот дијалог, како и почеток на преговорите за Сеопфатниот договор за нормализација на односите.

ЕК наведува дека Планот за раст за Западен Балкан претставува „сеопфатна понуда на ЕУ за подобрување на социо-економската ситуација“ на шесторкста од тој регион.

За Србија и Косово, исто така, постои предуслов - „конструктивен ангажман за нормализација на односите со цел целосно спроведување на сите обврски“ кои произлегуваат од Договорот за патот кон нормализација и неговиот анекс од Охрид, како и од сите досегашни постигнати договори./МИА

Пратениците во парламентот на Србија изгласаа измени на Законот за избирачкиот список

Пратениците на Собранието на Србија денеска гласаа за измена на Законот за единствен избирачки список со кој се предвидува граѓаните кои го промениле местото на живеење во изминатите 11 месеци да не можат да гласаат на својата нова адреса.

Пратениците со мнозинство гласови го поддржаа Предлогот за одлука за избор на членови и заменици на одборот на Народното собрание на Србија и Предлогот за одлука за изменување и дополнување на Одлуката за состав на собраниската Комисија за стабилизација и придружување, јави Бета.

Тие изгласаа и Предлог за одлука за изменување и дополнување на Одлуката за состав на постојани делегации на Народното собрание на Србија во меѓународните парламентарни институции. /MИА

Баер им нуди на навивачите бесплатни тетоважи

Специјална акција на крајот на специјалната сезона. 

Баер Леверкузен им понуди денеска на своите навивачи бесплатни клупски тетоважи со кои ќе ја одбележат сезоната во која тимот предводен од Чаби Алонсо е во рекордна серија без пораз, а ја освои шампионската титула во Бундеслигата и е во борба за уште два трофеи – во германскиот Куп и во Лига Европа.

„Специјална акција на крајот на специјалната сезона. Баер 04 им нуди на навивачите можност до крајот на сезоната да изберат една од многуте тетоважи на Баер 04 бесплатно. Резервирајте го вашиот термин веднаш и овековечете ја оваа единствена сезона на вашата кожа“, стои во соопштението на клубот.-

Тимот на Чаби Алонсо без пораз е оваа сезона на 49 натпревари во сите натпреварувања, надминувајќи го долгогодишниот европски рекорд на Бенфика поставен од 1963 до 1965 година.

Откако ја запечати својата прва титула во Бундеслигата, Баер Леверкузен вчера се пласираше во финалето на Лига Европа во кое за противник ќе ја има Аталанта, а ќе игра и во финалето на Купот на Германија во кое ќе се соочи со второлигашот Кајзерслаутерн. /МИА

притисни ентер