Бисера Костадиновска-Стојчевска и Олга Лозановска во „Само Вистина“

Вечерва во „Само Вистина“ ќе гостуваат Бисера Костадиновска-Стојчевска и Олга Лозановска.

Почитувани гледачи, вечерва во Само Вистина ќе дебатираат Олга Лозановка од ВМРО-ДМНЕ и Бисера Костадиновска Стојчевска од СДСМ.

Избори за реформи и промени или за уставни измени?

Кои се шовинисти, а кои се Европејци, кој мисли за иднината, а кој за сопствениот џеб?

Кого ќе награди, а кого ќе го казни долгата рака на гласачите, дали резултатот од првиот круг го навестува исходот на парламентарните избори?

До граѓаните или до партиите, до кого Ахмети праќа порака да не се повтори грешката од 2006 година?

Вечерва во Само Вистина, Александар Видиновски со Олга Лозановка и Бисера Костадиновска Стојчевска од Петтата Изборна Единица, веднаш по вестите.

Часовници на Шумахер продадени на аукција за 4,1 милион евра

Вкупно осум часовници кои му припаѓаа на легендата на Формула 1 - Михаел Шумахер, се продадени на наддавање во Женева, вчера, за скоро четири милиони швајцарски франци (4,1 милион евра), соопшти аукциската куќа „Кристи'с“.

- Ова ја покажува страста на меѓународните колекционери за исклучителни часовници. Видовме обемна посетеност, особено од Америка, истакна Реми Гилемин, специјалист за часовници на аукциската куќа.

Примерок од „Ф.П. Џурн вагабондејџ“ - споменот за седумте светски шампионски титули во Ф1 на Шумахер, е продаден за 1,6 милиони долари.

Германскиот седумкратен шампион бил страстен колекционер на часовници, сѐ до тешката несреќа на скијање во декември 2013 година, по што тoj не е виден во јавноста. Но, највисоката цена - од 2,7 милиони долари, ја постигна стариот часовник „Патек Филип“ од розово злато.

УЕФА може да не дозволи Жирона да игра во Лигата на шампионите

Европската фудбалска асоцијација предложи „City Football Group“, инвеститор во Манчестер сити и шпанска Жирона, да го намали својот удел во каталонскиот клуб. 

Во спротивно, организацијата може да воведе санкции и да ги спречи бело-црвените да учествуваат во Лигата на шампионите за сезоната 2024/25, пишува „Тајмс“.

Уделот на „City Football Group“ во Манчестер сити е 100%, а во Жирона е 47 %. Двата тима се квалификуваа за Лигата на шампионите следната сезона. Сепак, прописите на УЕФА забрануваат учество на неколку клубови со ист сопственик на ист турнир.

За тимовите да учествуваат во Лигата на шампионите, „CFG“ ќе мора да го намали својот удел во еден од клубовите на помалку од 30%. Доколку не се почитуваат правилата до 3 јуни, Жирона нема да добие дозвола за ЛШ и ќе биде префрлена во Лига Европа.

Претходно, Жирона за прв пат во својата историја се пласираше во европските купови. По 36 кола во шпанската Ла Лига, тимот е на третото место со 75 бодови.

Герасимовски: Пријавувајте проблеми со јавна чистота, досега пријавени 159 проблеми

Граѓаните можат да пријават косење на трева, реконструкција и санација на урбана опрема или собирање смет на Јавните површини под надлежност на Општина Центар на телефонскиот број 076350767. 

Општина Центар и ЈП „Паркинзи на Општина Центар“ ги потсетуваат граѓаните дека проблемите поврзани со Јавната чистота и други комунални проблеми можат да ги пријават на општинските служби и хигиеничарите на ПОЦ истите да ги решат. Градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски известува дека досега на телефонската линија во ПОЦ се јавиле 159 граѓани кои побарале одредена услуга и за истата добиле решение.

„Ги повикувам граѓаните да ги пријавуваат проблемите. Хигиеничарите ги извршуваат своите дневни обврски по реони меѓутоа сме свесни дека многу брзо откако ќе исчистат на одредена локација за кратко време може да се направи мала депонија или слично, затоа упатувам апел граѓаните да ги пријавуваат проблемите на телефонскиот број со цел службите побрзо да ги решаваат проблемите со Јавната хигиена. Во делот на урбаната опрема службите на ЈП ПОЦ може да ги побарате и доколку во вашата околина има кршена клупа која треба да се реконструира, искршена лулашка или слично. Верувам дека ова ќе придонесе да имаме побрзи резултати и зголемување на Јавната хигиена во општината“, повикува градоначалникот Герасимовски.

Герасимовски исто така праќа апел, граѓаните да пријавуваат собирање на кабаст отпад во сопствените домови, а не кревети, вц школки и одредени габаритни работи да исфрлаат сами и истите да стојат на одредена локација со денови. Општината Центар потенцира дека доколку граѓаните бидат начекани дека оставаат кабаст отпад пред контејнерите истите ќе бидат санкционирани од страна на комунален инспектор. Во меѓувреме цистерната на ПОЦ неколку пати во неделата ги мие улиците и контејнерите со цел да ја отстрани непријатна миризба и да ги освежи улиците од насобрана прашина.

Општина Центар - Скопје

притисни ентер