АБА2: МЗТ Скопје Аеродром поразен од Спартак

Кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром претрпеа вечерва пораз на домашен терен од Спартак Суботица со 73-78 во првиот полуфинален натпревар од плејофот во регионалната АБА 2 лига.

Актуелниот македонски шампион влезе во завршницата на третата четвртина со предност од 55-50, по уследи пад во играта и серија на противникот од 11-2.

Кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром не успеаја резултатски да се вратат до крајот на натпреварот и со негатива од пет поени ќе патуваат на реваншот во Суботица идната сабота.

Најефикасен во редовите на МЗТ Скопје беше Војдан Стојановски со 20 поени.

Во второто полуфинале Подгорица триумфираше на првиот натпревар на домашен терен над Војводина со 98-80 пред реваншот идниот четврток во Нови Сад.

Го удрила струја поради селфи на воз во движење: Кликовите се поважни (Вознемирувачко видео)

На социјалните мрежи кружи видео кое може да се опише како - лудост.

Гледаме млад човек на вагон, додека возот се движи, но не се знае кога и каде е снимен.Тој се насмевнува, очигледно добро се забавува позирајќи за селфи, а потоа настанува хаос.

Најверојатно дошол во контакт со електричната мрежа, се појавила искра, а момчето повеќе не се појавува во кадарот. Иако, како да се гледа дел од неговата нога на покривот на вагонот.

Нема информации што се случило потоа, па може да се погоди и да се надеваме дека не е тешко повреден.

Клипот првпат е објавен на Твитер, каде што собра 9,7 милиони прегледи и предизвика жестока дебата, пренесува Times Now News.

Еден корисник напишал: „Зошто луѓето пробуваат вакво нешто“, а друг додаде: „Можеби поради кликови на социјалните мрежи“.

Фолксваген драстично ја менува стратегијата

Марката Volkswagen планира да ја зголеми понудата на plug-in хибридни автомобили како одговор на забавувањето на побарувачката за електрични возила.

Проширувањето на портфолиото на PHEV е еден од главните приоритети на VW, изјави во средата извршниот директор Томас Шефер. Овој потег е промена на насоката од претходната стратегија на фокусирање главно на електрични возила преку линијата со ознака ID, пишува Bloomberg.

„Клиентите сега сакаат plug-in хибриди, вклучително и во Кина и САД“, рече Шефер во интервјуто на маргините на автомобилската конференција во Лондон.

Продажбата на plug-in хибриди во Европа порасна побрзо од продажбата на електрични возила претходно оваа година. Volkswagen ја менува својата стратегија за електрична енергија откако одложи некои модели и заостана во Кина, каде што доминираат локалните брендови. Минатата година, производителот се откажа од плановите за изградба на фабрика за електрични возила од 2 милијарди евра во Германија.

Со забавување на растот на електричните возила, производителите на автомобили се свртуваат кон познатите погонски единици за да ја одбранат продажбата и уделот на пазарот.

Тојота има корист од порастот на глобалната побарувачка за хибриди. Групацијата Mercedes-Benz претходно во средата соопшти дека ќе продава автомобили со мотори со внатрешно согорување подолго од очекуваното поради разочарувачката продажба на електрични возила.

Најновата хибридна технологија на VW, која се користи во модели како Passat и Tiguan, веќе нуди електричен опсег од повеќе од 100 километри, пишува HAK Revija.

Русите почнаа офанзива кон милионскиот Харков (ВИДЕО)

Руските сили денеска почнаа да користат оклопни возила за да ја пробијат границата со североисточниот украински регион Харков и силно ја гранатираа областа, објави Киев.

Да потсетиме дека Харков е вториот по големина украински град во кој сè уште живеат повеќе од милион луѓе по повеќе од две години војна.

Ова е најсилниот знак досега дека Русија сака да отвори нов фронт во војната. Руските сили напредувале еден километар во близина на пограничниот град Вовчанск. Борбите во пограничните области на регионот Харков продолжуваат. Киев таму итно испрати засилување, соопшти Министерството за одбрана.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски потврди дека Русија започнала нова офанзива во регионот Харков.

Украински извори објавија, како што тврдат, снимки од руски возила кои учествувале во нападот. Камерите со дронови покажуваат уништување на руски камиони и оклопни возила утринава во Харковската област.

притисни ентер