Зеленски именуваше наследник на Дмитро Кулеба

Претседателот на Украина Володимир Зеленски предложи наместо Дмитриј Кулеба, неговиот прв заменик Андреј Сибига да биде именуван за министер за надворешни работи на земјата.

Претседателот на Украина Володимир Зеленски предложи наместо Дмитриј Кулеба, неговиот прв заменик Андреј Сибига да биде именуван за министер за надворешни работи на земјата, објави шефот на парламентарната група на партијата Слуга на народот во Врховната Рада, Дејвид Арахами.

Тој потврди дека Зеленски дошол на седницата на пратеничката група.

„Ни се придружи и претседателот Владимир Зеленски. За тоа сме му благодарни“, напиша Арахамија на својот Телеграм.

Според него, Зеленски предложил наместо Кулеба да се назначи Сибига, кој претходно работел во кабинетот на претседателот.

Претходно претседателот на Врховната Рада Руслан Стефанчук објави дека украинскиот министер за надворешни работи Дмитриј Кулеба поднел оставка.

Состојба на патиштата

 Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози.

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Патниот правец Охрид – Ресен, преку националниот парк Галичица од 01.04.2024 е пуштен за сообраќај за сите видови возила со вкупна тежина до 3.5 тони.

Од 09.07.2024 11:00 часот, на десна коловозна лента на автопат Скопје - Куманово извршена била времена измена на режим на сообраќај, при што во должина од 1000 метри (пред НС Миладиновци до НС Миладиновци), сообраќајната лента за принудно запирање и сообраќајната лента за возење ќе бидат затворени, додека сообраќајот ќе се одвива по левата сообраќајна лента за претекнување.

Жикол Дооел Струмица известува дека поради вршење на градежни активности на објект: Реконструкција со проширување на регионален пат Р1109 делница Понов мост - влез во Богданци, сметано од 24.06.2024 година ќе биде поставен времен режим на сообраќај.

Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1306 делница Прилеп-Крушево -Сладуево, заради започнување со градежни активности во врска со проект Санација на оштетувања на регионален пат Р 1306 делница Прилеп-Крушево-Сладуево, во вид на слегнувања на трупот на патот на стационажа од км 15+100 до км 15+600. Заради тоа од 07.06.2024 год. сообраќајот ќе се одвива според одобрен сообраќаен проект за времен режим на сообраќај.

Времена измена на режим на сообраќај на автопат А1, делница Петровец - Катланово, заради извршување на градежни активности. Измената на режим на сообраќај ќе започне да се применува од петок, 31.05.2024, а во врска со проектот за завршување на работите на рехабилитација со проширување на наведената делница од автопатот.

Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект „Санација на трупот на патот кај мост на река Шемница на Државен пат Р1101 км 85+903, делница Прилеп - Битола“, и тоа од 27.03.2024 ќе има целосно затворање на делницата.

На 26.03.2024 година од 14.15 часот извршена е времена измена на режимот на сообраќајот на делницата од автопатот 300м после надвозник „Маџари“ до клучка „Белви“ за време на поправка и рехабилитација на државен пат А1/А2 делница Скопје-Куманово (десна коловозна лента) каде што со ветикална сообраќајна сигнализација во должина од 200м сообраќајот се канализира и успорува од левата (за претекнување) сообраќајна лента во средната (за возење) сообраќајна лента за да потоа во должина од 1500м целиот сообраќај ќе се одвива по сообраќајната лента за претекнување (левата), а средната и сообраќајната лента за принудно запирање ќе бидат затворени за сообраќај.

Од 18.03.2024 г. има измена на режимот на сообраќај на државниот пат Р1101, делница Прилеп – Битола, заради интезивирање на градежните активности во врска со проект Санација на патот, кај мост на река Шемница.

Започнувајќи од 11.12.2023 год. ќе биде изменет режимот на сообраќај на магистралниот пат A3, делница Прилеп - Битола поради изведување на геотехнички истражувања на коловозот. Времениот режим на сообраќај ќе се одвива согласно одобрен сообраќаен проект. Времениот режим на сообраќај е со важност од 6 месеци, односно се до завршување на градежните работи.

Започнувајќи од 05.12.2023 год. е изменет режимот на сообраќај на државен пат A2, делница Тетово - Гостивар во двата правци на движење поради изведување на геотехнички истражувања на коловозот. Времениот режим на сообраќај ќе се одвива согласно одобрен сообраќаен проект. Времениот режим на сообраќај е со важност од 6 месеци, односно се до завршување на градежните.

Oд 24.11.2023 година од 16:00 часот режимот на сообраќајот на делницата од автопатот А-1, Куманово – ГП „Табановце “поточно кл. Куманово-кл. Кр. Паланка, десната сообраќајна лента за присилно запирање и застанување ќе биде затворена за сообраќај во должина од 500м, додека сообраќајот ќе се одвива по сообраќајната лента за возење и претекнување.

ГД Гранит АД Скопје известува дека согласно ново издаденото одобрение за времен режим на сообраќај поради изведување на градежни работи на Автопат А4, делница ГП "Блаце" - Скопје (клучка "Стенковец") Подделница 1 – од 08.11.2023 г. постоечкиот локален пат до с. Блаце од магистраниот пат А4 пред граничниот премин ќе биде затворен, а пристапот до с.Блаце ќе биде обезбеден по привремен пат пред граничниот премин, согласно поставената сообраќајна сигнализација. Останува и претходно воспоставениот времен режим на сообраќај согласно кој на 2 км пред граничниот премин "Блаце" на местото на изведување на градежните работи сообраќајот се одвива по двонасочен режим на сообраќај (со два нови кружни тека) и поставена соодветна сообраќајна сигнализација.

На 07.11.2023 година од 13:00 ч. извршена е времена измена на режимот на сообраќајот на делницата од Автопат А1, Пeтровец – Катланово - рехабилитација со проширување на автопатот А1 (лево и десно коловозот во двата правца) во должина од 6000 м, сообраќајот ќе се одвива по новоизградената коловозна лента (Катланово - Петровец) двонасочно, со вертикално поставена сигнализација, додека коловозната лента Петровец - Катланово ќе биде затворена за сообраќај.

Oд 24.10.2023 година ќе се започне со реконструкција на регионалниот пат 1301 (Охрид-Свети Наум). Сообраќајот ќе се одвива непречено и ќе биде регулиран со содветна сообраќајна сигнализација.

ГД Гранит АД Скопје известува дека согласно издаденото одобрение за времен режим на сообраќај на Автопат А4, делница ГП "Блаце" - Скопје (клучка „Стенковец“) Подделница 1 - проширување на постоен пат А4 од ГП "Блаце" до с. Блаце до ниво на автопат и изградба на дел од автопат со клучка за поврзување со локален пат до с. Блаце, на 2км пред Граничниот Премин "Блаце" од 06.10.2022 г. на местото на изведување на градежните работи се одвива нов времен двонасочен режим на сообраќај (со два нови кружни тека) со поставена соодветна соорбаќајна сигнализација. Сообраќајот се одвива континуирано без застој. Препорака до возачите за прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација.

Oд 11.9.2023 г. воспоставен е времен режим на сообраќај во тунелот на патниот правец Блаце – Скопје, поради изведување на градежни работи – санација на тунелот. Поставена е светлосна сигнализација со наизменично пропуштање на возилата.

БИОН ДОО Тетово известува дека од 20.05.2023 година на патниот правец „Државен пат А3, делница: Буково - Охрид, подделница Буково - влез во Охрид“ ќе има измена на времениот режим на сообраќај поради изведување работи што се предвидени на објектот "Поставување на сообраќајна сигнализација и опрема на државен пат А3, делница Буково - Охрид, подделница Буково - влез во Охрид". Режимот ќе биде според сообраќајниот проект. Работите на објектот се предвидени да завршат на 29.02.2024.

Од 14.06.2023 година почнува проектот „Санација на трупот на патот Р1303, делница Македонски Брод – Прилеп, премин Барбаpос. Сообраќајот на овој патен правец ќе се одвива непречено со ограничување на максимална брзина до 30 км/час.

Поради изведување на градежни работи (реконструкција на коловозот) на патниот правец Подмоље – Охрид на магистралниот пат А3, сообраќајот ке биде пренасочен преку регионалниот пат Р-1208. Работите започнуваат на 09.6.2023 г., а на местото ќе биде поставена соодветна сообраќајна сигнализација.

Почнувајќи од 06.03.2023 г., на автопатот А1, делница Петровец – Катланово, започнуваат градежни активности поради што има изменет режим на движење на возилата. Сообраќајот се одвива непречено и се препорачува внимателно пристапување.

Поради изведување на работи на експресниот пат од Градско до Дреново на државен пат А1, делница Велес-Неготино, ќе се применува времена измена на режим на сообраќај. Времениот режим ќе се применува во двата правци на автопат Е-75. Сообраќајот ќе се одвива непречено, со брзина од V=80km/h во зона на градилиште. Режимот ќе се применува се до целосна изградба на новата клучка Градско.

На патниот правец Градско - Прилеп се изведуваат градежни активности и затоа препорачуваме внимателно возење и прилагодена брзина на движење.

На патниот правец Кичево - Охрид, поради градежни работи на повеќе делници, сообраќајот се одвива со девијации. Поставена е соодветна сообраќајна сигнализација и затоа препорачуваме строго почитување на истата и прилагодена брзина на движење.

Сончево со умерен ветер

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер претежно од југозападен правец. Во текот ноќта ќе има услови за локален дожд. 

Минималната температура ќе биде во интервал од 9 до 17, а максималната ќе достигне од 22 до 30 степени Целзиусови.

Во Скопје ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен југозападен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 14, а максималната ќе достигне до 29 степени.

Според најавите од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), од утре се очекуваат нови врнежи од дожд и локална појава на грмежи и засилен ветер. Утре, а особено в сабота ќе засилува југозападен ветер, а потоа со северен ветер се очекува позначително опаѓање на температурата.

Дневен хороскоп за 12. септември 2024 година

Дневен хороскоп за четврток, 12. септември 2024 година. 

Девица 23.8.-23.9.

Љубов

Влегувате во подобар љубовен период. Тоа ќе го забележите според подобрениот однос со партнерот или општо со лицата од спротивниот пол.

Кариера

Во работата во која соработувате со други ќе се појави ненадејна вест или шанса поврзана со смислата за убаво.

Здравје и совет

Чувајте си го грлото.

Вага 24.9.-23.10

Љубов

Ќе заклучите дека е подобро да бидете отворени кон другата страна и да ги поднесувате кризните состојби кои понекогаш ги покажува.

Кариера

Се развиваат декловни можности со луѓе , со партнери. Можеби не ви е според желбите , но треба да покажете кооперативност.

Здравје и совет

Толерирајте ги недостатоците на другите.

Шкорпија 24.10-22.11.

Љубов

Одеднаш ќе се појават низа шанси за контакти или комуникации . Ќе бидете малку изненадени , но одговарајте на повиците.

Кариера

Дел од луѓето од вашата околина се подготвени да ви дадат поддршка , но другите се уште очекуваат вие да се изборите за тоа.

Здравје и совет

Надевајте се на подобро.

Стрелец 23.11.-21.12.

Љубов

Ќе се обидувате да го наговорите вашиот партнер дека е најдобро вашата врска да ја озаконите или во друга ситуација , да се поврзете со заеднички живот во нов дом.

Кариера

На дневен ред доаѓаат нови планови кои допрва треба да се осмислат. Еден од критериумите секако се парите.

Здравје и совет

Движете се повеќе , јадете помалку.

Јарец 22.12.-20.1.

Љубов

Иако ќе исчезне напнатоста меѓу вас и другата страна, денеска ќе се однесувате доста нестабилно.

Кариера

Се наоѓате во минлива фаза на зголемена чувствителност , па и оние редовни напори на кои сте навикнати ќе предизвикаат понекоја воздишка.

Здравје и совет

Потребен ви е одмор.

Водолија 21.1.-19.2.

Љубов

Мало недоразбирање во комуникациите нема значајно да ги анрушат вашите лични односи. Она што можеби е нејасно , набргу ќе се разјасни.

Кариера

Многу ќе ви значи диоколку ве забележуваат и тоа отворено ви го кажуваат. Денеска ќе биде токму така.

Здравје и совет

Можна е главоболка.

Риби 20.2.- 20.3.

Љубов

Со мали чекори може да се помине исто долг пат како со мали. Затоа својот однос градете го полека и трпеливо.

Кариера

Нема да бидете сигурни како да извршите една работа , но немате кого да прашате. Покрај тоа, ќе има и многу задачи. Ќе морате самни да се снајдете.

Здравје и совет

Внимавате на вашата исхрана и затоа веќе сте подобро.

Овен 21.3-20.4.

Љубов

Некои ќе насоберат доволно тага во душата и ќе посакаат да избегаат од се , но од својата кожа нема бегање.

Кариера

Вработените во услужните дејности денеска една фаза од својата работа ќе ја доведат до крај. кај другите сето друго ќе биде вообичаено.

Здравје и совет

Прошетајте се на свеж воздух.

Бик 21.4- 20.5.

Љубов

Веројатно вашата навика да бидете привлечнио и шанси за излегувања ќе се намалат , а саканата личност денеска ќе биде чувствителна.

Кариера

Никој нема да везаштити од критиките на другите .Единствено може да извлечете со чесна работа.

Здравје и совет

Размислете за својата дисциплина.

Близнаци 21.5.-21.6.

Љубов

Вашата најдрага личност денеска би можела да ве изненади со еден предлог , кој е на граница на добриот вкус.

Кариера

Ќе мора малку да се позанимавате со вашите тајни непријатели , кои се активираат на незгоден начин.

Здравје и совет

Победувате со издржливост.

Рак 22.6-22.7.

Љубов

Во текот на денот може да очекувате се побогат љубовен живот со задоволства и со низа убави шанси.

Кариера

Љубезност и внимателност денеска ќе покажете како никој друг на работното место. Колегите ќе знаат тоа да го ценат.

Здравје и совет

Мали дигестивни проблеми.

Лав 23.7-22.8.

Љубов

Можеби саканата личност ќе ве изненади со еден предлог , кој на вас ќе делува како мал пок.

Кариера

Ќе дојде до деловна кореспонденција што ќе ве измори. Се бара многу специфичен начин на изразување.

Здравје и совет

Прво размислете , па потоа зборувајте.

притисни ентер