Заврши кинеската вселенска мисија- по 6 месеци, астронаутите се вратија на Земјата (ВИДЕО)

Кинеските астронаути од вселенското летало Шенжу-15 денеска безбедно се вратија на Земјата, по мисијата во кинеската орбитална вселенска станица која траеше повеќе од 180 дена, објави China Media Group (CMG).

Капсулата за повторно влегување паднала во Донгфенг во северниот кинески автономен регион Внатрешна Монголија во 6:33 часот по пекинг време, соопшти ЦМСА.

Во капсулата имало тројца астронаути - Феи Јунлонг, Денг Кингминг и Џанг Лу.

ЦМСА ја прогласи мисијата Шенжу-15 за целосна успешна, откако лекарскиот тим кој чекаше на местото на настанот потврди дека тројцата астронаути се во добра здравствена состојба.

Командантот на мисијата Феи Џунлонг беше првиот што излезе од капсулата. „Би сакал да ја известам мојата земја и народ дека екипажот на Шенжу-15 успешно ги заврши сите доверени работни места и задачи во орбитата. Се вративме безбедно на Земјата. Се чувствуваме добро“, рече тој.

Вселенското летало Шенжу-15 беше лансирано во ноември 2022 година.

За време на престојот на кинеската вселенска станица, астронаутите изведоа четири активности надвор од вселенското летало, поставувајќи нов рекорд за кинески астронаутски екипаж во вселенски прошетки.

Спроведоа и низа научни експерименти и тестови, вклучително и поставување на продолжеток на пумпа и поставување на кабли и приклучоци, пишува CMG.

Се отвори огромна дупка среде Рим и „проголта“ два автомобила (ВИДЕО)

Бездна длабока и широка околу 10 метри проголта два автомобила среде ноќ во Рим, поради што интервенираше полицијата.

Инцидентот се случил околу еден часот по полноќ, а две возила Дачија и Рено завршиле во дупката.

Полицијата веднаш реагирала, ја затворила улицата и го обезбедила просторот, јавуваат италијанските медиуми.

Поставен е кордон, а се уште не се знае зошто се урнал асфалтот.

Не се знае дали има повредени во инцидентот.

Најмалку 45 загинати во автобуска несреќа во Јужна Африка

Најмалку 45 лица загинаа во сообраќајна несреќа во Јужна Африка во која учествувал автобус, соопшти јужноафриканското Министерство за транспорт.

Едно лице е тешко повредено.

Несреќата се случила во близина на Маматлакала, во провинцијата Лимпопо, јавува Ројтерс.

Дејвид Бекам објави снимка како вежба: Не сакам ова да го види жена ми (ВИДЕО)

Дејвид Бекам се пофали на Инстаграм со видео на кое вежба без маица и ги воодушеви своите фанови.

48-годишниот поранешен фудбалер покажа дел од своите напорни тренинзи, а неговите стомачни мускули, како и бројните тетоважи на телото ги привлекоа погледите на фановите.

„Ти си како виното, се подобруваш со годините“, „Секогаш си силен“, „Ова ми го разубави денот“ и „Не сакам жена ми да го види ова“, се само дел од коментарите на обожавателите.

Да потсетиме, неговата сопруга Викторија неодамна покажа подарок што го доби од него, а кој целосно ја воодушеви.

притисни ентер