Во Белград продолжува Саемот на вино: од Македонија учествуваат 80 винарски визби

Во Белград продолжува саемот на вино, што се организира во рамки на Отворен Балкан...

Во Белград се одржува вториот ден од Саемот на вино винска визија во рамки на Отворен балкан.На Саемот присутни се 80 винарии од Македонија, 6 изложувачи на храна, ресторан со 3 готвачи. Изложувачите се задоволни од Саемот, велат овој саем им ги отовра вратите за понатамошна соработка и пласман на нивните вина и на пазарите во регионот и пошироко.

Македонија има најмногу изложувачи оваа година а ваквиот тип на промоција и тоа како им помага на нашиот производители порача министерот за земјоделие Цветан Трифуновски. Македоинија е 22најголем производител на вино и 29 извозник на вино во светот .

Саемот и официјално се отвори вчера каде обраќања имаа македонскиот премиер Христијан Мицкоски, претседателот на Србија, Вучиќ и премиерот на Албанија Еди Рама, кои порачаа дека инцијативата Опен Балкан е платформа за поврзување на регионот со светот. Премиерот Мицкоски пред отворањето на Саемот имаше и тетатет средби со Вичиќ и Вучевиќ на кој се разговарало за подобрување на соработката во енергетиката, економијата и транспортната инфраструктура, како и за заедничките напори за справување со регионалните предизвици.

Вчера беше организиранаи Македонска вечер на која на која беа присутни голем број стопанственици бизнисмени дипломати, македонски и српски државници и голем број гости од регионт . Саемот завршува утре кога ќе биде и прогласено најдоброто вино.

Продажбата на автомобили во ЕУ со чуден тренд: Шпанија бележи рекорди, Германија разочарува

Продажбата на нови автомобили во Европската унија покажа охрабрувачки резултати за октомври 2024 година, со раст од 1,1 отсто во однос на истиот период минатата година, покажуваат податоците на Асоцијацијата на европски производители на возила (AСЕА).

Вкупно, во октомври се продадени 866.397 автомобили, што претставува благ пораст во однос на ланските 856.762, објави ЕТ Ауто.

Најголем раст е забележан во Шпанија, со раст на продажбата од 7,2 отсто, додека Германија, најголемиот европски пазар на автомобили, постигна значително закрепнување со раст од 6,0 отсто, по три месеци пад. Од друга страна, Франција и Италија забележаа значителни загуби, при што продажбата падна за 11,1 отсто, односно 9,1 отсто.

Продажбата на целосно електрични возила во ЕУ во октомври остана на пазарен удел од 14,4 отсто, но забележа пад на вкупниот обем од 4,9 отсто во споредба со октомври 2023 година. На годишна основа (јануари-октомври) пазарниот удел на електричните автомобили падна на 13,2 отсто од минатогодишните 14 отсто. Најголем пад е забележан во Германија, каде што продажбата паднала за цели 26,6 отсто.

Хибридните автомобили продолжија да растат, со продажбата зголемена за 17,5 отсто во октомври и пазарен удел од 33,3 отсто, додека автомобилите на бензин и дизел забележаа пад на продажбата од 6,8 и 7,6 отсто, соодветно.

Групацијата Фолксваген забележа зголемување на пазарниот удел од 24,9 отсто минатата година на 28,7 отсто во октомври 2024 година. Продадени се 248.535 возила, што е зголемување за 16,7 отсто. Најголем скок во групата оствари Škoda со раст од 25,5 отсто.

Од друга страна, Stelantis забележа пад на продажбата од 16,9 отсто, при што пазарниот удел е намален на 15,1 отсто. Намалувањето го предводеа брендовите како Citroen и Fiat, додека единствен исклучок беше Peugeot, со раст од 12,5 отсто во октомври.

Тојота и Волво продолжуваат да ги зајакнуваат своите позиции, забележувајќи раст на продажбата од 15,3 и 22,5 проценти соодветно. Volvo особено го истакна својот голем успех на годишно ниво, со раст од 32,9 отсто.

Новак Ѓоковиќ по веста дека Енди Мареј му е нов тренер: Време е за нашиот последен чин (ВИДЕО)

Веста дека Новак Ѓоковиќ си најде нов тренер и дека во 2025 година ќе го тренира Енди Мареј, еден од неговите најголеми ривали, се појави како од ведро небо, како што и самиот потврди преку социјалните мрежи.

Новак Ѓоковиќ објави видео клип во кој има компилација од нивните дуели, додека самиот Мареј беше дел од „големата четворка“, односно во еден период успеа да се прикраде и да ја заземе првата позиција на АТП листата покрај Новак Ѓоковиќ, Рафаел Надал и Роџер Федерер.

Енди Мареј постигна голем успех, а сега ќе го тренира Новак Ѓоковиќ.

Еве зошто српскиот тенисер објави видео во кое го претставува „својот нов тренер“.

- Од момчиња игравме еден против друг, 25 години бевме големи ривали, се форсиравме надвор од нашите граници. Имавме некои од најголемите битки во нашиот спорт. Нè нарекоа менувачи на игри, преземачи на ризик и создавачи на историјата. Мислев дека нашата приказна е завршена, но ќе има последен чин. Време е еден од моите најголеми ривали да застане во мојот агол, тренерот Енди Мареј е добредојден – изјави Новак Ѓоковиќ.

Руте идната недела ќе ги посети Анкара и Атина

Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте се очекува на 25 ноември да ја посети Анкара, а на 26 ноември Атина.

Руте во Анкара ќе се сретне со турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, министерот за надворешни работи Хакан Фидан и министерот за одбрана Јашар Ѓулер. Тој ќе разговара и со претставници на турската одбранбена индустрија, ќе ги посети капацитетите на турската воздухопловна компанија „ТУСАШ“ и ќе положи венец на мавзолејот на Мустафа Кемал Ататурк во Аниткабир во Анкара.

На 26 ноември Руте ќе ја посети Атина, каде ќе се сретне со грчкиот премиер Киријакос Мицотакис, министерот за надворешни работи Јоргос Герапетритис и министерот за одбрана Никос Дендиас, според соопштение од НАТО.

притисни ентер