ВМРО-ДПМНЕ со реакција: Во буџетот предвидено е зголемување на средствата за МВР, одбрана...

Владата на ВМРО-ДПМНЕ работи на враќање на довербата на граѓаните во институции, на подобрување на услугите кои институциите ги даваат на граѓаните, како и на враќање на безбедноста во државата.

И за таа цел, во буџетот за следната година предвидени се зголемени средства за набавка на опрема во сите институции.

За зголемување на јавната безбедност предвидени се околу милијарда денари за вложување во опрема и машини, со цел модернизација и осовременување на капацитетите на МВР.

Значајни инвестиции ќе има и за модернизација на армијата, така што со буџетот за следната година за одбрана се предвидени до 4,5 милијарди денари.

Со цел модернизација, набавка на опрема и подобрување на здравствените услуги за граѓаните, како и условите за работа на медицинскиот кадар со буџетот од 2024 година предвидени се 7.5 милијарди денари. Тоа е зголемување од 25% во споредба со буџетот за здравство за годинава кој го подготви СДС и кој изнесувал 5.9 милијарди денари.

Зголемување од 5% на средствата со буџетот за 2025 година има и во земјоделие, со цел вложување во модернизација на наводнувањето и враќање на достоинството на земјоделецот.

За разлика од ВМРО-ДПМНЕ која што вложува во модернизација, професионализација и осовременување на условите за работа во македонските институции, СДС и ДУИ во своето владеење за службени возила потрошиле повеќе од пет милиони евра.

Очигледно на функционерите од СДС изминатите седум години на власт, најважна им била сопствената комоција, а не и реалните проблеми на обичните луѓе, се наведува во партиската реакција.

Тифа се огласи за здравствената состојба, по гласините дека има мозочен удар и едвај зборува

Познатиот пејач Младен Војичиќ Тифа е бесен поради гласините дека имал мозочен удар.

Тифа реагираше на гласините и објасни какви здравствени проблеми има, пренесе Телеграф.

- За сите душегрижници, не доживеав мозочен удар, ниту ми беше одземена левата страна, ниту пак поради алкохолот веќе трпам страшни болки во рбетот. Истото им го посакувам на сите што пишуваат така – изјавил пејачот.

Тифа, кој е на пат за Виена, огорчено реагираше на сѐ и изјави за Репорт:

- Нека ми се н **** на к****. Сè што ми посакуваат мене, јас им посакувам на нив - бесно рече тој.

Музичката легенда веќе подолго време има проблеми со грбот, но тоа на Тифа не му пречи на кариерата. Редовно настапува на големата славеничка турнеја на „Било дугме“ каде публиката го пречекува со ентузијазам.

Пукотница во Арачиново – го погодиле таткото на лицето што им било цел

Денеска(23.11.2024) во 14.50 часот во СВР Скопје Р.А. пријавил дека во угостителски објект во с. Арачиново од возило во движење Ф.М. пукал кон Д.Р.

Денеска(23.11.2024) во 14.50 часот во СВР Скопје Р.А. пријавил дека во угостителски објект во с. Арачиново од возило во движење Ф.М. пукал кон Д.Р., но го погодил таткото на пријавителот С.А..

На С.А. му е укажана лекарска помош од страна на Итна медицинска помош. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, соопштуваат од МВР.

И Турција има балистичка хиперсонична ракета- „џенк“ ќе има дострел од 1.000 километри (ВИДЕО)

Еден од најнапредните проекти на турската воена индустрија по балистичката ракета Тајфун е развојот на хиперсонична балистичка ракета „Џенк“ со дострел над 1.000 километри.

Оваа прва ракета со среден дострел ја развива Рокетсан, а според информациите од таа компанија, оваа ракета би требало да биде првата хиперсонична ракета произведена во Турција која ќе ја вградува најнапредната технологија, потсетува независниот геополитички магазин Turkish Century на платформата Х .

Компанијата Рокетсан е водечка компанија во областа на развој на балистички ракети, а минатата година ја претстави балистичката ракета „Тајфун“ со дострел поголем од 550 километри, објави Б92. По Тајфун, ракета со краток дострел, Рокетсан сега развива ракета со среден дострел што се очекува да има дострел од над 1.000 километри.

По успешните тестови на моторот, наскоро се очекува и првото пробно лансирање на балистичката ракета „Џенк“ (што на турски значи војна).

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган најави дека турската воена индустрија ќе развие балистичка ракета со среден дострел за време на тестот на Тајфун на 12 мај 2023 година.

Во таа прилика беше истакнато дека „Џенк“ ќе биде една од најнапредните балистички ракети со среден дострел во светот со голема моќ на маневрирање.

притисни ентер