ВЛЕН: ДУИ во тајност организирале враќање на Никола Груевски, а сега молчат

Опиени од 20 години власт и заслепена од арогантно однесување, ДУИ го избра молкот пред вистината. 

Јавноста деновиве дозна шокантни детали за тоа како оваа партија преку свои експоненти како во холивудско филмско сценарио го оркестрирала сензационалното враќање на поранешниот премиер Никола Груевски во Скопје.

Во месецот на албанските празници, кога треба да го славиме нашето единство и достигнувања, избива скандал кој покажува дека оваа партија, која се нарекува албанска партија, тивко работeла за враќање на теророт на државата и на Албанците - Груевски. Овој план не ви успеа, но овој неуспех не треба да ги покрие нивните мрачни намери.

Почитувани

Во шокантните детали за операцијата за враќање на поранешниот премиер Никола Груевски во Македонија, вмешани се група шверцери предводени од претседателот на партијата Али Груевски Ахмети, поранешниот вицепремиер Артан Казиномани Груби и поранешниот министер за надворешни работи Бујар Пациентот. Османи, кој додека беше министер се сретна со Груевски во Будимпешта.

Во Вила Водно имаше средба за враќање на Груевски. На оваа средба што се одржа во март учествуваа Стево Пендаровски, Димитар Ковачевски, Али Ахмети, Бојан Маричиќ, Артан Груби, Бујар Османи.

Али, кој има толкава носталгија за Никола Груевски кој толку многу им нанел зло на Албанците, нагласи дека овој може да се врати на два начина, преку помилување од претседателот и преку „нашите луѓе„ во судовите. Сепак, ова беше најпозитивниот дел од средбата, кој го сними вработен во администрацијата. Колку што траеше средбата, тој успеа да го сними телефонскиот разговор од кабината на преведувачот, а на крајот истата снимка му ја предаде на Блерим Ќосето Беџети.

Ахмети и ДУИ, за да го спроведат својот план за ослободување на Груевски, вршеа силен притисок врз Врховниот суд, но тука наидоа на неволност на претседателката на овој суд, Беса Адеми, против која подоцна беше покрената иницијатива за разрешување како резултат на неслушање на наредбите.

Потсетуваме на јавноста дека тогаш холандскиот амбасадор го посетил Али Груевски во Мала Речица каде го предупредил дека тој и неговата партија треба да се откажат од судовите и да престанат со притисоците.

Потсетуваме и дека измените во кривичниот законик што ги спроведе ДУИ беа донесени за да се активира од Будимпешта.

Почитувани граѓани,

ВЛЕН јавно ги прашува ДУИ и Али Груевски: Зошто сета оваа носталгија за Никола? Што ве спојува? Бевте ли уценети од Блерим Ќосето Беџети, кој ја сними тајната средба во Вила Водно, да ги вратите на сцената заедно со Муса Џафери, поставајќи како носители на листа за пратеници?

Ваквиот пристап на Али Груевски кон Никола и покрај неговата анти-албанска политика не натера да заклучиме дека е лесно да се врати Груевски и да се амнестира затоа што неговите дела веројатно не се само негови, туку во соработка со злото на Албанците ДУИ. ВЛЕН работи, ВЛЕН демаскира, ВЛЕН е надеж за светла иднина!, се наведува во партиското сопоштение

Велјановски: Она што беше во 7 години разрушено, со овој буџет треба да се донесе „мирно море“

Во текот на денешната Комисија за финансирање и буџет од собраниската говорница свое обраќање имаше и пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Велјановски .

Во текот на денешната Комисија за финансирање и буџет од собраниската говорница свое обраќање имаше и пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Велјановски кој укажа на обидот од страна на опозициските пратеници за целосен дефокус од она за што реално треба да се говори, а тоа се амандманите поднесени по Предлог-буџетот за 2025 година.

Во тој контекст, Велјановски најпрво се осврна на самиот Буџетот за 2025 година кој треба да се реализира во идниот период.

„Овој буџет содржи мерки за финансиска консолидација и дисциплинирано даночно трошење и мерки за поттикнување на економскиот раст. Значи, сето она што беше во седум години претходно разрушено, опљачкано, сега треба да се стабилизира, сега овој буџет треба да донесе едно „мирно море“, во кое што ќе може да се говори за унапредување, реформи и за нови инвестиции“, вели Велјановски.

Велјановски, обраќајќи се до пратеникот и поранешен претседател на Уставниот суд, Сали Мурати потсети на фактот дека изминатите седум години општеството не се движеше во правилна насока и дека за тоа е директно одговорна претходната власт, чиј коалиционен партнер бил самиот тој како претставник на турската заедница.

„Не може да се апстрахирате и вие, па и вашите колеги кои долго време беа на власт, дел од нив и 20 години, дека немаат никакво влијание во процесите за правата на сите заедници и сите тие се и виновници за сите фази на дискриминација кои се случувале во текот на овие години. Треба и вие добро да се запрашате со кого стоите во коалиција и со кого стоите рамо до рамо. Зошто вашите колеги- партнери не ги унапредија правата на Турците во овие седум години зошто сега се доведувате во ситуација да бидете најистурен играч на ДУИ, за да ги браните правата?“, концизен е Велјановкси, се наведува во партиското сопштение.

Кузманоска: Придобивките од новиот буџет, како зголемените плати и пензии, ќе ги уживаат сите

Во овој момент имаме Влада која се грижи подеднакво за сите граѓани, без оглед на која заедница припаѓаат. 

Оваа влада нема да прави дискриминација по ниту еден однос, а овој ваш амандман е баш таков дискриминаторски. Немаме ништо против да се вработуваат луѓе од турската заедница, но притоа, мора да се почитува уставот кој не дозволува дискриминација, рече пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ, Биљана Кузманоска на денешната Комисија за финансии и буџет, на амандманската расправа за Предлог-буџетот за 2025 година.

Таа, исто така, наведе дека треба да се почитуваат законските регулативи и правата за вработување на сите луѓе во Македонија подеднакво, сметајќи дека не е во ред амандмански да се бараат нови вработувања на кадри припадници само за една заедница, како што е во случајот за турската заедница.

Кузманоска додаде дека дека сите граѓани во Македонија ќе ги уживаат бенефитите со новиот буџет, како што се зголемените плати, пензии и социјална заштита, без разлика на нивната етничка припадност.

„И Турците се дел од македонското општество и тие ќе ги уживаат бенефитите од борбата против криминалот и парите кои ќе се слеваат од буџетот. Од овој буџет сакам да ги издвојам ставките од Министерството за труд и социјална политика и посебно значајни се планираните зголемувања во социјалната заштита и пензиите, ние имаме пензионери од сите национални припадности и се очекува пораст од 16,6%“, вели Кузманоска, се наведува во партиското соопштение.

СДСМ утре ќе одржи два Конгреса – отчетен и за избор на ново раководство

СДСМ утре во Скопје ќе одржи два Конгреса –  отчетен за причините за катастрофалниот пораз на изборите, кој почна летото, но беше прекинат, како и Конгрес на кој претседателот Венко Филипче ќе предложи избор на ново партиско раководство.. 

Ќе успее ли Венко Филипче утре да ги обедини социјалдемократите и да избере ново раководство со кое партијата ќе застане на здрави политички нозе по историски најтешкиот пораз на парламентарните избори пред 5 месеци?

СДСМ утре во хотелот „Александар Палас“ ќе одржи два конгреса, како што претходно одлучи Централниот одбор на партијата. На едниот ќе изберат ново раководство и ќе ги дефинираат идните политики. Пред овој Конгрес ќе продолжат со отчетниот на кој требаше да се разгледуваат лошите изборни резултати, но беше одложен. Кои се имињата на кандидатите кои ќе го опкружат Филипче во партискиот врв, од СДСМ засега не откриваат.

-На конгресот ќе се изберат членови на највисокото партиско раководство, како и одлуки за новите политики во иднина. За сите детали и сите имиња, јавноста ќе биде известена утре, изјави портпаролката Кузеска.

Конгресот е само почеток на реформите во СДСМ, смета политичкиот аналитичар Петар Арсовски. Според него, прерано е да се прејудицира дали социјалдемократите веднаш ќе успеат да најдат нова приказна, но на Бихаќка, како што оценува, потребни ќе бидат многу работа, сериозни кадровски промени и ребрендирање. Или ќе успеат да се реформираат или нема да имаат изборен успех – оценува Арсовски.

-Конгресот е само почеток на реформите во СДСМ. Дали ќе успеат тие да најдат некаква нова стратегија и да се ребрендираат, тоа времето ќе покаже, но не може то да се очекува од еден Конгрес. Лошиот изборен резултат наговестува дека таму се потребни посериозни кадровски промени, промени на идеологија и промени на пристап кон политика и конгресот може да биде почеток на таквите промени, не може да биде крај. Така што мислам дека е прерано да се прејудицира дали тие на конгресот ќе успеат да најдат нова приказна или не, предизвиците ќе останат за нив, бидејќи се уште е рано во мандатот на новата влада која доби значително мнозинство, допрва предизвите ќе ги гледаме заклучно со локалните избори 2025, изјави Арсовски за Канал 5.

По двата Конгреси се очекува да биде извесно и дали ќе биде продолжен мандатот на Филипче до локалните избори догодина, а кој според актуелниот партиски статут треба да заврши во март 2025.

Утре, според најавите, ќе се формира нов состав на Централниот одбор, кој пак, според статутот, е надлежен да ги избере партиските потпретседатели и генералниот секретар, а новина, како што претходно соопштија од СДСМ, ќе биде изборот на двајца организациски секретари за засилување на оперативната работа на партијата. Останува да се види дали Филипче повторно ќе предложи жена за негов заменик-претседател. Досега на оваа позиција беше пратеничката Сања Лукаревска, а пред неа Радмила Шекеринска.

притисни ентер