Власта и опозицијата и денеска со обвинувања за евроинтегративниот пат на Македонија

Власта и опозицијата и продолжуваат со меѓусебните обвинувања за европскиот пат на земјава, по одлуката на Европската Унија да ги одвои Македонија и Албанија... 

Експресното одбивање на понудената медијација од унгарскиот премиер Виктор Орбан од страна на официјална Софија, според ВМРО-ДПМНЕ е уште еден доказ дека Бугарија не сака решение на спорот меѓу двете земји , туку дека бара начин за негово продалобчување.

„ Тоа е доказ дека Бугарија не бара решение, туку само начин како да го продлабочи јазот и оправдување за неоснованите блокади. Од македонска страна за првпат по седум години имаме партија на власт и влада која ги брани државните интереси, а не како СДС и ДУИ кои не бираа начин да направат штета на истите, само за да можат да прават криминал, велат од ВМРО-ДПМНЕ за Канал 5. “

Официјална Софија уште пред да слушне што нуди унгарскиот премиер ја отфрли неговата понуда за посредшнитво меѓу двете земји со обраложение дека на Бугарија не и требаат посредници во процесот и дека договорот со Македонија бил јасен.

Во меѓувреме продолжуваат и меѓусебните обвинуввања помеѓу двете најголеми партии од власта и опозицијата за раздвојувањето на Македонија од Албанија на патот кон ЕУ. Од ВМРО-ДПМНЕ обвинуваат дека Македонија е одвоена од Албанија поради тоа што СДСМ ја потанале државата во криминал. Од СДСМ возвраќаат дека раздвојувањето на Тирана и Скопје на евроинтегративниот пат е резултат на штетното и недржавничко однесување на ВМРО-ДПМНЕ.

„ Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ се најдиректно одговорни за тоа што веќе немаме европска перпспектива. Сега, после државниот дебакл што и го приредија на земјата, по раздвојувањето на Албанија од Македонија ВМРО-ДПМНЕ се обидува да ги прави граѓаните жртви на своите политички игри, наведуваат од СДСМ.“

Албанија на 15 октомври ќе го отвори првиот кластер од преговорите со ЕУ, со што и официјално се одвојува од Македонија. Ваквата одлука едногалсно ја донесоа амбасадорите на државите членки на ЕУ на 25 септември. Премиерот Мицкоски одлуката на Брисел ја оцени како многу погрешна порака кон македонските грааѓани, но и покрај тоа проача дека Македонија не се откажува од евроинтеграциите и дека Владата и понатаму ќе остане посветена на внатрешните реформи.

Србин и Хрват му го однеле цел инвентар од ресторанот на Словенец- не им давал плата

Целиот кујнски инвентар дуо од Хрватска и Србија го украле од 17 до 19 септември од ресторан во областа Бртонигла, извести истарската полиција.

Одзеле фрижидер, машина, рерна за пица, скара, машина за мраз, тезга за сервирање, разни кујнски апарати, како и столици, маси и клупи. Украле и сеф, падобран и други предмети, со што на 55-годишен словенечки државјанин му нанеле штета од над 100.000 евра.

Станува збор за 67-годишен загрепчанец и 39-годишен државјанин на Србија кои полицијата на Умаг ги сомничи дека сториле кривично дело кражба. Двајцата се уапсени во петокот, а се сомнева дека од 17 до 19 септември го украле целиот кујнски инвентар од ресторан во месноста Бртонигла.

По завршувањето на кривичната истрага, 67-годишниот маж вчера е приведен во притворското одделение на Полициската управа на Истра, а против српскиот државјанин е поднесена кривична пријава во редовна постапка.

Неофицијално се дознава дека се работи за поранешни работници на тој угостителски објект, на кои сопственикот не им исплатил плата, па тие го ограбиле.

Овој случај се поврзува со оној од пред 12 дена кога полицијата на Умаг заврши кривична истрага против 55-годишен словенечки државјанин и утврди сомнение дека сторил кривично дело неисплата на плата и повреда на правата од социјално осигурување.

Се сомничи дека од 1 јули до 15 септември не исплатил плати, ниту подмирил придонеси од пензиско и здравствено осигурување, при што за неколку илјади евра оштетил три работнички на возраст од 21, 22 и 34 години. Против словенечкиот државјанин во редовна постапка е поднесена кривична пријава до надлежното државно обвинителство, објави Индекс.

Израел го нападна Јемен- на удар се електраните и пристаништата

Израелската војска објави соопштение за нападот на Јемен.

Во соопштението објавено на X, војската вели дека „во голема воздушна операција денес, десетици авиони на воздухопловните сили, вклучувајќи борбени авиони, авиони за полнење гориво и разузнавачки авиони нападнаа воени цели на терористичкиот режим Хути во областите на Рас Иса и Ходеида во Јемен.“, пренесе Би-Би-Си.

„ИДФ ги нападна електраните и морското пристаниште, кои се користат за увоз на нафта.“

Израелските одбранбени сили (ИДФ) соопштија дека ја нападнале инфраструктурата и пристаништата во Јемен за кои тврдат дека се користат за транспорт на иранско оружје во регионот.

Нападот е одговор на „неодамнешните напади“ на Хутите против Израел, соопшти ИДФ. Хутите ја презедоа заслугата за пресретнатиот проектил истрелан во централен Израел во петокот.

Сè уште не се знае колкава е штетата од нападите во Јемен.

Над 3.000 луѓе веќе платиле капар за првиот летечки автомобил, производството почнува наскоро

Компанија од Калифорнија најави дека наскоро ќе започне со производство на првиот летечки автомобил.

Alef Aeronautics го претстави летечкиот автомобил Alef Model A претходно оваа година, што предизвика огромен интерес. Сега објавија дека досега добиле над 3.200 нарачки за овој модел кој има почетна цена од околу 300.000 долари.

PUCARA Aero и MYC со искуство во производство на воздушни делови за Boeing и Airbus започнаа заедничко вложување и потпишаа договор за производство на делови за Alef. Првите примероци на овој летечки автомобил треба да бидат произведени до крајот на следната година.

Калифорниската компанија поддржана од Space X на Маск го претстави својот прв автомобил на почетокот на оваа година - Model A. Тоа е двосед кој во режим на пат функционира како електричен автомобил опремен со четири електрични мотори.

Во подот под телото на саќето има осум пропелери. Во режимот на лебдење, кабината се ротира за 90 степени, така што предниот и задниот дел на возилото делуваат како крило. Според најавите на производителот, автомобилот треба да може да помине до 320 километри на пат и до 180 километри во воздух.

Да потсетиме, минатата година Федералната управа за авијација му додели на Алеф специјален сертификат за воздухопловство и му дозволи да лета за ограничени цели. Одделно, Алеф работи на автомобил со четири седишта, Model Z, кој треба да биде лансиран до 2035 година по цена од само 35.000 долари.

притисни ентер