Викендов стапува на сила законот за нефер трговски практики

Стапува на сила Законот за нефер трговски практики во синџирот на снабдување на земјоделски и прехранбени производи. 

Утре е крајниот рок до кога трговците и добавувачите треба да склучат нови договори за снабдување на производите на кои рабатот и дополнителните трошоци ќе бидат ограничен на 10%. Со овој закон ќе бидат опфатени 2.500 производи на кои профитната маржа не смее да им биде поголема од 10 отсто.

Со законот, покрај ограничен рабат, трговците нема да смеат да наплаќаат дополнителни трошоци за маркетинг, репрезентација, како и за истакување одреден производ на полица. Во пракса, тоа ќе значи дека маркетите ќе треба да стават нови цени на сите продукти од листата.

За министерот за економија Бесар Дурмиши станува збор за долгорочна мерка, која треба да стави ред во хаосот со цените, а првичните ефекти граѓаните ќе ги забележат кон крајот на октомври.

„Сакам да потенцирам дека овој закон не ја регулира трговската маржа, туку ги забранува дополнителните трошоци (надоместоци) кои добавувачите морале да ги плаќаат за нивните производи да се продаваат од купувачите. Со примена на овој закон очекуваме резултати на долг рок и намалување на цените на овие производи на листата од најмногу 10%, односно првите резултати со намалени цени ги очекуваме до крајот на октомври кога очекуваме дека ќе се потрошат залихите од претходните договори и ќе почнат да се продаваат производите согласно новите договори. - Бесар Дурмиши- министер за економија

Контролата за примена на овој Закон ја врши Комисијата за заштита од конкуренција. Највисоките казни достигнуваат до 20.000 евра за голем трговец и од 350 до 500 евра за одговорното лице во правниот субјект.

-Во координација Комисијата за заштита од конкуренција во наредните три месеци, односно до крајот на годината за да излеземе во пресрет на сите засегнати страни, доколку се утврди дека при склучување на новите договори не се испочитувани одредбите на Законот ќе има опомени, односно нема да се преоѓа веднаш на казнување. Односно во следниот период од 3 месеци односно до крај на 2024 година, ќе се соработува со компаниите за да утврди дали се правилно склучени договорите односно дали се опфатени соодветно одредбите од законот. Од 2025 година ќе се вршат редовни контроли од Комисијата за заштита на конкуренцијата.- Бесар Дурмиши- министер за економија

Законот беше доносен на 20 март во соработка со сите засегнати страни, трговците, производителите и дистрибитерите. Нема да има одложување на неговата примена. трговците и добавувачите имаа рок од шест месеци да ги усогласат договорите, односно да склучат нови договори, не подоцна од 27 септември.

Демант на објавен лажен оглас за продажба на Канал 5 ТВ

Во денешниот број на весникот “Слободен Печат” се појави лажен оглас за продажба на нашата телевизија…

Во огласот , кој за жал не беше проверен од колегите од “Слободен Печат” , одредено лице со лажно претставување како сопственик на Канал 5 ТВ , ја доведе во заблуда јавноста и ни направи сериозна штета.

Поради овој непромислен потег на тоа лице, нашата компанија ќе поднесе кривична пријава до ЈО Скопје со цел спречување на евентуални дополнителни кривично правни настани.

Во Скопје, 27.09.2024

Канал 5 Телевизија

Невреме во Флорида: Маж во кајак се вози низ дневната соба (ВИДЕО)

Ураганот Хелена, од четврта категорија, еден од најсилните во овој век, ја погоди Флорида, а засега се знае дека има шестмина загинати.

Со оглед на тоа што водата навлегла во многу домови и ги остави жителите без место за живеење, некои граѓани мораа да бидат снаодливи.

Имено, жител на Флорида за Си-Ен-Ен изјави дека сметал дека невремето нема да биде сериозно. Така барем му изгледало на почетокот...

„Бурата започна прилично бавно, но бидејќи живеам во близина на вода, одеднаш почна да се крева и водата влегуваше“, рече Хелер.

Тој на социјалните мрежи сподели видео на кое се движи низ дневната соба на виолетов кајак, додека околу него лебдат растенија и мебел.

@mattfromhornblasters.com

Hurricane Helen Tampa Florida Matt Heller from Hornblasters.com house flooding

♬ Storm Coming - Once Monsters

"Тоа беше мојот план ако работите тргнат наопаку. Имаме два кајака. Не очекував дека ќе ми требаат во дневната соба", додаде тој.

Тој додаде дека во минатото имал поплави дома, но дека ова е најголемата досега.

Подоцна, тој дури се пошегува дека е типичен човек од Флорида кој издржал многу бури во текот на својот живот.

@mattfromhornblasters.com #LIVEhighlights #TikTokLIVE #LIVE ♬ original sound - Matthew Heller

Застрелан е поранешен репрезентативец на Турција- снимката е како од мафијашки филм (ВИДЕО)

Поранешниот фудбалер на Фенербахче и поранешен турски репрезентативец, Серхат Акин, кој сега работи како коментатор на турската телевизија, е застрелан во Истанбул по натпреварот Фенербахче – Ројал Јунион, откако ја напушти зградата на телевизијата.

Самиот Аткин објави фотографија од крваво стапало, каде ја откри шокантната информација дека маскирани напаѓачи пукале во него.

Турските медиуми објавија и снимки од безбедносните камери, на кои може да се види како пукаат во Аткин.

Напаѓачот му пришол додека Аткин се приближувал кон автомобилот во придружба на друг маж.Потоа извадил пиштол и пукал, по што очигледно го погодил поранешниот фудбалер во стапалото.

Тој и неговиот пријател веднаш се сокриле зад автомобилот, а кога виделе дека напаѓачот побегнал, дошле да му помогнат на ранетиот Аткин.

притисни ентер