Видео: Два нови рекорди за електричен автомобил од Јапонија- побрз е и од Невера

Помоќниот, поскап и побрз електричен суперавтомобил ги воодушеви ентузијастите за автомобили.

Во 2019 година, јапонскиот производител најави дека може да достигне 60 mph (96 km/h) за помалку од постигнатите 1,72 секунди, па дури и за помалку од 1,7 секунди.

Во меѓувреме, многу работи се променија, а по премиерата во Дубаи, автомобилот сега пристигна и во Велика Британија. На „островот“ успеа да собори два рекорда, можеби малку необични, но многу импресивни.

Тоа е забрзување од четвртина милја, а добрите познавачи на улични трки знаат дека достигнувањето максимална брзина од 200 km/h звучи импресивно во таа временска рамка.

Така, јапонскиот „Aspark Owl“ поминува четвртина милја (402 m) со просечна брзина од 322 km/h. Точно, просечна брзина. А обидеот на овој автомобил да помине само една осмина од милја, заврши со подеднакво импресивен просек од 309 km/h.

Сега сфаќате колку малку е потребно за овој автомобил да достигне максимална брзина од 400 km/h. Иако Римац со Невер собори 23 рекорди, а „Aspark“ „само“ два, овие имаат посебна тежина – потврди Гинис.

За потсетување, „Aspark Owl“ има четири електромотори, со 2012 КС и 2000 Nm. И додека е ривал на Невера во однос на моќноста, батеријата е речиси двојно помала со капацитет од 64 kWh. Според „NEDC“, има домет од 450 километри.

Планирано е да се произведат само 50 примероци, а почетната цена е 2,9 милиони евра.

Раст од 3,1% на извозот, пад од 10,7% на увозот во првите четири месеци од годинава

Вкупната вредност на извозот на стоки од државава во периодот јануари - април 2023 година изнесува 3 005 376 000 долари и бележи пораст од 3,1 процент во однос на истиот период од претходната година, објави денеска Државниот завод за статистика.

Вредноста на увeзената стока, во истиот период, изнесува 3 899 163 000 долари, што е за 10,7 проценти помалку во споредба со истиот период од претходната година.

Трговскиот дефицит, во периодот јануари − април 2023 година, изнесува 893 786 000 долари.

Трговската размена по производи покажува дека во извозот најголемо е учеството на катализаторите на носачи со благородни метали или нивни соединенија, сетовите на проводници за палење и слично, за возила, авиони или бродови, електричната енергија и плоснатоваланите производи од железо или нелегиран челик, неплатинирани или необложени.

Во увозот, пак, најмногу се застапени нафтените масла и маслата добиени од битуменозни минерали (освен сурови), другите метали од платинската група и нивни легури, необработени или во облик на прав, платината и легурите на платина, необработени или во прав и благородни метали во колоидна состојба; соединенија, органски или неоргански, од благородни метали, хемиски дефинирани или недефинирани; амалгами од благородни метали.

Во периодот јануари − април годинава, според вкупниот обем на надворешнотрговската размена, најмногу сме тргувале со Германија, Велика Британија, Грција, Србија и Бугарија.

Источниот дел на САД зафатен од смог и влошен квалитет на воздухот од шумските пожари во Канада

Милиони луѓе од источниот дел на САД од синоќа се соочуваат со смог и загаден воздух од џадот предизвикан од шумските пожари во источна Канада, јавуваат дел од американските медиуми. 

Препораки за квалитетот на воздухот стапија во сила синоќа во неколку региони на државата Њујорк. Училиштата во градот Њујорк вчера попладне објавија дека во среда се прекинати сите надворешни активности поради влошениот квалитет на воздухот.

Смогот доаѓа од раширените шумски пожари во канадските провинции Квебек и Нова Шкотска, каде пожарникарските служби се борат за нивно санирање.

Според мерењата на IQAir, швајцарска фирма за мониторнг, Њујорк ноќеска бил на второ место по влошен квалитет на воздухот во светот, додека Детроит бил на трето место.

Градоначалникот на Њујорк, Ерик Адамс, со совет на Твитер до сите кои имаат проблеми со дишењето порача луѓето да се обидат да ги ограничат „излегувањата надвор, освен ако е најнеопходно“.

Џадот од пожарите во Канада дојде и до централниот Запад на САД, од долината Охајо па сѐ до двете Каролини на југот од земјата. Препораки за лошиот квалитет на воздухот од вчера има во југоисточна Минесота, делови од горниот дел на полуостровот на Мичиген, како и во повеќе од 60 окрузи во Висконсин.

- Џадот и замагленоста од шумските пожари во источна Канада ќе продолжат во регионот и вечерва, се вели во пораките на временските прогнозери од Националнитa метереолошка служба на САД. /МИА

Здравствените работници од Геријатрија најавија дводневен протест

Независниот синдикат на ЈЗУ Специјализирана болница за геријатриска и палијативна медицина најави дводневен протест в петок и сабота, по повод незадоволството од платите и вработувањата.

Претседателот на Независниот синдикат на геријатрија на денешната прес-конференција најави дека ќе бараат порамнување на платите и потпишување нови договори.

Костовски нагласи дека протестот не би се одржал доколку Министерството за финансии, како што вели тој, имало слух за нивните потреби.

Протестот за Град Скопје ќе се одржи в петок, а за цела држава во сабота со почеток од 11 часот, и ќе започне од МРТ спрема Црвен крст, па се до Собранието на Северна Македонија и Министерство за правда, и ќе заврши пред Владата каде што работниците ќе го изразат своето незадоволство.

притисни ентер