Столтенберг рече дека нападите претставуваат „јасна порака“ за сирискиот претседател Башар ал-Асад и Иран дека употребата на хемиско оружје не е прифатлива и оти сојузниците нема да стојат на страна и немо да набљудуваат.

Генералниот секретар на НАТО денеска престојува во посета на Турција на средби со претседателот Реџеп Таип Ердоган, со шефот на дипломатијата Мевљут Чавушоглу, и со министерот за одбрана Нуретин Џаникли.

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров, во меѓувреме, изјави дека во Сирија не било употребено хемиско оружје и дека Москва не интервенирала на местото каде што се случил наводниот хемиски напад.

Датум на објава: понеделник, 16 април 2018 во 15:14
Гоце Герасимовски

коментари

остави коментар