Шотвел изјавила дека компанијата не планира да се ограничи на лансирање на ракети за Марс, Сатурн или Плутон, туку сака да биде прва која тоа ќе го направи и во другите галаксии.

Спејс Екс исто така се надева дека ќе стапи во контакт со “некоја цивилизација која се наоѓа таму“, алудирајќи на вонземјаните.

Илон Маск, директорот на Спејс Екс и Тесла, кој минатиот месец лансираше автомобил во вселената, изјави дека Спејс Екс може да патува надвор од Марс до далечни планети на Сончевиот систем со помош на планетарни “станици“ кои би можеле да овозможат патување со до Плутон.

Но, Шотвел изјави дека компанијата е подготвена да патува и во други галаксии и оти нејзината крајна цел е пронаоѓање на облик на живот во други галаксии.

Маск изјавил дека вселенските бродови на Спејс Екс ќе полетаат на соседната планета уште во 2022 година и оти првите луѓе таму ќе бидат испратени најдоцна до 2024 година.

Сепак, Шотвел тој период го продолжи на десет години и додаде дека целта на истражувањето на Марс не е само да се создадат услови за можно преселување на човештвото доколку биде тоа потребно, туку да се отвори пат кон истражување на нови галаксии.

„Доколку и се случи нешто на Земјата, ќе мораме да ги преселиме луѓето на друго место“ – изјавила таа.

„Мислам дека би требало да се пронајдат повеќе алтернативни планети за да можеме да преживееме, а ова е една од нив. Марс е во ред, но е половно решение“ – објаснила таа.

Со просечна температура на површината од минус 62 степени целзиусови и остри ветрови, условите би биле многу тешки за луѓето.

Но пред заминувањето, најголемото прашање ќе биде како луѓето ќе го преживеат патувањето кое веројатно ќе трае повеќе од 80 дена, пишува „Бизнис инсајдер“.

Датум на објава: понеделник, 16 април 2018 во 12:09
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар