Австриската пејачка изјавила дека била принудена да ја открие дијагнозата затоа што била уценувана од поранешното момче.

Дваесет и деветгодишната Кончита информацијата дека е ХИВ позитивна ја сподели на Инстаграм.

„ХИВ позитивна сум со години. Тоа всушност е ирелевантно за јавноста, но поранешното момче ми се закануваше дека ќе ја објави таа лична информација, а јас никому нема да дозволам да ме плаши или да влијае на мојот живот заради тоа“– напиша Вурст.

Таа изразила надеж дека ова ќе биде уште еден чекор против стигматизација на луѓето кои заради сопственото или однесувањето на другите се заразиле со ХИВ.

Како што тврди за нејзината состојба знаеле и пријателите кои ја поддржале. Вурст истакнува дека оваа информација е важна само за луѓето со кои имала сексуално односи.

Датум на објава: понеделник, 16 април 2018 во 11:59
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар