Инспирација за уметникот од Австрија е манастирот од 9 век „Св. Наум“ во чии конаци тој престојувал неколку години во летните месеци.

-  Неговите дела создадени за тоа време и на тој простор се културно-цивилизациски континуитет, со несомнен придонес во градењето на европската ризница на културни вредности, соопшти Музеј на Град Скопје, кој првпат годинава се придружува во одбележувањето на Светскиот ден на уметноста кое го организираат Општина Центар и Асоцијацијата за култура ИКОН.

Светскиот ден на уметноста се одбележува на 15 април, денот кога е роден ренесансниот уметник Леонардо да Винчи. /МИА


коментари

остави коментар