Танини од чајот дополнително додава топол тон и ги извлекува природните бои од дрвото. Доколку сметате дека на вашите подови им треба малку освежување, само земете неколку кесички црн чај.
Тој ќе ги исчисти, ќе ги направи посјајни, и ќе спречи развој на бактерии на вашите подови. Покрај тоа, се е сосем природно, па нема да морате да вдишувате штетни хемикалии од различни средства за чистење.
Во два литри вода која врие додајте осум кесички црн чај и оставете да стои 10 до 15 минути. Ова е мешавина за потемни подови, доколку вашите се посветли, ставете помалку кесички од 4 до 6.
Кога добиениот чај ќе се олади, земете крпа, која ќе ја намокрите со чајот, па пробајте прво на мал дел од подот. Водете сметка крпата да не биде премногу влажна, а подовите претходно би требало да бидат чисти, пред да тргнете со овој трик. Користете само црн чај за оваа намена и вашите подови ќе блескаат како никогаш претходно.

Датум на објава: недела, 15 април 2018 во 17:12
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар