Бонус рецепт:
Направате сами гумен бонбони готови за 10 минути.
Во сад за готвење сипете половина чаша ладна вода, две супени лажици (20 грама) желатин и 85 грама желатин во боја со арома.
Гответе околу пет до десет минути на среден оган внимавајќи желатинот да не почне да врие.

За целото време мешајте, а потоа исклучете го оганот и сипете го желатинот во тегла за да се разлади. Отстранете ја пената.
Во силиконска модла со облик на мечиња (или било каков друг облик по ваша желба) сипете го желатинот, а потоа ставете ја модлата во замрзнувач и оставете ја 15-тина минути. И вашите гумени бомбони се веќе подготвени!
Ако сакате, во мешавината може да додадете и една мала лажичка сок од лимон.

Датум на објава: понеделник, 09 април 2018 во 13:27
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар