Утре претпладне сончево, од пладневните часови нестабилно

Утре претпладне, времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност, а од пладневните часови нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер. 

На места ќе има поинтензивна нестабилност во форма на невреме со изолирана појава на град. Минималната температура ќе биде во интервал од 8 до 15, а максималната ќе достигне од 20 до 27 степени.

Во Скопје претпладне сончево со мала до умерена облачност, попладне во делови од котлината ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 13, а максималната ќе достигне 26 степени.

Продолжува периодот на променливо облачно и топло време, во попладневните часови нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер. На места процесите ќе бидат во форма на краткотрајно невреме со поинтензивен дожд, силен ветер и изолирана појава на град.

Реал и Баерн заинтересирани за Хаверц, Челзи бара 75 милиони фунти

Челзи бара за Каи Хаверц 75 милиони фунти. Дваесет и тригодишниот Германец веќе им соопштил на „Сините“ дека би сакал да го напушти клубот и најверојатно нема да го продолжи договорот, кој е со важност до јуни 2025 година.

Според „Гардијан“, за Хаверц се заинтересирани Реал Мадрид и Баерн Минхен.

На 35 натпревари во Премиер лигата сезоната 2022/23, фудбалерот од средниот ред постигна седум голови и една асистенција.

Репрезентацијата на Бразил за прв пат ќе игра во црна опрема во знак на протест против расизмот

Фудбалската репрезентацијата на Бразил за прв пат во својата историја ќе игра во црни дресови, објави „Globo“.

Фудбалерите ќе излезат на терен во црни дресови со златни броеви на пријателскиот натпревар против Гвинеја. Така, играчите ќе протестираат против манифестациите на расизам, од кои една од жртвите беше нивниот член Винисиус Жуниор.

Според „Глобо“, по првото полувреме играчите ќе ги променат црните дресови во традиционалните со боите на националното знаме.

Натпреварот на Бразил против Гвинеја ќе се одигра на 17 јуни во Барселона. А на 20 јуни Бразилците ќе играат со селекцијата на Сенегал во Лисабон.

За време на натпреварот од 35. коло на шампионатот на Шпанија против Валенсија, напаѓачот на Реал Мадрид, Винисиус, постојано беше изложен на расистички навреди од противничките навивачи. Поради ова средбата беше прекината во второто полувреме. По натпреварот Бразилецот ја критикуваше Ла Лига за расизам, а Реал Мадрид поднесе жалба до обвинителството во врска со навредите на нивниот играч. На 23 мај тројца навивачи на Валенсија беа уапсени за инцидентот, а Валенсија им изрече доживотна суспензија на нејзините домашни натпревари. /МИА

Таравари: Гордо можам да кажам дека сега земјава се движи напред

Пред 100 дена земјава беше парализирана, а неспорно е дека сега е во многу подобра состојба отколку пред 100 дена. 

Гордо можам да кажам дека се движи напред, истакна лидерот на Алијанса за Албанците, Арбен Таравари во обраќањето по повод 100 дена од влезот на партијата во Владата.

-Постојано барам од секој функционер на Алијанса за Албанците резултати и нулта толеранција на корупцијата. Уште од почетокот на нашето управување со Министерството за правда презедовме низа активности за да ја зголемиме довербата на граѓаните во судството,.... Преку Министерството за информатичко општество и администрација ќе формираме една точка на која ќе се нудат 182 електронски услуги на едно место,... Откао управуваме со Министерството за здравство за 3.000 денари ги зголемивме платите на сите здравствени работници, а за 162 отсто го зголемивме надоместокот за дежурство, рече Таравари.

Посочи дека имало многу ветувања за евроинтеграциите на земјава, но многу и се лажело.

-Од нас се очекува што поскор да ги направиме уставните измени за да се интегрираме. Но, ситуацијата е променета со интервенцијата на Русија во Украина и пројавувањето на проруски ставови во соседството. Можно е и кај нас да преовладаат проруските ставови. Европа е нашиот единствен дом, но не чека на нас. Затоа нашата демократија мора да ги надмине предизвиците и да не дозволи да не блокираат противниците на западот, рече Таравари.

Порача дека во иднина наместо на темите кои не разделуваат треба да се фокусираме на оние кои не обединуваат.

-Такво е и нашето барање за албанскиот јазик во Уставот. Очекуваме тоа да биде едногласно поддржано, потенцира Таравари.

Истакна дека сите одлуки на политичарите во земјава треба да се носат имајќи ги во предвид потребите и барањата на младите затоа што, како што рече, тие се нашата иднина.

-Ако како политичари продолжиме да размислуваме само за идните избори ќе бидеме одговорни за егзодусот на младите. Време е да се однесуваме како државници, порача Таравари.

Прашан за очекувањата за процесот на уставните измени во Собранието рече дека очекува да има 80 пратеници кои ќе ги поддржат измените и додаде дека имаат контакти со сите партии, но не со некои поедини пратеници од ВМРО-ДПМНЕ.

-Ако не се донесат уставните измени и се дозволи Албанија да се одвои и сама да ги продолжи преговорите ќе влеземе во изолација како во 2008 година, а потоа ќе треба да направиме потешки отстапки за да го продолжиме евроинтегративниот процес, како што беше со името за да влеземе во НАТО, истакна Таравари.

притисни ентер