Трипуновски: Сè уште не е утврдена производната цена за оризот

Производната цена на оризовата арпа, што претставува основа за формирање на откупната цена, сè уште не е утврдена, информираше министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски.

Производната цена на оризовата арпа, што претставува основа за формирање на откупната цена, сè уште не е утврдена, информираше министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски, при денешната посета на традиционалното рачно зажнејување во рамки на манифестацијата „Денови на кочанскиот ориз“.

Нагласи дека за да им помогне на оризопроизводителите при пласманот, државата ќе откупи дел од овогодишното производство за потребите на стоковите резерви.

- Производна цена од оваа реколта не сме утврдиле. Со заклучок на Влада е задолжена Агенцијата за стокови резерви да ги измени сите правилници, уредби и програми и да се превидат средства за 2025 година, кадешто оризот, согласно Законот за стокови резерви, ќе се откупува за чување за потребите на државата. Првичните информации се дека ќе имаме зголемен род и богата жетва, согласно на тоа и квалитетот ќе биде добар, односно рандманот ќе биде висок во однос на претходните години, истакна Трипуновски.

Во врска со поплаките од земјоделците дека поради увоз на бел ориз на залиха имаат околу пет илјади тона оризова арпа од минатогодишното производство, министерот нагласи дека не се работи за големи количини што можат да влијаат за намалување на откупните цени.

- Согласно информациите што ги добив од Државниот земоделски инспекторат нема сериозна количина увезен ориз, онаа количина што е во минимални рамки ја контролираме согласно квалитетот и безбедноста што треба да бидат запазени. Наша цел е кај оризот, но и кај сите останати култури, да работиме да го заштитиме домашното производство. Преостанатите залихи од минатата година се многу помали, во разговор со компаниите тие почнуваат да го откупуваат, а ние работиме земјоделците да имаат откупена количина ориз по рентабилна цена што ќе значи стимул за да се произведува во наредниот период, додаде министерот Трипуновски.

Во претстојниот период Министерството за земјоделство ќе следи како се одвива откупот на оризот и дали компаниите ги почитуваат сите законски норми, за да нема злоупотреба и манипулација на трудот на земјоделците.

Министерот Трипуновски нагласи дека со измена на Програмата за водостопанство се обезбедени финансиски средства за набавка на резервни делови за механизацијата што во текот на зимскиот период ќе работи на подготовка на каналската мрежа за наводнување во новата производна сезона. Во АД Водостопанство се подготвуваат одредени структурни реформи за да се зголеми неговата функционалност, затоа што имало партизирање со превработувања, не се инвестирало во системите за наводнување, а фокус бил ставан на непродуктивни трошоци.

УХМР за денеска најавува дожд, силен ветер и драстичен пад на температурите

Силен ветер попладнево го зафати Скопје и североистокот на државата... 

Од Управата за хидрометеоролошки работи, пак покрај тоа, најавуваат дождови и драстичен пад на температурите...

Спасовски очекува ДУИ да стане дел од Владата

Нема да ме изненади во наредниот период ДУИ да стане дел од Владата, вели координаторот на пратеничката група на СДСМ Оливер Спасовски... 

ДУИ и помага на ВМРО-ДПМНЕ, нивната коалиција е поставена на многу добри односи, вели координаторот на пратеничката група на СДСМ Оливер Спасовски. Во интервју за Радио слободна Европа тој тврди дека нема да е изненаден интегративците наскоро да влезат и во Владата. Според него поврзаноста на двете партии се забележува во нивните потези во Собранието, а како пример ја наведува поддршката на ДУИ за Законот за органзација на органите на државната управа и Законот за локална самоуправа.

На тврдењата на Спасовски од ВМРО ДПМНЕ одговорија дека ДУИ според нив ќе остатане во опозиција заедно со СДСМ.

Во меѓувреме од Коалицијата „ВРЕДИ“ во Македонската филхармонија одбележаа 100 дена од учеството во Владата. Во изјава за медиумите вицепремиерот Изет Меџити кажа дека во изминатиот период тие се соочувале со како што вели дестриктувна опозицја која секојдневно критикувала без аргументи со цел дестабилизација и дефокус за да се спасат од одговорност. Но и покрај нападите од опозицијата тој вели дека изминаитите три месеци работеле во интерес на граѓаните.

„ Во овие сто дена имаше ротација на политичката власт, но интензивно се работи на спорните предмети со кои после веќе се бават судстовото и обвинителството и оставаме тие да го кажат последниот збор, зошто ние не сме за реваншизам ниту за моноетнички ниту за попоулистички политики. Туку тие штои го згрешиле законот треба да одгоовараат. И сите овие обиди за дестабилизација и дефокус се само обид да се спасат од одговорноста која ги чека.“

Во меѓувреме од ДУИ излегоа со соопштение во кое велат дека во изминатите 100 дена од ВРЕДИ, предизвикале непријателства со соседите и ја одалечиле земјава од интеграцијата во Европската унија.

Власта и опозицијата и денеска со обвинувања за евроинтегративниот пат на Македонија

Власта и опозицијата и продолжуваат со меѓусебните обвинувања за европскиот пат на земјава, по одлуката на Европската Унија да ги одвои Македонија и Албанија... 

Експресното одбивање на понудената медијација од унгарскиот премиер Виктор Орбан од страна на официјална Софија, според ВМРО-ДПМНЕ е уште еден доказ дека Бугарија не сака решение на спорот меѓу двете земји , туку дека бара начин за негово продалобчување.

„ Тоа е доказ дека Бугарија не бара решение, туку само начин како да го продлабочи јазот и оправдување за неоснованите блокади. Од македонска страна за првпат по седум години имаме партија на власт и влада која ги брани државните интереси, а не како СДС и ДУИ кои не бираа начин да направат штета на истите, само за да можат да прават криминал, велат од ВМРО-ДПМНЕ за Канал 5. “

Официјална Софија уште пред да слушне што нуди унгарскиот премиер ја отфрли неговата понуда за посредшнитво меѓу двете земји со обраложение дека на Бугарија не и требаат посредници во процесот и дека договорот со Македонија бил јасен.

Во меѓувреме продолжуваат и меѓусебните обвинуввања помеѓу двете најголеми партии од власта и опозицијата за раздвојувањето на Македонија од Албанија на патот кон ЕУ. Од ВМРО-ДПМНЕ обвинуваат дека Македонија е одвоена од Албанија поради тоа што СДСМ ја потанале државата во криминал. Од СДСМ возвраќаат дека раздвојувањето на Тирана и Скопје на евроинтегративниот пат е резултат на штетното и недржавничко однесување на ВМРО-ДПМНЕ.

„ Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ се најдиректно одговорни за тоа што веќе немаме европска перпспектива. Сега, после државниот дебакл што и го приредија на земјата, по раздвојувањето на Албанија од Македонија ВМРО-ДПМНЕ се обидува да ги прави граѓаните жртви на своите политички игри, наведуваат од СДСМ.“

Албанија на 15 октомври ќе го отвори првиот кластер од преговорите со ЕУ, со што и официјално се одвојува од Македонија. Ваквата одлука едногалсно ја донесоа амбасадорите на државите членки на ЕУ на 25 септември. Премиерот Мицкоски одлуката на Брисел ја оцени како многу погрешна порака кон македонските грааѓани, но и покрај тоа проача дека Македонија не се откажува од евроинтеграциите и дека Владата и понатаму ќе остане посветена на внатрешните реформи.

притисни ентер